Предлог- препораки за воведување на мерки за поддршка на домаќинствата што ќе поттикне инсталација на фотоволтаични, фототермални и термални системи (2023)

Автор: Еко-свест

Опис: Доколку домаќинствата станат потрошувачи-производители на електрична и топлинска енергија покрај поголемата независност на самите домаќинства, намалување на енергетската зависност на државата, производство на чиста зелена енергија, намалување на енергтската сиромаштија, намалување на трошоците за енергија на самите домаќинства, ќе се зголеми и енергетската сигурност и стабилност на државата, како од аспект на снабдување со енергија, така и од аспект на нестабилноста на цените на енергија на берзите. За да може да се реализира ова, потребни се измени на законската и подзаконската регулатива од областа на обновливите извори на енергија, посебно во делот на инсталирањето на фотоволтачните и фототермалните електрани , поедноставување на самите порцедури за градба и инсталирање, елиминирање на факторите кои ја намалуваат цената на електрична енергија од вишоците поризведени од фотоволтаичните и  фототермалните централи на домаќинствата, како и максимална поддршка на граѓаните преку субвенционирање на фотоволтаични и фототермални системи за домаќинствата, преку воведување на стандарди за квалитет на опремата, со кои ќе се избегне субвенционирање на не квалитетни производи без никави сертификати.

Креирање на методологија и идентификација на приоритетни каскади за отстранување (2023)

Автор: Проф. д-р Иван Радевски, ПМФ, УКИМ-Хидрологија Проф. д-р Свемир Горин, ПМФ, УКИМ-ГИС Доц. д-р Владимир Златаноски, ПМФ, УКИМ-Регионална географија Проф. д-р Милица Ристовска, Проф. д-р Катерина Ребок, ПМФ, УКИМ-Ихтиологија Проф. д-р Валентина Славевскa-Стаменковиќ, Асист. м-р Јелена Хиниќ Јордановска, ПМФ, УКИМ-Инвертебрата Проф. д-р Рената Ќуштеревска, ПМФ, УКИМ-Вегетација

Опис: За потребите на проектот „Повторно поврзување на реките во Северна Македонија“ е изработена „Методологија и идентификација на приоритетни каскади за отстранување“ како придонес кон повторно поврзување на реките и одржување на флувијалниот континуитет на живиот свет, од страна на Геобалканика и тим на експерти од областа на: хидрологијата, ихтиологијата, инвертебрата, вегетацијата, регионалната географијата и географските информациски системи во соработка со од Центар за истражување и информирање за животната средина Еко-свест и European Open Rivers Programme.

Прирачник со едукативни активности за заштита на природата (2022)

Прирачник со едукативни активности за заштита на природата (2022)

Прирачник со едукативни активности за заштита на природата (2022)

Прирачник со едукативни активности за заштита на природата (2022)

Автор: Бојан Ранташа

Опис: Во рамки на проектот „Граѓанска наука во функција на заштита на природата“ финансиски поддржан од PONT и CEPF, и преку соработката со Натура МК, Еко-свест издаде едукативен прирачник со многу корисни и забавни игри за сите училишни возрасти.

Пчели-повеќе од мед (2022)

Пчели-повеќе од мед (2022)

Пчели-повеќе од мед (2022)

Пчели-повеќе од мед (2022)

Автор: Јована Била Дубаиќ

Опис: На Балканот живеат околу илјада видови пчели, а пчелата која прави мед е само една од нив. Опрашувањето е најважната вредност на пчелите бидејќи овозможуваат опстанок на илјадници видови растенија, животински видови и луѓето.

Овој прирачник ќе ви помогне да дознаете повеќе за пчелите, да поттикнете дискусии, да одговорите на најчесто поставуваните прашања и да надминете многу предрасуди и заблуди за пчелите. Во него ќе најдете и неколку практични идеи за да направите нешто корисно за пчелите.

Прирачникот изработен во рамки на проектот „Заштитените подрачја за природата и луѓето II“ кој го спроведува WWF Adria во партнерство со Еко-свест, а истиот е финансиски поддржан од Шведската агенција за меѓународна соработка- Sida.

Како да се подготвите за престој во природа? (2022)

Како да се подготвите за престој во природа? (2022)

Како да се подготвите за престој во природа? (2022)

Како да се подготвите за престој во природа? (2022)

Автор:

Опис: Што ви е потребно за да имате пријатен и безбеден престој во природа?

Вода, храна, облека, обувки, лекови, прибор за ориентација и прва помош, се меѓу најважните работи што треба да ги понесете со себе.

За сите учители, наставници, родители и сите оние кои сакаат да поминуваат време во природа, објавуваме кратка брошура која ќе ви го олесни пакувањето и ќе ве подготви за нов престој и истражување во природата.

Брошурата е изработена во рамки на проектот „Заштитените подрачја за природата и луѓето II“ кој го спроведува WWF Adria во партнерство со Еко-свест, а истиот е финансиски поддржан од Шведската агенција за меѓународна соработка- Sida.