Механизми за примена на Зелена агенда

Механизми за примена на Зелена агенда

Имплементацијата на Зелената агенда бара сериозни финансиски средства со оглед на нејзината сеопфатност. Се фокусира на воспоставување на одржлив економски развој и со тоа ќе биде неопходно финансиски и институционално да се поддржат оние решенија што имаат зелена перспектива. Предлогот на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) III[1] делумно претставува програмска рамка за имплементација на Зелената агенда. Според нацрт-предлогот, корисниците на ИПА се охрабруваат да работат на унапредување на енергетската ефикасност и зголемување на употребата на обновливи извори на енергија, со цел да ги насочат своите економии кон ефикасно искористување на ресурсите, сигурни, одржливи и ниско-јаглеродни модели на работење во согласност со пошироките цели на ЕУ коишто најмногу се однесуваат на климатските активности и заштитата на животната средина. Албанија, Црна Гора, Северна Македонија и Србија имаат пристап до Повеќегодишната програма за рурален развој во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПАРД)[2]. ИПАРД програмите содржат сет од 11 мерки. Во рамките на секоја од нив, корисниците можат да постават приоритети и да ги изберат секторите за кои сметаат дека треба да добијат помош.

Инвестициската рамка за Западен Балкан[3] е еден од мешовитите финансиски инструменти со којшто може да се поддржи постигнувањето на целите на Зелената агенда. Тој веќе е активен во областа на енергетиката и заштитата на животната средина. Во согласност со претстојната повеќегодишна рамка, ЕУ е подготвена преку Инвестициската рамка за Западен Балкан да обезбеди грантови за инвестиции и градење на капацитети во овие области. Фондот за зелен раст[4], структуриран како јавно-приватно партнерство, може да обезбеди финансирање на зелени инвестиции, додека Регионалната програма за енергетска ефикасност[5] може да ја поддржи економската трансформација и имплементацијата на правото на ЕУ за енергетска ефикасност во комбинација со финансирање на компании, домаќинства и субјекти од јавниот сектор коишто инвестираат во енергетската ефикасност.

За крај, проширувањето на Гарантниот фонд за Западен Балкан[6] (EFSD +), наследник на тековниот Европски фонд за одржлив развој (EFSD)[7], може да се гледа како можност за привлекување на приватни средства за зголемување на зелените инвестиции во релевантни области, зајакнување на конкурентноста и отворање на нови работни места.

Поддржано од „ГЕАР – Зелена економија за развој на регионот (GEAR – Green Economy for Advanced Region) финансиран од Европската Унија во рамки на Програмата за поддршка на граѓанско општество и медиуми зa 2016-2017.


[1] Instrument for Pre-accession Assistance (IPA III), https://eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/TXT/?uri=COM%3A2018%3A465%3AFIN&cookies=disabled

[2] EU pre-accession assistance for rural development (IPARD), https://ec.europa.eu/info/food-farming-fisheries/farming/international-cooperation/enlargement/pre-accession-assistance/overview_en

[3] Western Balkans Investment Framework (WBIF), https://wbif.eu/about/about-wbif

[4] Green for Growth Fund, https://www.euneighbours.eu/en/east/stay-informed/projects/eu4energy-green-growth-fund-ggf

[5] Regional Energy Efficiency Programme (REEP) for the Western Balkans, http://www.wb-reep.org/

[6] European Fund for Sustainable Development (EFSD) Guarantee, https://www.euneighbours.eu/en/east-south/stay-informed/news/european-fund-sustainable-development-guarantee-agreements-more-eu500

[7] European Fund for Sustainable Development, https://www.europarl.europa.eu/RegData/etudes/BRIE/2019/637893/EPRS_BRI(2019)637893_EN.pdf

