Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ за своите редовни активности објавува постапка за ангажирање на агенција за односи со јавност со барање за доставување понуда.

Барање за доставување понуди

Временска рамка за доставување на понуда

Се покануваат заинтересираните страни да достават свои понуди за наведените активности на електронската адреса [email protected], со назнака „Понуда за ПР агенција“. Рокот за доставување на понуди ќе биде отворен од 22.11.2024 година, најдоцна до 02.12.2024 година во 17:00 часот.

Очекуваме понуди од понудувачи кои е пожелно да ги исполнуваат следните критериуми:
• активна компанија која е формирана согласно македонските закони и постои најмалку 6 години, што се докажува со тековна состојба од Централниот регистар, не постара од шест месеци;
• Реализирани минимум 5 (пет) кампањи во последните 3 (три) години за мобилизирање на јавноста и подигање на јавната свест на прашања и теми поврзани од значаен јавен интерес како: екологија, заштита и унапредување на животната средина и природата, односно спроведени кампањи за добро владеење или заштита на здравјето на населението;
• поседување на соодветни технички и административни капацитети и услови за продукција и пост-продукција на графички содржини, анимации и видео материјали или соработка со соодветен произведувач кој ги има овие капацитети и ресурси и истите да бидат достапни и за нарачателот, во случај истите самостојно да не ги поседува;
• да поседува тим составен од: графички дизајнер, монтажер, специјалист за социјални и дигитални медиуми, copywriter или сценарист и, минимум 1 специјалист за односи со јавноста, што се докажува со приложување на соодветни работни биографии на професионалците коишто ќе бидат предложени како тим од страна на заинтересираните страни; доставувањето на работни биографии за секоја од бараните позиции за членовите на тимот е задолжително;
• соодветно работно искуство на секој член од предложениот тим кое нема да биде помало 2 (две) години, што ќе може да се докаже преку деталните работни биографии;
• поседување препораки од коминтенти или партнери со кои претходно соработувале;
• способност за работа со крајни рокови и работа под притисок;
• логистички способности за организирање на настани.

Потребна документација за доставување понуди
Технички дел од понудата:
• Предлог маркетинг и комуникациски нацрт план;
• Краток опис на компанијата;
• Професионални биографии (CV-а) на лица од тимот кој ќе работи на кампањата;
• Контакт од референци со кои е остварена претходна соработка.
Финансиски дел од понудата:
• Тековна состојба од субјектот, не постара од 6 месеци;
• Финансиска понуда по ставки изразена во македонски денари со вклучен ДДВ.
Доставените материјали остануваат во архивата на Еко-свест.
Пoнудите кои ќе пристигнат по наведениот рок или без целосна документација, нема да бидат разгледувани.

Критериуми за избор на најсоодветна понуда
По истекот на рокот за пријавување, ќе се креира Комисија од 3 члена, која ќе изврши бодување на пристигнатите понуди.
Бодувањето на пристигнатите понуди ќе се изврши на следниот начин:

  • Предлог нацрт план – релевантност и иновативност на пристапот (50 поени)
  • Портфолио и искуство на предложените членови на тим (30 поени)
  • Финансиска понуда (20 поени)

Еко-свест ќе ги контактира сите понудувачи, не подоцна од 7 работни дена од истекот на периодот за доставување на понуда, за да ги извести за резултатот од постапката.
Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и доставени до сите поканети понудувачи и објавени на веб страницата на Еко-свест под повикот.
Сите понудувачи кои не биле избрани на повикот имаат можност во рок од 5 календарски дена да поднесат Приговори по однос на постапката.
Еко-свест ќе подготви одговор по евентуалните приговори до понудувачите-жалители.
По истекот на рокот за приговори, од избраниот понудувач, освен горенаведените податоци, ќе се побара да достави дополнителна документација која вклучува тековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; pотврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица; уверение за платени даноци и придонеси; изјави за доверливост и непостоење на конфликт на интереси од страна на избраниот кандидат (физичко лице) или изјава дека ги исплонува критериуме за учество (правно лице); биографии (CV) на консултантите; листа на референци/портфолио. Дополнителната документација се доставува не подоцна од 3 работни дена по истекот на рокот за поднесување Приговори и ќе биде предмет на анализа од страна на Раководителот на финансии на Еко-свест и проектниот координатор.
Договор со избраниот понудувач ќе се склучи најдоцна во рок од 7 работни дена.

Повеќе информации во Анекс 1 од повикот.

Share This

Share this post with your friends!