Основни информации
Еко-свест започна нов проект со поддршка на Европската програма за отворени реки – организација за доделување грантови посветена на обновување на реките. Проектот има за цел да развие национална применлива методологија и база на податоци со симулатор за идентификување на приоритетните бариери за отстранување со користење на сливот на реката Пчиња како студија на случај.
Овој проект е прв проект поврзан со реставрација на реките преку отстранување на бариерите во државата. Тоа ќе даде можност да се воведе отстранувањето на браната како важен механизам за обновување на реките. Исто така, ќе ги идентификува клучните експерти и засегнати страни за други слични иницијативи посветени на обновувањето на реките“.
Eко-свест објавува повик до компании за доставување понуда за изработка на техничка документација за отстранување на каскади на Пчиња и Крива река.
Цел и задачи на активностите
Ангажираната компанија ќе биде одговорнa за:
I. Изработка на техничка документација за отстранување на постоечка каскада на Крива река и заштита на речното корито пред и по каскадата од 50 годишна вода
1. Геодетски елаборат за посебни намени за ажурирана геодетска подлога кој ќе содржи: снимање на попоречни профили на речното корито на водотекот со должина од околу 500м (250м возводно од објектот и 250м низводно), на меѓусебно растојание од 10 до 15м со не помалку од 10 точки по профил.
2. Основен проект за отстранување на постоечка каскада на Крива река и заштита на речното корито пред и по каскадата СО ВКЛУЧЕНА РЕВИЗИЈА.
Основниот проект ќе содржи:
– Хидролошки анализи за Крива река за повратен период од 50 години за добивање на
„водостопанска согласност“ од Министерство за животна средина и просторно планирање
– Хидрауличка анализа на речното корито на потег од 500м, 250м возводно од постоечката каскада и 250м низводно, со која ќе се покаже потребата од каскадата, односно нејзина рехабилитација или отстранување
– Определување на конструктивни карактеристики на објектите за заштита
– Технички извештај со опис на техничко решение
– Графички прилози: ситуација, надолжен профил, попречни профили…
– Анализа и определување на земјани маси
– Предмер и пресметка на работите
– Технички спецификации за изведување на работите
и
II. Изработка на техничка документација за отстранување на бетонски објект на река Пчиња, место Шупљи Камен и заштита на речното корито пред и по објектот од 50 годишна вода.
1. Геодетски елаборат за посебни намени за ажурирана геодетска подлога кој ќе содржи: снимање на попоречни профили на речното корито на водотекот со должина од околу 700м (350м возводно од објектот и 350м низводно), на меѓусебно растојание од 10 до 15м со не помалку од 10 точки по профил.
2. Основен проект за отстранување на разрушен бетонски објект на река Пчиња, место Шупљи камен и заштита на речното корито пред и по објектот СО ВКЛУЧЕНА РЕВИЗИЈА.
Основниот проект ќе содржи:
– Хидролошки анализи за река Пчиња за повратен период од 50 години за добивање
на „водостопанска согласност“ од Министерство за животна средина и просторно
планирање
– Хидрауличка анализа на речното корито на потег од 700м, 350м возводно од бетонскиот објект и 350м низводно за постоечка состојба и проектирана состојба со која ќе се врати речното корито во негова природна состојба по отстранување на разручениот бетонски објект
– Хидрауличка анализа на речното корито на потег од 700м, 350м возводно од бетонскиот објект и 350м низводно за проектирана состојба со која ќе се обезбеди враќање на речното корито во негова природна состојба по отстранување на разрушениот бетонски објект
– Определување на конструктивни карактеристики на објектите за заштита
– Технички извештај со опис на техничко решение
– Графички прилози: ситуација, надолжен профил, попречни профили…
– Анализа и определување на земјани маси
– Предмер и пресметка на работите
– Технички спецификации за изведување на работите
Во Анекс 2 се содржат дополнителните информации за конкретните каскади за отстранување.
Временска рамка за доставување на понуда
Периодот за доставување понуди е 10 работни дена од објавување на отворениот повик односно до 15 јануари 2024 година.
По истекот на овие 10 дена Еко-свест ќе оформи комисија која ќе биде задолжена за избор на најдобра понуда. Еко-свест е должен по изминати 7 дена, од завршувањето на Повикот, да ги извести понудувачите за резултатот од работата на Комисијата.
Неизбраните понудувачи имаат можност за жалба во рок од 5 дена по добиеното известување.
Прашања за повикот може да се достават најдоцна до 10.01.2024 година. Сите одговори на прашањата пристигнати во рокот ќе бидат објавени на веб страницата на Еко-свест под објавениот повик.
Временска рамка за спроведување на активноста
Заинтересираниот понудувач е потребно во својата понуда да предвиди временска рамка за изработка на активноста. Ќе бидат преферирани понуди со разумни и ефикасни рокови.
Потребна документација за пријавување
Заинтересираните понудувачи треба да достават:
- Понуда за изработка на техничката документација со износ со вклучен ДДВ и временска рамка за изготвување
- Потпишана изјава (види Анекс 1)
- Кратко портфолио на компанијата
- Тековна состојба не постара од 6 месеци
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
Критериуми за понудувачите
Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република Северна Македонија, и постои најмалку 5 години.
На повикот може да се пријават правни лица кои ги исполнуваат наведените правни и технички услови.
Доверливост
Сите информации кои се поврзани со оценка на понудите нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во процесот на селекција, дури и по завршување на процесот на избор. Сите податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат, прибираат, споделуваат за други цели надвор од овој повик и целта на истиот.
Пријавување и контакт информации
Понудите треба да се испратат на email: [email protected] најдоцна до 15.01.2024 година до 16:00 часот, со назнака Доставување на понуда.
Евентуални прашања за повикот можат да се достават до [email protected] најдоцна до 10.01.2025 година.
Во продолжение Анекс 1 и Анекс 2:
Најнови коментари