Биодиверзитет: Заштита и обнова на екосистемите

Биодиверзитет: Заштита и обнова на екосистемите

Западниот Балкан е област многу богата со растителни и животински видови, вклучувајќи ги и бројните ендемски видови. Таквото богатство обврзува во овој регион да бидат насочени дополнителни напори кон заштита на биодиверзитетот и екосистемите, каде што од помош можат да бидат и препораките на Зелената агенда за усогласување со законодавството на Европската унија. Земјите од Западен Балкан располагаат со многу сеопфатни и значајни решенија и политики поврзани со оваа област. Меѓутоа, постојат очигледни проблеми кога станува збор за нивната примена. Овие проблеми во голема мера може да се идентификуваат преку недостатокот на поврзување на политиките за заштита на природата со политиките поврзани со економските, деловните и други активности. Една од препораките во оваа област е соработката со земјите членки на ЕУ во областа на развивање ефикасно управување со шумарскиот сектор, како и спречување нелегален извоз на суровини од дрво во земјите на ЕУ.

Со своите стратегии земјите од регионот треба да се приближат кон Новата шумарска стратегија на ЕУ[1], којашто треба да послужи како збир на насоки за пошумување во земјите, но и да ја стимулира биоекономијата. Така, Зелената агенда го поттикнува усвојувањето и спроведувањето на мерките коишто се однесуваат на спречувањето на илегалната сеча и промовирање на создавање синџир на вредност и производство без обешумување и уништување на природните живеалишта. За остварување на овие цели, освен стратешкото планирање, особено е важна и регионалната соработка, па затоа треба да се посвети поголемо внимание на механизмите како што се работните групи за биодиверзитет во Југоисточна Европа и на тој начин заеднички да работат на зајакнување на регионалната позиција во глобалната агенда за биодиверзитет во согласност со стратешките цели на ЕУ. Размената на знаења е исто така многу важна, па затоа треба да се унапреди соработката помеѓу истражувачките центри на Западниот Балкан и Европската унија, како и да се разгледа создавањето на единствен информативен центар за биодиверзитет на Западен Балкан.

Поддржано од „ГЕАР – Зелена економија за развој на регионот“ (GEAR – Green Economy for Advanced Region) финансиран од Европската Унија во рамки на Програмата за поддршка на граѓанско општество и медиуми зa 2016-2017.


[1] New EU forest strategy for 2030, https://www.eea.europa.eu/policy-documents/the-eu-forest-strategy-com

Одржливо земјоделско производство

Одржливо земјоделско производство

На Западен Балкан, земјоделството и сродните сектори сочинуваат околу 10% од БДП, додека во некои земји земјоделството, шумарството и рибарството вработуваат околу 20% од вкупната работна сила. Во случајот со Албанија, тој удел е дури 40%. Сепак, и покрај високо богатата база на природни ресурси, земјоделскиот сектор во овие земји се соочува со многу предизвици, па големите фарми се многу ретки, а продуктивноста на трудот и приносите се многу ниски поради недоволниот технолошки развој, неприлагодувањето на производствените капацитети и објекти со модерните стандарди и слично. Во исто време, побарувачката за храна расте и во однос на квалитетот и квантитетот. Со оглед на зголемениот туристички пазар и големиот извозен потенцијал, Агендата ја нагласува важноста од примена на стандардите на Европската унија во земјоделско-прехранбениот и примарниот производствен сектор, особено во делот поврзан со безбедноста на храната, здравјето на растенијата и животните, подобрување на биолошката безбедност на сточарските фарми, превенција и негување на животните и подобрување на капацитетите за земјоделското производство.

Она што исто така треба да се направи на ова поле е зајакнување на санитарните контроли долж целиот синџир на производство на храна, како и воспоставување и одржување на електронски системи за сертификација на храната со цел да се осигура нејзината безбедност. Агендата, исто така, посочи дека треба да се работи повеќе за да се покрене свеста на потрошувачите и да се промовира концептот на одржлива исхрана. Затоа, треба да се работи повеќе на промовирање на храна чие производство е еколошки безбедно и органски одгледувано, како и на намалување на употребата на синтетички хемикалии во производството на храна: пестициди, ветеринарни лекови и ѓубрива.

