Европскиот инвестициски план (EGDIP), исто така познат како инвестициски план за одржлива Европа (SEIP), претставува финансиска основа за Европскиот зелен план. За да се постигнат целите поставени во Европскиот зелен план, предвидено е да се мобилизираат најмалку 1 милијарда евра одржливи инвестиции во текот на наредната деценија. Околу 500 милијарди евра би требало да бидат обезбедени од буџетот на ЕУ, каде што земјите членки би требало да придонесат со 114 милијарди евра за кофинансирање на европски проекти. Остатокот од средствата би требало да биде повлечен од приватните инвестиции, чиј дел е поддржан со гаранциите на Европската инвестициона банка. Намерата е во потполност да се трансформира улогата на ЕИБ и таа да стане „Климатска банка на Европа”. Најавено е дека од 2021 година банката нема да финансира никакви проекти кои вклучуваат употреба на фосилни горива, и баш напротив, дека најголемиот број ресурси ќе бидат посветени на зелени проекти. На овој начин Комисијата ќе овозможи поддршка за властите и промотерите на ,,зелени” проекти во нивното планирање, дизајнирање и спроведување.
Освен зголемување на средствата за транзиција на европската економија кон зелена и одржлива и мобилизирање на најмалку 1 милијарда евра за поддршка на одржливи инвестиции во текот на наредната деценија низ буџетот на ЕУ и релевантните инструменти, особено InvestEU, една од клучните цели на Инвестицискиот план е да создаде рамка која ќе им овозможи на приватните инвеститори и јавниот сектор да ги олеснат одржливите вложувања. Исто така, на овој начин се планира да се пружи поддршка на јавната управа и промотерите на проекти во идентификување, структурирање и спроведување на одржливи проекти.
Дел од Европскиот инвестициски план е и Механизмот за праведна транзиција (Just Transition Mechanism). Овој механизам претставува клучно средство коешто осигурува дека транзицијата кон климатски неутрална економија ќе се одвива на чесен начин. Иако на сите региони ќе им бидат потребни финансиски средства во согласност со Планот, Механизмот за праведна транзиција овозможува наменска помош од 100 милијарди евра за најранливите региони со што би се ублажиле социјално-економските влијанија од транзицијата. Праведната транзиција ќе создаде неопходни вложувања за помош на работниците и заедниците коишто се потпираат на вредносниот синџир на фосилни горива.
Детален акционен план за зајакнување на циркуларната економија и вложување во еколошки прифатлива технологија,
Поттикнување на индустријата за иновации со цел развој на еколошки прифатлив индустриски сектор и создавање на зелени работни места,
Преглед и доколку е потребна ревизија на сите релевантни климатски политики, вклучувајќи го и Системот за тргување со емисии (Emissions Trading System),
Стратегија „од поле до маса” којашто ќе се фокусира на начинот на производство на храната и со самото тоа ќе делува стимулирачки на земјоделците да користат што е можно повеќе еколошки системи за производство со најнизок степен на загадување на околината,
Декарбонизација на енергетскиот сектор преку ревизија на Директивата за оданочување на енергија (Energy Taxation Directive) којашто подразбира субвенции за фосилните горива и ослободување од данок, особено во транспортниот сектор, како и воведување на чисти, евтини и здрави форми на приватниот и јавниот сектор,
Одржлива стратегија во шумарскиот сектор, зачувување и обнова на шумите во Европа,
Поттикнување на градежниот сектор за изградба во согласност со еколошките стандарди овозможувајќи зградите да бидат енергетски ефикасни,
Работа со меѓународните партнери на подобрување на глобалните еколошки стандарди.
Нарушувањето на животната средина и климатските промени во последната деценија претставува голем предизвик за целиот свет, па така и за европската заедница. За да се избориме со овој предизвик, Европската комисија во средината на месец декември 2019-тата година го претстави Европскиот зелен план како збир на мерки со цел постигнување на одржлива економија. Европскиот зелен план е одговор на климатските промени и негативните влијанија врз животната средина, како и на социјалните предизвици коишто последователно ги носат со себе. Причините кои поттикнаа да се креира ваков план првенствено се засноваат на еколошките проблематики, како што се: климатските промени, промените во биодиверзитетот, оштетувањето на озонската обвивка, загадувањето на водите, загадувањето на урбаните средини, големото производство, а слабата ефикасност во управување со отпадот и слично.
Во врска со горенаведеното, Европскиот зелен план претставува сложена стратегија за европски економски раст којашто има за цел да ги намали емисиите на штетни гасови, да создаде зелени работни места и да ја подобри колективната благосостојба. Пакетот мерки претставен преку Европскиот зелен план е обид сé поинтензивно да се влијае врз намалување на емисиите на стакленички гасови до 2030-тата година на 55% во споредба со нивоата од 1990-тата година. Идејата е да се преиспита секој постоечки закон во врска со климатските промени, а истовремено со новото законодавство да се постават цврсти темели за циркуларна економија.
Целокупната цел на Европскиот зелен план е Европската унија да стане прв светски климатски неутрален блок до 2050-тата година, а подразбира активно дејствување во повеќе различни сектори, вклучувајќи ги градежништвото, енергијата, транспортот, земјоделството и производството на храна и слично. Оваа стратегија, исто така, вклучува потенцијални царински тарифи за земји коишто не работат активно на намалување на емисиите на штетни гасови со ефект на стаклена градина преку Механизмот за прилагодување на границата на јаглеродот.
Области опфатени со Европскиот зелен план и предвидените цели во истите:
– Чиста енергија,
– Биодиверзитет – спроведување на мерки за зачувување на екосистемите,
Екомапа е веб и мобилна апликација за пријавување на еко проблеми која е изработена во склоп на проектот “Да зборуваме за климатските промени”. Главната цел на мапата е мапирање на сите еко-проблеми и позитивни практики за справување со климатските промени на мапа на РС Македонија и нивниот сооднос со сет други административни, ортофото, топографски и тематски мапи, како и мапи за заштитени подрачја во РС Македонија.
Самото пријавување на проблеми дава можност за прикажување на слики од настаните за добивање на реален приказ за конкретниот проблем, а делот за коментари овозможува директна комуникација помеѓу корисниците со цел заедничко решавање на одредени проблеми или давање совети за соодветни акции.
Доколку повеќе лица пријават ист проблем на исто место, самата апликација ќе ги групира проблемите (и пријавите) на едно место за да не се јавува повторување на истиот проблем. Со ова би се обезбедиле соодветни податоци доколку некој сака да направи анализа во која ќе ги разгледува на пример запалени шуми во текот на една календарска година.
Оваа алатка има за цел да им овозможи на граѓанскиот сектор и на пошироката јавност, делување во правец на полесно решавање на одредени проблеми и можност за заедничко делување на организации од различни региони согласно проблемите со кои заеднички се соочуваат. Од друга страна на државните институции ќе можат да ги користат информациите кои ќе им бидат достапни за правење на анализи, стратешко планирање, а оние инстутции кои работат на терен можат да ги користат податоците и како подршка во нивната секојдневна работа.
Да бидеме генерациите што ќе ја зачуваат иднината! Да зборуваме за клима! Проектот “Да зборуваме за климатските промени” е спроведуван од Еко-свест, ЦНВП Македонија и ДЕМ, а е финансиран од Европската Унија.
Најнови коментари