Новата студија открива двојно повеќе земјиште кое е потребно за да се задоволат потребите за електрична енергија во земјата без непотребно влијание врз природата и локалните заедници.
Скопје, 6 октомври 2023 година – Македонскиот енергетски сектор има потенцијал од најмалку 11 GW за сончева фотоволтаична енергија и 0.35 GW за енергија од ветер на деградирано и неупотребливо земјиште, со што на земјата ѝ се овозможуваат услови да стане лидер во регионалните напори за декарбонизација. Ваквиот потенцијал го потврдува студијата објавена денеска, спроведена од тим експерти од Македонската академија на науките и уметностите, The Nature Conservancy и граѓанската организација Еко-свест.
Студијата резултираше со мапа на одржливи локации, првенствено на некорисно и загадено земјиште, за развој на обновливите извори на енергија во Македонија. Доколку инвестициите се насочат кон соларни и ветерни електрани на само половина од овие одредени локации, овие проекти би можеле да генерираат 7,7 терават-часови електрична енергија годишно.
Како дел од Алијансата за борба напуштање на јагленот (Powering Past Coal Alliance), Македонија се обврза на постепено укинување на употребата на јаглен до 2027 година, додека Националниот план за енергија и клима (NECP) предвидува зголемување на уделот на обновливите извори на енергија во бруто потрошувачката на енергија на 38% до 2030 година. Ваквите амбициозни цели бараат забрзување на развојот на обновливите извори на енергија. Со цел забрзување на овој процес без избрзување, студијата идентификуваше локации кои не се во области со значителна биолошка разновидност, не се од голема еколошка вредност и не се критични за благосостојбата на локалните заедници.
СОЛАРЕН ПОТЕНЦИЈАЛ Се проценува дека 50 GW соларна фотоволтаична инсталирана моќност може да се развие во области со оцена повисока од 4,2 означени со темно црвена боја, или 11 GW доколку не се земат предвид областите значајни за растенијата и локациите кои се значајни за птиците.
Студијата промовира локации за поставување на оновливи извори на енергија на рудници и деградирани површини, кои исто така имаат значителен енергетски потенцијал. Ваквите локации ги намалуваат негативните влијанија врз природата и обезбедуваат работни можности, особено важни за праведна транзиција во поранешните рударски региони. Значаен пример за овој пристап е соларниот парк Осломеј, изграден на територијата на поранешен рудник за лигнит. Тој е веќе делумно функционален и по завршувањето ќе има инсталирана моќност од 120 MW.
,,Се радувам на фактот дека знаењето и алатките за побрза транзиција кон обновливи извори на енергија стануваат сѐ подостапни. Токму тоа е една од задачите на оваа студија, да се посочат одржливи локации за производство на обновлива енергија за да можеме да го избегнеме непознаниците и потенцијалните препреки на патот кон брзата енергетска транзиција’’, вели Игор Вејновиќ од The Nature Conservancy.
,,Со оглед на тековната општествено-политичка клима која го поддржува развојот во областа на обновливите извори на енергија, веруваме дека резултатите од оваа студија можат да бидат главна насока за постигнување на нашите цели. Затоа, се надеваме дека ќе ги видиме овие мапи интегрирани во идните верзии на клучните стратешки документи како што се Стратегијата за енергетика на Македонија, Националниот план за енергија и клима (NECP) и плановите за аукции во областа на обновливите извори на енергија на одредени локации’’, заклучува Вејновиќ.
ВЕТЕРЕН ПОТЕНЦИЈАЛ Околу 457 MW инсталирана моќност на ветерни централи може да се развијат во области со оценка повисока од 3,7 означени со темно виолетова боја, или 354 MW доколку не се земат предвид областите значајни за растенијата и локациите кои се значајни за птиците.
Нарушувањата во енергетскиот систем на Европа, како резултат на руската инвазија на Украина, поттикнаа бројни европски земји значително да го забрзаат распоредувањето на обновливите извори на енергија, диверзифицирајќи ги нивните енергетски извори и со тоа зајакнување на енергетската безбедност. Сеопфатните мерки што ќе ги спроведе Европската унија за да се забрза енергетската транзиција се составен дел на планот RePowerEU.
,, ,,Резултатите од студијата нудат можности не само за носителите на одлуки, туку и за инвеститорите. Користењето на наодите од методологијата и креираните мапи, им овозможува преглед за тоа кои локации се најдобри и каде да го насочат нивното внимание. Со тоа можат да си обезбедат намалување на потенцијалните предизвици, ризиците и доцнењата и да обезбедат гаранции дека нивните проекти се усогласени со барањата за заштита на животната средина и избегнување на конфликтни ситуации со локалната заедница’’, вели д-р Александар Дединец од Македонската академија на науките и уметностите, додавајќи, ,,Пристапот за паметно планирање може да им помогне на инвеститорите да бидат проактивни и да направат информиран избор во областите со низок ризик’’.