Агендата, исто така, ја нагласува потребата од зајакнување на соработката помеѓу научните и образовните институции со производителите и преработувачите во земјоделско-прехранбениот сектор со цел да се олесни преминот кон иновативни и еколошки прифатливи технологии и методи за одгледување. Кога станува збор за руралните области, програмата Лидер[1] се обидува да го поттикне нивниот развој, како и модернизацијата на физичката сопственост во земјоделско-прехранбениот сектор и унапредувањето на руралната инфраструктура во рамките на ИПАРД[2]. И во овој дел се нагласува важноста од примената на обновливите извори на енергија и современата технологија со усвојување на мерки за прилагодување кон климатските промени во земјоделството.

Поддржано од „ГЕАР – Зелена економија за развој на регионот“ (GEAR – Green Economy for Advanced Region) финансиран од Европската Унија во рамки на Програмата за поддршка на граѓанско општество и медиуми зa 2016-2017.


[1] LEADER/CLLD, https://enrd.ec.europa.eu/leader-clld_en

[2] EU pre-accession assistance for rural development (IPARD), https://ec.europa.eu/info/food-farming-fisheries/farming/international-cooperation/enlargement/pre-accession-assistance/overview_en

Намалување на загадувањето на водите, почвите и воздухот

Намалување на загадувањето на водите, почвите и воздухот

Многу високата концентрација на штетни честички во воздухот главно е резултат на емисијата на гасови од индустриските постројки (како што се термоцентралите), греењето на домаќинствата на печки на дрва и јаглен, согорување на отпадот и сообраќајот во кој значителен дел учествуваат постарите возила. Преку правење напори на ова поле, земјите од Западен Балкан би требало да обезбедат континуирано следење на квалитетот на воздухот, како и преку развој на стратегии кои ќе влијаат на неговото подобрување. Според Агендата, треба да се зголеми примената на Најдобри достапни техники[1] во согласност со Директивата за индустриски емисии[2]. Она што Агендата, исто така, го поттикнува е вклучување на регионот во паневропски мрежи за намалување на загадувањето, како што се Форумот за моделирање на квалитетот на воздухот[3] и Мрежата на референтни лаборатории за квалитет на воздухот[4].

Кога станува збор за водите, заштитата на реките е под голем знак прашалник, бидејќи во урбаните средини прибирањето на отпадни води најчесто претставува голем проблем, со тоа што канализационите мрежи испуштаат претежно нетретирани отпадни води и со тоа ја загадуваат природата. Исто така, реките неконтролирано и неплански се исцрпуваат за индустријата, земјоделството и снабдувањето со вода на населението, како и за производство на енергија. Главната задача со која се соочуваат земјите од Регионот е приближување на законодавството на ЕУ во оваа област. Во овој поглед, треба повеќе да се работи на имплементација на Рамковните директиви за вода[5], како и Директивите за урбаните отпадни води[6] и екстрактивниот отпад[7], а Агендата го охрабрува склучувањето на регионални договори и протоколи за прекугранично загадување на водата и дефинирање на чекори во регионот за заедничка борба против копнените извори на загадување. Една од препораките е и поголеми вложувања во водната инфраструктура и создавање основа за одржливо управување со водите (следење и известување, планирање, координација помеѓу релевантните сектори, капацитет за проценка на влијанието, итн.). Особено внимание треба да се посвети на справувањето со отпадните води.

Што се однесува до земјиштата, нивната деградација за време на користењето е значајно прашање за многу планински области на Западниот Балкан. Борбата против деградацијата на земјиштата бара посеопфатна стратегија која треба да вклучува регенерација на деградираните земјишта, одржливо производство на храна, одржливо управување со шумите, зачувување на екосистемите и обнова на земјиштата, намалување на обешумување и уништувањето на шумите, но и ефикасно управување со отпадот. Агендата, исто така, препорачува воспоставување на регионално партнерство со што би се подобрило споделувањето на знаења и заеднички би ги утврдиле примерите на добра практика за заштита на земјиштата од загадување и деградација.

https://www.britannica.com/video/219033/Discover-Major-Kinds-of-Pollution

Поддржано од „ГЕАР – Зелена економија за развој на регионот“ (GEAR – Green Economy for Advanced Region) финансиран од Европската Унија во рамки на Програмата за поддршка на граѓанско општество и медиуми зa 2016-2017.


