На 2 и 3 декември 2025 година во Јегуновце, театарот „Сенки и облаци“ одржа креативна работилница во ОУ „ Александар Здравковски “, која ги спои уметноста, едукацијата и еколошката свест. Во креативен процес беа директно вклучени дваесет ученици кои ја создадоа и самите ја изведоа театарската претстава со сенки „Водата зборува гласно“. Со оваа претстава, учениците како носители на промена, ја инспирираа својата заедница да размислува и делува одговорно за водата како природен ресурс. Публиката со восхит ја следеше претставата, препознавајќи ја вредноста на креативниот активизам како ефикасен пристап во едукацијата на младите.
Проектот „ Заштита на реките преку воспоставување практики за мониторинг и обновување на живеалиштата во заштитени подрачја“ ги ангажира локалните заедници, особено младите, преку развој и спроведување на едукативна програма насочена кон подигање на свеста и промена на практиките преку практично учење, интерактивни материјали и училишни активности за заштита на реките и обновување на живеалиштата во Националните паркови Маврово и Шар Планина.

Најнови коментари