Експлоатација или заштита на природните вредности? Дискусија за механизмите за раскинување на концесиите за мали хидроцентрали во заштитени подрачја

Експлоатација или заштита на природните вредности? Дискусија за механизмите за раскинување на концесиите за мали хидроцентрали во заштитени подрачја

Еко-свест на 9 јуни одржа тркалезна маса на тема „Постојни механизми за раскинување на концесии за мали хидроцентрали во заштитени подрачја“. Преку дискусија со претставници на релевантните институции беа утврдени следни чекори за понатамошна соработка и координација во делот на заштита на природните богатства, пред се преку утврдување на процесите за раскинување на концесии за инфраструктурни проекти во заштитени подрачја.

Правната анализа ја подготви проф. др. Игор Камбовски, кој истакна дека за раскинување на доделените и планираните концесии е потребен систематски пристап кој ќе го подигне нивото на заштита на природата во националните паркови и другите заштитени подрачја.

Беа предложени три сценарија, како што се спогодбеното раскинување преку арбитража, еднострано раскинување на договорот доколку е утврдено дека концесионерот не се придржувал до обврските од договорот или со инспекциски надзор е утврдена битна повреда на обврските од концесионерот. Анализата дополнително нуди препораки за измена на законското уредување во Законот за животна средина, Законот за заштита на природата и Законот за водите.

Целото прес соопштение за темата на тркалезната маса е достапно на следниот линк:

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР

Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје отвoра повик за ангажирање на проектен координатор за спроведување на проектни активности во доменот на енергетиката и заштитата на животната средина.

За Еко-свест

Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина.

Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со организации и институции.

Посебни цели и задачи на „Еко-свест“ се:

– Информирање за потенцијалните негативни влијанија врз животната средина и луѓето;

– Промовирање на решенија за здрави и одржливи пракси и политики во областа на заштита на животната средина и застапување на истите во процесите на креирање политики;

– Истражувања и анализи во област на заштитата на животната средина и човековото здравје;

– Промовирање и застапување за учество на јавноста во процесите на донесување одлуки во област на животната средина и поддршка на заедниците за остварување на ова право;

– Информирање и едуцирање на јавноста за можните негативни влијанија и начините за спречување и избегнување на истите врз животната средина и човековото здравје особено кај жените, децата и старите лица;

– Формирање и водење на коалиции и други тела составени од организации, експерти и институции со цел заедничко застапување за заштита на животната средина;

– Активно учество во постапките на измена и донесување на законски акти во област на заштита на животната средина;

– Спроведување на посебни активности во областите на:

  • заштита на климата
  • заштита на природата
  • заштита на медиумите на животната средина (воздух, води, почва)
  • одржлив развој на локалните заедници
  • одржлив транспорт
  • одржливи и паметни решенија за енергетскиот систем
  • одржливо управување со отпадот
  • иновации во заштитата на животната средина
  • паметно просторно планирање
  • поддршка на заедниците и активно граѓанство.

Заинтересираните треба да ги исполнуваат следните посебни услови

  • Основни познавања за работата на Еко-свест и работата во граѓанска организација или фондација;
  • Комплетирано високо образование од областа на електротехнички, општествени и природни науки;
  • Пожелно 3 (три) години работно искуство во оваа проблематика и солидно познавање од раководење на проектен циклус (PCM);
  • Познавање на енергетскиот сектор во земјата и регионот и/или познавања во секторот на заштита на животната средина, природа, водни ресурси и сл.;
  • Техничка писменост и капацитет за анализа на технички документи и студии во доменот на енергетиката и заштитата на животната средина;
  • Способност за застапување на позициите на организацијата пред донесувачите на одлуки;
  • Способност за теренска работа со засегнати локални заедници;
  • Одлично познавање на македонски јазик, познавање на англиски јазик е задолжително;
  • Поседување на извонредни комуникациски вештини (за орална и писмена комуникација) и способност за работа под притисок;
  • Искуство со административно и канцелариско работење;
  • Докажана способност да работи со компјутери, пред сè одлично познавање на програмите од пакетот на Microsoft office;
  • Возачка дозвола: Б категорија е пожелна.

Кандидатите/ките треба да ги поседуваат следните општи услови

  • за изразена комуникација (усна и писмена) и презентација;
  • за брзо прифаќање и прилагодување кон нови задачи;
  • за тимска работа во мултикултурно опкружување;
  • за превземање лидерство и предводење на активностите во тимовите;
  • за извршување повеќе задачи истовремено и за испорака во кратки рокови;
  • за уредност и организираност.
  • желба и мотив за работа во граѓанска организација која третира прашања и политики од област на животната средина и граѓанскиот активизам.

