Јаглеродниот надоместок можност за поздрава животна средина на граѓаните (2023)

Јаглеродниот-надоместок-можност-за-поздрава-животна-средина-на-граѓаните (2023)
Автор:

Автор:

Автор: Д-р Александар Дединец
Опис: Јаглеродното оданочување е алатка, односно инструмент, со чија помош побрзо ќе се остварат зацртаните климатски цели и ќе се овозможи декарбонизацијата на засегнатите сектори во државата.
Во овие трошоци се вклучени трошоците за штетното влијание врз посевите, здравствената заштита од топлотни бранови и суши kako и загубата на имоти од поплави. Со надоместокот за јаглерод се прави поврзување на изворот со емисиите и тоа преку цената.
Според Меѓународниот монетарен фонд, со воведувањето на надоместокот за јаглерод се поттикнува инвестирање во енергетска ефикасност и премин кон ниско јаглеродна економија.

Автор: Елена Грозданова
Опис: Инфографик од Анализата за моменталната состојба на потребите на граѓанските организации во врска со нивната подготвеност и знаење од областа на климатски промени, родовата перспектива и потребата од обуки, менторство и грантирање произлезе од потребата за нивна поголема вклученост или вклучување во иницирање, креирање предлози и спроведување активности од областа на климатските промени, животната средина и родовата еднаквост од авторката Елена Грозданова.

Автор: проф. д-р СИЛВАНА МОЈСОВСКА
Опис: Во рамки на проектот Зајакнување на улогата на граѓанските организации во донесувањето на одлуки преку застапување за воспоставување на Фонд за животна средина, финансиски поддржан од ГЕФ Програмата за мали грантови, Еко-свест во соработка со надворешен експерт изготвија анализа за потребите од формирање на Фонд за живоната средина.
Кратка верзија на македонски јазик

Автор: Невена Смилевска, Марија Тасев
Опис: Целта на овој документ е да даде преглед на мерките за државна помош за обновливите извори на енергија (ОИЕ) и преку споредбена анализа на националните и на европските регулативи и практики, да даде препораки за усогласување на националното законодавство со легислативата на ЕУ за државна помош за производство на електрична енергија од ОИЕ.
Овој документ, исто така, треба да придонесе кон подобрување на законската регулатива за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија, со цел да се избегне фаворизирање на одредени технологии за производство од ОИЕ, за да се обезбеди балансиран развој и диверзификација на производството од различни ОИЕ.
Најнови коментари