АНАЛИЗА ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ФОНД ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (2022)

Автор: проф. д-р СИЛВАНА МОЈСОВСКА

Опис: Во рамки на проектот Зајакнување на улогата на граѓанските организации во донесувањето на одлуки преку застапување за воспоставување на Фонд за животна средина, финансиски поддржан од ГЕФ Програмата за мали грантови, Еко-свест во соработка со надворешен експерт изготвија анализа за потребите од формирање на Фонд за живоната средина.

Кратка верзија на македонски јазик

Кратка верзија на англиски јазик

Кратка верзија на албански јазик

Прирачник со едукативни активности за заштита на природата (2022)

Прирачник со едукативни активности за заштита на природата (2022)

Прирачник со едукативни активности за заштита на природата (2022)

Прирачник со едукативни активности за заштита на природата (2022)

Автор: Бојан Ранташа

Опис: Во рамки на проектот „Граѓанска наука во функција на заштита на природата“ финансиски поддржан од PONT и CEPF, и преку соработката со Натура МК, Еко-свест издаде едукативен прирачник со многу корисни и забавни игри за сите училишни возрасти.

Пчели-повеќе од мед (2022)

Пчели-повеќе од мед (2022)

Пчели-повеќе од мед (2022)

Пчели-повеќе од мед (2022)

Автор: Јована Била Дубаиќ

Опис: На Балканот живеат околу илјада видови пчели, а пчелата која прави мед е само една од нив. Опрашувањето е најважната вредност на пчелите бидејќи овозможуваат опстанок на илјадници видови растенија, животински видови и луѓето.

Овој прирачник ќе ви помогне да дознаете повеќе за пчелите, да поттикнете дискусии, да одговорите на најчесто поставуваните прашања и да надминете многу предрасуди и заблуди за пчелите. Во него ќе најдете и неколку практични идеи за да направите нешто корисно за пчелите.

Прирачникот изработен во рамки на проектот „Заштитените подрачја за природата и луѓето II“ кој го спроведува WWF Adria во партнерство со Еко-свест, а истиот е финансиски поддржан од Шведската агенција за меѓународна соработка- Sida.

Како да се подготвите за престој во природа? (2022)

Како да се подготвите за престој во природа? (2022)

Како да се подготвите за престој во природа? (2022)

Како да се подготвите за престој во природа? (2022)

Автор:

Опис: Што ви е потребно за да имате пријатен и безбеден престој во природа?

Вода, храна, облека, обувки, лекови, прибор за ориентација и прва помош, се меѓу најважните работи што треба да ги понесете со себе.

За сите учители, наставници, родители и сите оние кои сакаат да поминуваат време во природа, објавуваме кратка брошура која ќе ви го олесни пакувањето и ќе ве подготви за нов престој и истражување во природата.

Брошурата е изработена во рамки на проектот „Заштитените подрачја за природата и луѓето II“ кој го спроведува WWF Adria во партнерство со Еко-свест, а истиот е финансиски поддржан од Шведската агенција за меѓународна соработка- Sida.

Анализа на влијанието на малите хидро проекти врз гео-морфологијата на пределите и загубата на шумите (2021)

Автори: проф д-р Иван Радевски, Проф д-р Свемир Го- рин

Опис: Во истражувањето е анализирано влијанието на малите хидроцентрали врз гео-морфологијата на пределите и загубата на шумите во Македонијапри што се покажува дека поголемиот дел од малите хидроцентрали се изградени во некои од најатрактивните речни долини, кои што извираат од исклучително високи планински венци, заштитени и значајни подрачја од највисоко значење. Такви се бројни анализирани случаи на Баба Планина, Шар Планина, Караџица, Бистра, Даутица, Кожуф и други планини. Како загрозени типови на релјеф се издвоени: флувијален, карстен, глацијален и денудациски релјеф, како дел од релјефниот мозаик на Македонија, којшто е поразновиден од многу земји со површина и 20 пати поголема од нашата.