Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ во рамки на проектот „Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански Извори “ финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, објавува повик за ангажирање на експерт/и за подготовка на истражување за состојбата на питомиот костен во Споменикот на природа Вевчански Извори.

Цел на истражувањето

Со истражувањето треба да се обезбеди преглед на постоечката состојба  на костеновата популација во заштитеното подрачје Споменик на природа Вевчански Извори, преку анализа на теренски и лабораториски резултати.

Покрај документирање на постоечката состојба, врз база на идентификуваните закани и ризици, истражувањето треба да содржи препораки и мерки за надминување на состојбите кои би користеле во идното успешно управување со популацијата на питом костен во заштитеното подрачје, во насока на негова трајна заштита.

Квалификации на кандидатите

Сите експерти (поединечни или како дел од експертските тимови) треба да ги исполнуваат следниве квалификации:

  • Научно искуство од најмалку 10 години во областа која е предмет на овој повик,
  • Биографија/Портфолио со најмалку 3 (претходно) изработени анализи и/или трудови/активности во бараната област,
  • Развиени истражувачки способности.
  • Солидни капацитети за писмено елаборирање на наодите и формулирање препораки насочени кон Управителот со заштитеното подрачје.
  • Способност да изготви видео материјал за промоција на наодите од истражувањето

Услови на повикот

На повикот може да аплицираат поединечни експерти и/или тимови на експерти. Заинтересираните кандидати или тимови, кои ги исполнуваат условите, документите треба да ги достават во електронска верзија на е-пошта до [email protected] со назнака „Пријава за изработка на истражување за состојбата на питом костен во СП Вевчански Извори“.

Начин на пријавување

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите треба да достават:

  • Понуда за изработка на истражување
  • Биографија (CV) со информација за најмалку 3 претходни изработени извештаи или трудови од оваа проблематика за секој кандидат кој ќе учествува во изработка на истражувањето, односно секој член на тимот, да има проектно искуство
  • Финансиска понуда со преглед на трошоци по ставки

За сите прашања, контактирајте не на  [email protected], најдоцна до 23.04.2024 година. Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и доставени до сите поканети понудувачи и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот.

Доставените материјали остануваат во архивата на Еко-свест.

Пoнудите кои ќе пристигнат по наведениот рок или без целосна документација, нема да бидат разгледувани.

Рокови и временска рамка

Повикот е отворен до 25.04.2024 година.

Периодот за изработка на извештајот е 6 месеци од склучување на договорот.

Критериум за избор на најсоодветна понуда

По истекот на рокот за пријавување, ќе се креира Комисија од 3 члена, која ќе изврши бодување на пристигнатите понуди.

Кандидатите за секоја тематска област ќе бидат оценувани според следните критериуми:

1. Портфолио на кандидатот (60 бодови);

2. Финансиска понуда (40 бодови).

Вкупно 100 бодови.

Еко-свест ќе ги контактира избраните понудувачи, не подоцна од 7 дена од истекот на периодот за доставување на понуда

Договор ќе биде склучен со кандидатите кои освоиле најголем број бодови во сооднос квалитет на понуда и цена.

Анекс 1: Детален опис на работната задача

Опис на услугата

Со Истражување на здравствената состојба на питомиот костен треба да се обезбеди преглед на постоечките состојби и да се идентификуваат, документираат заканите врз популацијата на  питомиот костен на територијата на заштитеното подрачје Споменик на природа Вевчански Извори.

Покрај документирање на постоечката состојба, врз база на идентификуваните закани и ризици, истражувањето треба да содржи препораки и мерки за надминување на состојбите кои би користеле во идното успешно управување со популацијата на питом костен во заштитеното подрачје.

Основни информации

Центарот за истражување и информирање за животна средина ,,Еко-свест’’ од Скопје преку локалната канцеларија Вевчани во рамки на проектот „Поддршка на одржливо управување со Заштитеното подрачје Вевчански извори” поддржан од ПОНТ (Prespa Ohrid Nature Trust) има потреба од ангажирање на консултанти за изработка на истражување на состојбата на питом костен во Споменикот на природа Вевчански Извори.

Еко-свест во 2022 година во Вевчани отвори своја локална канцеларија и започна со спроведување на проектот „Поддршка на одржливо управување со Заштитеното подрачје Вевчански извори” и ја продолжи успешната соработка  со Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.

Целта на работата на проектот е да се постигне долгорочна заштита на Споменикот на природата „Вевчански Извори“ и просперитет на локалната заедница преку практики за одржливо управување.

Обем и детален опис на услугата

За целите на истражувањето, експертот/експертскиот тим е должен:

-Да следи насоки од Еко-свест за спроведување на истражувањето и формулирање на препораките

– Да спроведе истражување и изврши анализа на теренски и на податоци од лабораториски истражувања,

– Да формулира пепораки за заштита на питомиот костен

– Да ги користи расположливите информации и постоечки документи кои се

јавно достапни.

Експертот/експертите треба да ги спроведат следните  работни задачи:

  1. Да направат анализа на базата на податоци на апликацијата INaturalist
  2. Да направат Препознавање, оценка и детален опис на моменталната здравствена сосотојба на питом костеновите стебла во Споменикот на природа Вевчански Извори;
  3. Да извршат Прибирање примероци кора од активни (и евентуални пасивни) рак-рани заради изолација на габата и за натамошни лабораториски истражувања;
  4. Да одредат в-к тип на добиените изолати in vitro;
  5. Да одредат присуство, и степен на присуство на хиповирулентни изолати.
  6. Да изготват интерактивна карта (мапа) со локација на одделни стебла, и претставување на важни податоци за секое стебло (опис, димензии, мерки и други забелешки), заради идни апликативни и научно-истражувачки активности;
  7. Да изработат Извештај за анализата во кој ќе се претстават резултатите и согледувањата од преземените теренски и лабораториски истражувања, и насоки за подобрување на здравствената состојба на костените со препораки кон Управителот на подрачјето.
  8. Да изработат информативно-едукативна брошура во дигитална форма, за потребите на Еко-свест, како и на кратко промотивно видео со основните наоди од истражувањето како и за значењето на питомиот костен за локалното население (еколошки и економски аспекти).

Временска рамка

Периодот на имплементација е помеѓу: 01.05.2024 година – 01.11.2024 година

Буџет

Вкупната вредност на оваа услуга не смее да надмине 3000 евра во денарска противвредност со вклучени даноци.

Надзор на проектот

Еко-свест ќе биде одговорен за надзорот на спроведувањето на услугата и почитување на договорите и договорните задачи.

Контакт лице, Наум Илиески – [email protected]

Контакт лице

За повеќе информации ве молиме контактирајте со Наум Илиески на[email protected] и на тел. броеви +38970225604 или +38971381551.

https://ekosvest.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/Повик-за-изработка-на-истражување-за-питом-костен-во-С.П-В.И-Еко-свест-1.pdf: Oтворен повик за консултанти за изработка на истражување на состојбата на питомиот костен во Споменикот на природа – Вевчански Извори

Share This

Share this post with your friends!