Студијата беше спроведена како дел од проектот ,,Паметно енергетско планирање“, што произлегува од успешната соработка која ефективно ја комбинира стручноста на локалните експерти со меѓународното искуство. Истражувањето опфати јавна анкета и три фокус групи, собирајќи 35 засегнати страни од регионалните и општинските власти, земјоделскиот и енергетскиот сектор, како и граѓанските организации фокусирани на животната средина, биолошката разновидност и намалувањето на сиромаштијата. Проектниот тим се согласува дека соработката меѓу широк спектар на експерти, институции, инвеститори, проектанти, граѓански огранизации и локални заедници е клучна за успешна енергетска транзиција.
,,Без разлика дали се работи за прилагодување на нашите стратегии, усовршување на методологиите или споделување конструктивни предлози, ги покануваме сите заинтересирани страни да се ни се придружат. Взаемната соработка не само што може да го подобри нашиот пристап, туку и да инспирира нови иновативни решенија за одржлива енергетска транзиција’’, вели Ана Чоловиќ Лешоска д Еко-свест.
Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје отвoра повик за ангажирање на проектен асистент за спроведување и поддршка на проектни активности.
За Еко-свест
Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина.
Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со организации и институции.
Посебни цели и задачи на „Еко-свест“ се:
– Информирање за потенцијалните негативни влијанија врз животната средина и луѓето;
– Промовирање на решенија за здрави и одржливи пракси и политики во областа на заштита на животната средина и застапување на истите во процесите на креирање политики;
– Истражувања и анализи во област на заштитата на животната средина и човековото здравје;
– Промовирање и застапување за учество на јавноста во процесите на донесување одлуки во област на животната средина и поддршка на заедниците за остварување на ова право;
– Информирање и едуцирање на јавноста за можните негативни влијанија и начините за спречување и избегнување на истите врз животната средина и човековото здравје особено кај жените, децата и старите лица;
– Формирање и водење на коалиции и други тела составени од организации, експерти и институции со цел заедничко застапување за заштита на животната средина;
– Активно учество во постапките на измена и донесување на законски акти во област на заштита на животната средина;
– Спроведување на посебни активности во областите на:
заштита на климата
заштита на природата
заштита на медиумите на животната средина (воздух, води, почва)
одржлив развој на локалните заедници
одржлив транспорт
одржливи и паметни решенија за енергетскиот систем
одржливо управување со отпадот
иновации во заштитата на животната средина
паметно просторно планирање
поддршка на заедниците и активно граѓанство.
Заинтересираните треба да ги исполнуваат следните посебни услови
Основни познавања за работата на Еко-свест и работата во граѓанска организација или фондација;
Комплетирано високо образование;
Најмалку 2 (две) години работно искуство;
Познавање на секторот на заштита на животна средина во земјата и регионот;
Техничка писменост;
Способност за теренска работа со засегнати локални заедници;
Одлично познавање на македонски јазик, познавање на англиски јазик е задолжително;
Поседување на извонредни комуникациски вештини (за орална и писмена комуникација) и способност за работа под притисок;
Искуство со административно и канцелариско работење;
Докажана способност да работи со компјутери, пред сè одлично познавање на програмите од пакетот на Microsoft office;
Искуство со работа во тимови;
Возачка дозвола: Б категорија е пожелна.
Кандидатите/ките треба да ги поседуваат следните општи услови
за изразена комуникација (усна и писмена) и презентација;
за брзо прифаќање и прилагодување кон нови задачи;
за тимска работа во мултикултурно опкружување;
за превземање лидерство и предводење на активностите во тимовите;
за извршување повеќе задачи истовремено и за испорака во кратки рокови;
за уредност и организираност.
желба и мотив за работа во граѓанска организација која третира прашања и политики од област на животната средина и граѓанскиот активизам.
Работни задачи и одговорности
Планирање на проектни активности и ресурси во рамки на проектот,
Следење на активностите и нивната реализација
Координација и комуникација во проектниот тим и со проектните партнери (доколку го има),
Дава поддршка во подготовката на проектни буџети и финансиски и наративни извештаи кон донаторите
Подготвува интерни налози за исплата,
Спроведува постапки за набавки и подготвува повици
Дава поддршка во подготовката на патни налози и спроведеување на активности,
Спроведува и други активности како поддршка на проектните координатори, Раководители со програми и Извршниот директор, во однос на организирање на настани, логистичка и техничка поддршка и сл.
Врши други работи по потреба и по задолжение на Извршниот директор
Дава редовно известување за својата работа на Раководителот на финансии, Раковидителот на програми и Извршниот директор.
Работни услови
Неделното работно време е 40 часа. Со избраниот кандидат ќе биде потпишан договор за вработување на определено време. Месечната нето плата, согласно политиката за плати е во рамки од 30.000 до 50.000 денари. Конкретната плата на избраниот кандидат/ката ќе биде утврдена при потпишувањето на договорот за вработување. Еко-свест овозможува 25 дена годишен одмор, услови за усовршување и напредување во организацијата.
Начин на пријавување и роковник
Заинтересираните кандидати/тки при пријавувањето треба да достават:
Контакт информации за најмаку три лица/организации кои би можеле да дадат професионална препорака.