[1] Best available techniques (BAT), https://www.eea.europa.eu/policy-documents/best-available-techniques-bat-conclusions

[2] Industrial Emissions Directive, https://ec.europa.eu/environment/industry/stationary/ied/legislation.htm?cookies=disabled

[3] Forum on Air Quality Modelling – FAIRMODE, https://www.eea.europa.eu/themes/air/links/networks/forum-for-air-quality-modelling 

[4] Network of Air Quality Reference Laboratories – AQUILA, https://www.eea.europa.eu/themes/air/links/networks/aquila-network

[5] EU Water Framework Directive (WFD), https://ec.europa.eu/environment/water/water-framework/index_en.html?cookies=disabled

[6] Urban Waste Water Directive, https://ec.europa.eu/environment/water/water-urbanwaste/legislation/directive_en.htm?cookies=disabled

[7] Extractive Waste Directives, https://ec.europa.eu/environment/topics/waste-and-recycling/mining-waste_en

Циркуларна економија

Циркуларна економија

Без премин кон циркуларна економија, концептот на климатска неутралност предвиден со Зелениот план не може да се оствари. Циркуларната економија треба да влијае врз намалувањето на товарот и користењето на природните ресурси, а во исто време да го стимулира економскиот раст и вработувањето. За да заживее концептот на циркуларна економија, најпрво неопходно е да се направи драстичен пресврт во производствениот процес и животниот циклус на производите, од самиот дизајн, видот на суровините и енергијата којашто ќе се употребува, до потрошувачката.

Во исто време, треба да се стремиме да генерираме што е можно помалку отпад, а и доколку постои, треба да се искористи како ресурс во некое друго производство. Регионот во суштина треба да се стреми кон тоа да го сведе на минимум влијанието на потрошувачите и да ја зголеми циркуларната употреба на материјали. Една од претпоставките на кружната економија е да обезбеди одржливо управување со суровините. Затоа, за да се постигне циркуларната економија, треба да се помине долг пат на употреба на што е можно повеќе суровини и материјали коишто можат да се рециклираат, на создавање на кружни индустриски локации, нови и одржливи бизнис модели, а кога производот на крајот ќе стане отпад, да се обезбеди ефикасно рециклирање чиј резултат ќе биде висококвалитетна секундарна суровина.

Циркуларната економија го застапува иновативниот и ефикасниот начин на производство, па Зелената агенда ги охрабрува и производителите и потрошувачите да применуваат нови технологии. На прво место, Западниот Балкан треба целосно да го усогласи своето законодавство со законодавството на ЕУ за отпад, вклучувајќи го и рециклирањето и намалувањето на депониите. Со други зборови, неопходно е да се вложат големи напори за развој на одржлив начин на живот, а не само на производство, туку и за насочување на сите фактори во општеството, од потрошувачите до владата, кон одржливи решенија во сите области, а не само кога станува збор за производството.

Неопходно е да се обезбеди ефикасно прибирање и управување со отпадот, како и да се изградат капацитети за рециклирање, така што земјите ќе можат во иднина да ги користат ресурсите што моментално завршуваат на депониите. Агендата, исто така, ја нагласува важноста на регионалниот договор кога станува збор за загадувањето со пластика, при што особено внимание се посветува на прашањето за решавање на загадувањето на крајбрежјето и морињата. Воспоставувањето на политики за одржлив развој и иновации преку примена на стратегии за паметна специјализација е поставено како еден од приоритетите во оваа област.

Поддржано од „ГЕАР – Зелена економија за развој на регионот“ (GEAR – Green Economy for Advanced Region) финансиран од Европската Унија во рамки на Програмата за поддршка на граѓанско општество и медиуми зa 2016-2017.