Клима, енергија и сообраќај

Клима, енергија и сообраќај

Западен Балкан е еден од деловите на европскиот континент којшто е најпогоден од климатските промени. Постигнувањето на европската климатска неутралност до 2050-та година значи воспоставување промени со далекусежни ефекти низ целиот регион. Искуството на Европската унија во оваа област може да послужи како отскочна штица за Западен Балкан во напорите да се спротивстави на климатските промени, а истовремено намалувајќи го влијанието врз нејзиниот развој.

Зелената агенда за Западен Балкан претставува серија насоки кои меѓу другото го третираат прашањето за климатските промени, енергијата и транспортот. Кога станува збор за овие теми, на земјите од Западен Балкан им се препорачува да го усогласат своето законодавство со законодавството на Европската унија. Исто така, за овој регион потребно е да се подготви и имплементира долгорочна климатска адаптација, но и стратегии за зголемување на отпорноста, а притоа особено да се води грижи за заштита на инвестициите од негативните ефекти на климатските промени. Земјите од регионот генерално се охрабруваат да го истражат својот потенцијал за вклучување во Европската шема за тргување со емисиите на штетни гасови[1], како и да инсистираат на поголема употреба на поздрави алтернативи за фосилните горива. Овие земји, исто така, треба да работат на пристапување кон Европскиот климатски пакт[2] и да ги следат активностите преземени во рамките на истиот. Исто така, за овие земји, еден од приоритетите треба да биде и развојот на националните планови за енергија и клима. Покрај тоа, препорачливо е да се реновираат јавните и приватните згради во согласност со принципите на енергетската ефикасност, што наскоро би требало да биде поддржано од страна на ЕУ со вклучување на земјите од Западен Балкан во Европскиот бран на обнова[3].

Кога станува збор за транспортот, Западниот Балкан се соочува со многу застарена инфраструктура, неразвиена транспортна мрежа поради недоволни инвестиции и лошо одржување, железница зависна од фосилни горива и сé уште во голема мера воопшто не-електрифицирана, дотрајана и неразвиена логистика. Зелената агенда силно препорачува најпрво реформирање на железничкиот сообраќај, со што ќе се дефинираат железничките коридори, како и стратегијата за зголемување на капацитетите. Препорачливо е да се применат техничките стандарди на Европската унија за сите форми на сообраќај со развој на поеколошки начини на транспорт. На земјите од регионот, исто така, им се препорачува да развијат и спроведат регионален акционен план за олеснување на транспортот, на којшто треба да работат заедно, особено во делот којшто се однесува на граничните премини. Покрај тоа, земјите треба да спроведат акционен план за безбедност на патиштата заедно со акциониот план за патишта, вклучувајќи го и нивното одржување, како и воведување и подобрување на интелигентни транспортни системи.

Поддржано од „ГЕАР – Зелена економија за развој на регионот“ (GEAR – Green Economy for Advanced Region) финансиран од Европската Унија во рамки на Програмата за поддршка на граѓанско општество и медиуми зa 2016-2017.


[1] EU Emissions Trading System (EU ETS), https://ec.europa.eu/clima/policies/ets_en?cookies=disabled

[2] European Climate Pact, https://ec.europa.eu/clima/policies/eu-climate-action/pact_en?cookies=disabled

[3] A Renovation Wave for Europe, https://eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/TXT/?qid=1603122220757&uri=CELEX:52020DC0662&cookies=disabled

Отворен повик за ангажирање на обучувач за антикорупциски мерки и политики

Отворен повик за ангажирање на обучувач за антикорупциски мерки и политики

Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Граѓански организации во акција за климата’’ финансиран од Swedish International Development Cooperation Agency (SIDA), а спроведуван од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје, Македонското здружение на млади правници и CNVP има потреба од ангажирање на обучувач за антикорупциски мерки и политики.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Цел на активноста е спроведување на обука за антикорупциски мерки и политики за 20 лица.

ЗАДАЧИ

Обучувачот треба:

  1. Да подготви методологија и вежби за спроведување на обуката во согласност со препораките и мерките за COVID-19
  2. Да достави план за спроведување на обуката
  3. Да спроведе обука за 20 лица
  4. Да подготви извештај за спроведената обука

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ

Периодот за реализација на оваа активност изнесува 2 месеци од потпишување на договорот. Вредноста на договорот не може да надмине 2000 евра во денарска противредност во бруто износ (со вклучен персонален данок).

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, кандидатите треба да достават:

  1. Биографија (CV) со детален опис за нивното поле на експертиза
  2. Список на теми кои би се опфатиле со обуката и предлог времетраење на обуката
  3. Цена на чинење на услугата во МКД (бруто износ со вклучен персонален)

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

  1. Најмалку 5 години професионално работно искуство во релевантна област
  2. Најмалку 3 (три) претходно спроведени обуки за антикорупциски мерки и политики
  3. Одлични комуникациски/презентациски вештини

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Претходно искуство во спроведувањето на слични активности и предложена методологија- 70 бодови
  • Понудена цена за активноста- 30 бодови
    Вкупно 100 бодови.
    Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 13 септември 2021 г., 16:00 часот со назнака ,,Апликација за обучувач за антикорупциски мерки и политики“.
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Повеќе информации можете да добиете на [email protected].

Отворен повик за координатор на грантова програма

Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје отвара повик за ангажирање на грантов координатор.

Задолженијата на грантовиот координатор ќе бидат објаснети подолу во овој повик.

Повикот е отворен од 03.09.2021 година за сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат барањата од повикот и ќе ги поднесат следните документи:

• Биографија (CV)
• Контакт информации до три референци
• Мотивациско писмо


Се бара 1 лице кое ќе ги задоволи барањата од повикот. Позицијата е на полно работно време.

Прашања во врска со повикот
Сите прашања во врска со повикот слободно може да се постават на следната електронска адреса: [email protected].

Учество на повикот
Сите кандидати треба подготвената документација да ја пратат на следната електронска адреса: [email protected]. Повикот е отворен се додека не се пополни позицијата.

Повеќе информации на следниот линк.