КАТАЛОГ НА РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ПРЕКУ  ПРОГРАМА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ МАЛИ ГРАНТОВИ (2021)

Автор: Еко-свест

Опис: Еден од најважните резултати на проектот GEAR е подобрување на капацитетот на локалните ГО за управување со проекти, како и спроведување на 25 проекти поврзани со заштита на животната средина преку субгрантирање.

Овој каталог содржи релевантни информации за локалните ГО и нивните проекти кои се спроведени како мали грантови во рамките на проектот GEAR со цел да се обезбедат информации за нивната работа и постигнатите резултати.

Нашата ЗЕЛЕНА иднина или ЗЕЛЕНАТА иднина на регионот (2021)

Нашата ЗЕЛЕНА иднина или ЗЕЛЕНАТА иднина на регионот (2021)

Нашата ЗЕЛЕНА иднина или ЗЕЛЕНАТА иднина на регионот (2021)

Нашата ЗЕЛЕНА иднина или ЗЕЛЕНАТА иднина на регионот (2021)

Автори: Дражен Шимлеша, Соња Вуковиќ

Опис: Преку оваа студија настојуваме да ја отвориме и да ја осветлиме темата на зелената економија, да ја ставиме во контекст на климатските промени, на Европскиот зелен план, да ги согледаме клучните предизвици, но, уште повеќе да ги истакнеме бројните развојни можности. Даваме приказ на состојбата и моменталните предизвици во земјите кои ги опфативме со оваа студија: Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. За согледување на состојбата во земјите од регионот беше потребно да се проучи огромна документација, студии, политики и достапни анализи, а појдовна основа беа резултатите од регионалното истражување за состојбата на зелената економија од агол на организацијата на граѓанското општество, а кои се занимаваат со заштитата на животната средина, со развојот на заедницата, и со социјалната и зелената економија. Исто така, преку регионалните мултисекторски работилници и националните конференции, настојувавме да го наслушнеме гласот и видувањето на јавниот и на бизнис секторот, како и на експертите и на претставниците на академската заедница.

Зелена економија и зелено претприемништво (2020)

Зелена економија и зелено претприемништво (2020)

Зелена економија и зелено претприемништво (2020)

Зелена економија и зелено претприемништво (2020)

Автори: Соња Вуковиќ, Гордана Ќориќ, Драгана Лисјак

Опис: Оваа брошура се изработи во рамките на проектот „GEAR –Green Economy for Advanced Region“ („Зелена економија за развој на регионот“), кој има цел зголемување на активностите и зголемување на влијанието на организациите на граѓанското општество од Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговивна и од Албанија во заштитата на животната средина преку вмрежување, јакнење на капацитетите и промовирање на зелената економија. Ова е само воведно четиво коешто ќе ве воведе во една важна тема на создавање една нова, позелена и поодржлива светска економија. Таа ќе го поттикнува дејствувањето и давањето ваш личен печат на зелениот развој. 

Анализа на степенот на усогласување и имплементација на избрани сектори од Поглавје 27 (2020)

Опис: Поради голем број социо-економски фактори, аерозагадувањето во Македонија станува алармантен проблем на национално ниво. Анализите за скопскиот регион предвидуваат покачување на аерозагадувањето и за 30% до 2025 година доколку не се преземат сериозни и системски мерки. Од градовите каде што има мерни станици, Скопје, Битола и Тетово се најзагадени градови во земјата. Овие градови исто така редовно се наоѓаат на листата на најзагадени градови во Европа, но и во светот.

Примери на добра практика во зелената економија и зеленото претприемништво (2020)

Примери на добра практика во зелената економија и зеленото претприемништво (2020)

 Примери на добра практика во зелената економија и зеленото претприемништво (2020)

Примери на добра практика во зелената економија и зеленото претприемништво (2020)

Автори: Соња Вуковиќ, Гордана Ќориќ, Драгана Лисјак

Опис: Брошурата е наменета за сите кои размислуваат и живеат „зелено“ и одржливо преку активностите на своите организации, но и со личните ставови и постапки го почитуваат и чуваат природното наследство на човештвото. Со кус вовед во темата, а особено со примерите на добрата практика од Европската унија, се отвора простор за согледување и ширење на погледот на самиот концепт, како и на движењето зелена економија и зелено претприемништво.