Го откриваме светот со Полјанка Ливадовска- Прирачник за запознавање на природата преку игра (2021)

Автори: Лилјана Јовановиќ, Соња Баѓура

Опис: Децата го развиваат својот еколошки идентитет уште во најраното детство. Преку игра, тие го запознаваат и откриваат своето најблиско опкружување, го развиваат односот со природата, ја будат емпатијата и ја развиваат свеста и грижата за животната средина. Преку игра, храбрата и љубопитна глувчица -Полјанка Ливадовска ќе ви раскаже за значењето на водата, воздухот, земјата, храната, биолошката разновидност и нашето место во природата.

Прирачникот „Го откриваме светот со Полјанка Ливадовска“ е наменет за сите воспитувачи, учители, родители и едукатори кои сакаат да им овозможат на децата да се поврзат со природата, да ја сакаат и да живеат во хармонија со неа.

Прирачникот изработен во рамки на проектот „Заштитените подрачја за природата и луѓето II“ кој го спроведува WWF Adria во партнерство со Еко-свест, а истиот е финансиски поддржан од Шведската агенција за меѓународна соработка- Sida.

Зелена економија и зелено претприемништво (2020)

Зелена економија и зелено претприемништво (2020)

Зелена економија и зелено претприемништво (2020)

Зелена економија и зелено претприемништво (2020)

Автори: Соња Вуковиќ, Гордана Ќориќ, Драгана Лисјак

Опис: Оваа брошура се изработи во рамките на проектот „GEAR –Green Economy for Advanced Region“ („Зелена економија за развој на регионот“), кој има цел зголемување на активностите и зголемување на влијанието на организациите на граѓанското општество од Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговивна и од Албанија во заштитата на животната средина преку вмрежување, јакнење на капацитетите и промовирање на зелената економија. Ова е само воведно четиво коешто ќе ве воведе во една важна тема на создавање една нова, позелена и поодржлива светска економија. Таа ќе го поттикнува дејствувањето и давањето ваш личен печат на зелениот развој. 

Примери на добра практика во зелената економија и зеленото претприемништво (2020)

Примери на добра практика во зелената економија и зеленото претприемништво (2020)

 Примери на добра практика во зелената економија и зеленото претприемништво (2020)

Примери на добра практика во зелената економија и зеленото претприемништво (2020)

Автори: Соња Вуковиќ, Гордана Ќориќ, Драгана Лисјак

Опис: Брошурата е наменета за сите кои размислуваат и живеат „зелено“ и одржливо преку активностите на своите организации, но и со личните ставови и постапки го почитуваат и чуваат природното наследство на човештвото. Со кус вовед во темата, а особено со примерите на добрата практика од Европската унија, се отвора простор за согледување и ширење на погледот на самиот концепт, како и на движењето зелена економија и зелено претприемништво. 

Прирачник за зелена економија и зелено претприемништво (2020)

Прирачник за зелена економија и зелено претприемништво (2020)

Прирачник за зелена економија и зелено претприемништво (2020)

Прирачник за зелена економија и зелено претприемништво (2020)

Автори: Соња Вуковиќ, Гордана Ќориќ, Драгана Лисјак

Опис: Со овој прирачник сакаме да ги поттикнеме читателите на критичко и понатамошно размислување на одделни теми во зависност од нивните лични и професионални склоности и интереси. Се надеваме дека прирачникот ќе ги мотивира активистите на граѓанските здруженија, но и претприемачите и претставниците на јавниот сектор, да ја согледаат својата улога во создавањето на некоја нова економија, поправично општество и подобра животна средина.

Користете ги правните алатки и механизми за заштита на животната средина (2019)

Автори: Ана Чоловиќ - Лешоска, Александра Бујароска

Опис: Овој прирачник е посветен на националните и меѓународните граѓански организации и активисти, коишто цврсто и непоколебливо се борат за зачувување на последните слободни реки на Балканот. Тој ќе ве води чекор по чекор низ нашата борба против хидроенергетските проекти во националниот парк „Маврово”. Потоа, ќе даде соодветно објаснување на правните алатки коишто беа употребени со цел зачувување на еден од најстарите национални паркови во Европа.

Practice-your-environmental-rights-legal-tools-and-mechanisms-Get-you-inspired-by-the-story-of-Mavrovo-National-park-and-save-your-rivers.pdf