Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ во рамки на своите проекти, објавува повик за ангажман на правен советник од областа на животната средина.
Цел на активноста
Консултантот ќе биде ангажиран во времетраење од 1 година. Ангажманот ќе се состои од повеќе активности детално опишани во повикот. Со цел успешно спроведување на проектните задачи, консултантот треба да има познавање на:
• Националната и меѓународната правна рамка за заштита на водите, природата, видовите и нивните живеалишта, климатските промени, енергетиката, стандарди за оцена на влијанијата врз животната средина, учество на јавноста во донесување на одлуки, право на сопственост, имотно-правни права и сл.;
• Искуство во работа со граѓански организации, граѓани и граѓански заедници во доменот на заштита на граѓанските права и правото на здрава животна средина.
Критериуми за апликантите
Очекуваме понуди од понудувачи кои е пожелно да ги исполнуваат следните критериуми:
• Високо образование од областа на правните науки;
• Добро разбирање на основните аспекти, проблеми и правни прашања од областа на животната средина;
• Најмалку една до три години работно искуство;
• Добри комуникациски и организациски вештини;
• Искуство во подготовка на претставки, жалби и тужби.
Обем и опис на услугата
Ангажираниот Правен советник ќе ги има следните работни задачи:
• Обезбедување на правни информации, правна поддршка и правни совети на прашања кои произлегуваат од областите на делување на Еко-свест: клима, енергетика, природа, води, активно граѓанство;
• Обезбедување на правна поддршка и совети за граѓански организации и граѓани по прием на барање за правна помош во доменот на заштита на животната средина;
• Остварување на средби и состаноци со засегнати граѓани, иницијативи и граѓански организации и правна помош при подготовка на поднесоци;
• Подготовка на правни иницијативи, жалби, претставки и тужби по потреба;
• Анализа на закони и уреби за потребите на целите на оваа задача; и
• Идентификување на правни проблеми при спроведувањето и планирањето на политики од областа на животната средина.
Услови на повикот и начин на пријавување
На повикот може да аплицираат индивидуални експерти.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите, документите треба да ги достават во електронска верзија на е-пошта до [email protected] со назнака „Апликација за правен советник“.
Документи кои кандидатите треба да се достават при апликација:
- Професионална биографија/ Портфолио на компанијата;
- Финансиска понуда за ангажманот (експертска дневница)
- Предлог временска достапност за ангажманот (претставена во денови за период од 1 година)
- Потпишана Потврда за посветеност: Кодекс на однесување на Еко-свест и декларација за судир на интереси за физички лица (Анекс 2) или Изјава за правни лица (Анекс 3).
За сите прашања, контактирaјте нè на [email protected]. Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб-страницата на Еко-свест во коментари под објавата за повикот и достапни за сите.
Доставените материјали остануваат во архивата на Еко-свест.
Понудите кои ќе пристигнат по наведениот рок или без целосна документација, нема да бидат разгледувани.
Рокови и временска рамка
Повикот е отворен од 12 септември 2025 година до 30 септември 2025 година до 16:00 часот.
Консултантски ангажман ќе започне со потпишување на договорот во текот на месец октомври 2025 година.
По истекот на рокот за пријавување, ќе се креира Комисија од 3 члена која ќе изврши бодување на пристигнатите понуди.
Кандидатите за секоја тематска област ќе бидат оценувани според следните критериуми:
- Професионална биографија/ Портфолио на компанијата – 60 бодови;
- Финансиска понуда за ангажманот (експертска дневница) – 40 бодови.
Вкупно 100 бодови
Еко – свест ќе ги контактира избраните понудувачи, не подоцна од 7 дена од истекот на периодот за доставување на понуда.
*Напомена
Од избраниот понудувач, освен горенаведените податоци, ќе се побара да достави дополнителна документација која вклучува потврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на физички лица; изјави за доверливост и непостоење на конфликт на интереси од страна на избраниот кандидат (физичко лице); потврда за казнена евиденција за физички лица; биографии (CV) на консултантите; листа на референци/портфолио.
Договор ќе биде склучен со кандидатите кои освоиле најголем број бодови во сооднос квалитет на понуда и цена.
Најнови коментари