Работни задачи и одговорности

  • Кандидатот треба да анализира техничка документација (студии, анализи, извештаи, планови, проекти), закони, стратегии и други документи за потребите на кампањите на организацијата и информациите од овие анализи да ги комуницира со низа засегнати страни- владини тела, локални заедници, граѓански сектор, бизнис сектор и други);
  • Да остварува и одржува контакт со локални заедници каде работи и делува Еко-свест со цел нивна поддршка во заштитата на животната средина;
  • Да остварува и одржува контакт со експерти од различни полиња на делување;
  • Да координира спроведување на проектни активности во соработка со низа засегнати страни;
  • Да се обраќа во јавноста преку локалните и националните медиуми за потребите на активностите на Еко-свест;
  • Да спроведува проектни и програмски активности на Еко-свест;
  • Да раководи со проекти, буџети и придружна администрација;
  • Да ги почитува политиките на Еко-свести активно да соработува со персоналот на организацијата.

Работни услови

Неделното работно време е 40 часа. Со избраните кандидати ќе биде потпишан договор за вработување на определено време со пробен период од 3 месеци. Месечната нето плата, согласно политиката за плати е во рамки од 40.000 до 55.000 денари. Конкретната плата на избраниот кандидат/ката ќе биде утврдена при потпишувањето на договорот за вработување и зависи од искуството и експертизата на кандидатот.

Еко-свест овозможува низа придобивки за своите вработени и можности за нивно усовршување и надградба. Годишно за вработените се определени 25 дена одмор.

Со овој оглас Еко-свест вработува 2 (две) лица на позицијатата Проектен координатор.

Начин на пријавување и роковник

Заинтересираните кандидати/тки при пријавувањето треба да достават:

  • Mотивациско писмо (максимум од 1 страна);
  • Професионална биографија во EuropassEUформат;
  • Контакт информации за најмаку три лица/организации кои би можеле да дадат професионална препорака.

Пријавувањето се врши на електронската адреса: [email protected], а пријавата мора да се наслови со: Пријава за проектен координатор/ка.

Пријавувањето е тековно, а огласот е отворен до пополнување на позицијата.

Еко-свест ќе ги контактира само оние лица кои ќе бидат избрани за тестирање и интервју. Нецелосните и неправилните пријави нема да бидат разгледани. Изборот на кандидатите/ките ќе се изврши врз основа на Законот за работни односи. Еко-свест е рамноправен работодавач и ги почитува различностите.

МЕФ форум: Паметното енергетско планирање – алатка која го помага производството на енергија од обновливи извори

МЕФ форум: Паметното енергетско планирање – алатка која го помага производството на енергија од обновливи извори

На годинешниот Македонски Енергетски Форум кој се одржа на 30 и 31 мај, 2023 во Double Tree by Hilton во Скопје, панелот на тема: „Енергетска трансформација преку локална климатска акција“ беше организиран во соработка со Еко-свест.

Воведните поздравни говори на заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, д-р Христина Оџаклиеска и раководител на секторот за развојна соработка при Шведската амбасада во РСМ, г. Микаил Атерхог, ја најавија дискусијата која го задржа и предизвика вниманието на присутните, особено поради нејзината актуелност и условите на комплексни предизвици.

Она што го заклучивме заедно со останатите учесници-панелисти е дека политиките за клима и енергија е неопходно да се носат на транспарентен начин, што подразбира широки консултации со чинителите уште во најраните фази на процесите. Во процесот на консултации потребно е да бидат вклучени сите заинтересирани страни, почнувајќи од носителите на законско-правните рамки, административните капацитети, експертите, научната заедница како и јавниот и невладиниот сектор, бидејќи факт е дека секој од свој аспект може да се вложи во креирањето на овие политики.

Општините, односно локалната самоуправа, се уште еден важен сегмент од овој комплексен процес. Тие мора да бидат вклучени во истиот, нивниот глас треба да биде слушнат кога станува збор за носење на стратешки документи за енергија и клима. Овој баланс може да биде постигнат само со добра комуникација и соработка помеѓу централните и локалните власти, со граѓанскиот сектор како неопходна нишка меѓу двете.

Паметното енергетско планирање е алатка која го помага производството на енергија од обновливи извори и ги штити природните богатства, со цел спречување на каква било штета врз локалните заедници и богатата биолошка разновидност на земјата. Многу пати претходно имаме напоменато, а овој панел не беше исклучок, дека искористувањето на енергијата на сонцето и ветерот како обновливи извори, е поставено како амбициозна цел при креирањето на Националниот план за енергија и клима (NECP).

Крајниот заклучок е дека имаме доволно финансии за спроведување на мерките за енергетска ефикасност, но потребно е планирање и зајакнување на капацитетите на општините со цел нивно искористување. Тие мора да бидат интегрирани во процесот на енергетското планирање доколку сакаме да видиме реални резултати во поглед на одржливиот енергетски развој на земјата.