ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ПРИРОДАТА (2023)

ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ПРИРОДАТА (2023)

ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ПРИРОДАТА (2023)

ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ПРИРОДАТА (2023)

Автор: Еко-свест

Опис: 

Биолошката разновидност нема висок степен на заштита и сè уште не е приоритет во политиките, пред се поради економскиот аспект во одредени сектори. Следење на биолошката разновидност се врши нередовно и тоа за избрани видови како проектна активност, или, како обврска од меѓународни договори. Се забележува дека има неусогласеност на податоците за биолошката разновидност и не се следат причините за загуба на биолошката разновидност.

Вториот приоритет на Предлог Патоказот за заштита на природата предлага воспоставување на национална еколошка мрежа, унапредување на процедурата за нови заштитени подрачја и нивно интегрирано управување, вработување на квалификуван кадар кој ќе врши мониторинг врз биолошката и пределската разновидност во блиска соработка со локалното население.

ПОДОБРУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЗАШТИТАТА НА ПРИРОДАТА (2023)

Постои слаба координираност во одделни сектори поврзани со заштита на природата. Мерките и активностите за заштита на природата треба да се интегрираат во сите развојни, стратешки, плански и програмски документи, плановите за уредување и користење.

Во првиот приоритет на Предлог Патоказот за заштита на природата е нагласена потребата од формирање на самостоен орган на државната управа, со независен буџет и професионален кадар кое ќе биде надлежно за следење, истражување, анализа и унапредување на заштитата на природата и управувањето со природните ресурси.

Анализа од областа на управувањето и одржливото користење на шумите во РСМ (2022)

Автор: Д-р Жарко Алексов и М-р Милорад Андријески

Опис: Инфографик за Анализата од областа нa управувањето и одржливото користење на шумите на авторите Д-р Жарко Алексов и М-р Милорад Андријески. Анализата треба да претставува водич на националното законодавство за граѓанскиот сектор, со што ќе се подобрат капацитетите на граѓанските организации за застапување и следење на правните процеси поврзани со оваа област. Целосната анализа е дадена на линкот подолу.

Инфографик-Анализа-Шуми

Инфографик-Анализа-Шуми-Instagram

Анализата од областа нa управувањето и одржливото користење на шумите

Предлог Патоказ за заштита на природата (2022)

Предлог Патоказ за заштита на природата (2022)

ПРЕДЛОГ ПАТОКАЗ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА (2022)

ПРЕДЛОГ ПАТОКАЗ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА (2022)

Автор: Симона Трајковска

Опис: Еко-свест во консултации со широка група на засегнати страни подготви Патоказ за заштита на природата. Неговата намена е да постави насоки и да ги идентификува приоритетните активности во секторот природа, да биде поддршка за креаторите на политики, државните институции, локалните власти, управителите со заштитени подрачја, како и граѓанските организации, со цел преземање на синхронизирана и заедничка акција за подобра заштита на нашата најголема вредност- природата.

Документот e дел од проектот „Заштитените подрачја за природата и луѓето II“, кој го спроведува WWF Adria со поддршка од Шведската Агенција за Меѓународна Развојна Соработка – Sida.

Aнализа од областа нa управувањето и одржливото користење на шумите во РСМ (2022)

Aнализа од областа нa управувањето и одржливото користење на шумите во РСМ (2022)

Aнализа од областа нa управувањето и одржливото користење на шумите во РСМ (2022)

Aнализа од областа нa управувањето и одржливото користење на шумите во РСМ (2022)

Автор: Д-р Жарко Алексов и М-р Милорад Андријески

Опис: Анализата од областа нa управувањето и одржливото користење на шумите треба да претставува водич на националното законодавство за граѓанскиот сектор, со што ќе се подобрат капацитетите на граѓанските организации за застапување и следење на правните процеси поврзани со оваа област. Со тоа се поттикнува учество на граѓанските организации во носењето на одлуките поврзани со климатските промени, но и во преземање активности на локално ниво. Дополнително, анализата служи да се зголеми свеста не само на граѓанските организации и пошироката јавност, чии права честопати се прекршуваат индиректно преку незапирливото уништување на животната средина, туку и на судската, извршната и законодавната власт, кои треба да имаат далеку поголема и проактивна улога во унапредувањето на состојбите во заштитата на животната средина.

Analiza-Shumi-Angliski-Kompresirana.pdf

Analiza-Shumi-Albanski-Kompresirana.pdf