Пријавувањето се врши на електронската адреса:[email protected], а пријавата мора да се наслови со: Пријава за проектен асистент.
Огласот е тековен до пополнување на работната позиција.
Еко-свест ќе ги контактира само оние лица кои ќе бидат селектирани за тестирање и интервју. Нецелосните и неправилните пријави нема да бидат разгледани. Изборот на кандидатите/ките ќе се изврши врз основа на Законот за работни односи. Еко-свест е рамноправен работодавач и ги почитува различностите.
Како резултат на повеќе последователни консултации со широка група на засегнати страни, Еко-свест креираше документ- Патоказ за заштита на природата. Неговата намена е да постави насоки и да ги идентификува неопходните активности во секторот природа, да биде поддршка за креаторите на политики, државните институции, управителите со заштитени подрачја, како и граѓанските организација, со цел преземање на синхронизирана и заедничка акција за подобра заштита на нашата најголема вредност- природата.
Еко-свест започнува дополнителни консултации заради заземање заеднички став на сите чинители и сеопфатно надминување на предизвиците во управувањето со заштитата на природата.
За таа цел, Еко-свест ги поканува сите заинтересирани страни да дадат свој придонес кон документот и да достават коментари, предлози, забелешки и идеи за заштита на природните вредности.
Предлог-Патоказот за заштита на природата е достапен на линкот, а ќе биде отворен за консултации до 30.10.2022 година. Со поддршка од сите релевантни чинители, документот ќе биде доставен и до надлежните институции- МЖСПП и Владата на РСМ, со барање да се усвои нов пристап кон политиките за заштита на природата.
Документот е изготвен во проектот „Заштитени подрачја за луѓето и природата (PA4NP II)“, спроведуван регионално од страна на WWF Adria, а во Северна Македонија во партнерство со Еко-свест. Проектот се состои од две главни теми на делување- ефективност на заштитените подрачја и зајакнување на граѓанскиот сектор во доменот на заштита на природата.
Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје има потреба од ангажирање на компанија коja би изработила и спровела :
Медиумска кампања за спречување на негативните влијанијата од изградбата на малите хидроелектрани.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на активноста е информирање и едукација на граѓаните во земјата за прашања поврзани со изградбата на мали хидроелектрани како и институциите на власта за можностите да се ублажи и избегне штетата врз животната средина. Кампањата треба да придонесе кон зголемување на свесноста на граѓаните и претставниците на надлежните институции и да предизвика акција во насока на ублажување и превенција на штетите врз природата и водните ресурси во нашата држава.
ЗАДАЧИ НА КОМПАНИЈАТА
Да соработува и да ги следи насоките за изработка и спроведување на кампањата од лицето назначено за комуникација од Еко-свест.
Да изработи маркетинг план (за дигитални и традиционални медиуми) и визуелен идентитет на кампањата во согласност со насоките од нарачателот.
Да го презентира маркетинг планот и визуелен идентитет на кампањата пред нарачателот и да го модифицира во согласност со дадените насоки од нарачателот.
Да спроведе медиумска кампања согласно темата и договорот во времетраење од 4 месеци.
Да изработи детален извештај за постигнатите резултати и да го достави на нарачателот.
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Компанијата ќе има период на реализација на активноста од 4 месеци од денот на склучениот договор.
Времето на спроведување на кампањата е 4 (четири) месеци.
Вредноста на договорот не може да надмине 18000 евра во денарска противредност (со вклучен ДДВ).
ПОСТАПКА НА АПЛИЦИРАЊЕ
Во постапката се планирани два круга.
Круг 1.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
При аплицирањето, заинтересираните компании треба да достават:
1. Краток опис на компанијата
2. Портфолио со сработени медиумски кампањи
3. Биографија на три лица/ членови на тимот со искуство во изработка и спроведување на кампањи, односи со јавност, маркетинг и работа на социјални медиуми, кои би биле ангжирано на активноста
4. Тековна состојба не постара од 6 месеци
5. Финансиска понуда
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
Во првиот круг Комисијата за избор на најдобар понудувач ќе избере најмногу 4 компании кои ќе преминат во вториот круг.
Круг 2.
Во вториот круг, избраните компании ќе бидат поканети на информативна сесија на која во детали ќе им бидат образложени целите на кампањата, целните групи како и саканите резултати. Компаниите ќе имаат 7 дена да достават предлог концепт и активности како и визуелен идентитет за кампањата до Нарачателот (на македонски јазик во електронска форма).
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ
Компанијата која аплицира мора да ги исполнува следниве критериуми:
Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република С. Македонија, и постои најмалку 2 години.
ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Комисијата за избор ќе ги извести избраните компании од првиот круг за денот и времето на одржувањето на информативната сесија. Комисијата ќе ги извести избраните компании од првиот круг за исходот на вториот круг, односно за компанијата која била избрана на повикот.
Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
Во првиот круг:
– Претходно искуство на компанијата 50 бодови
– Биографии на персоналот 50 бодиви
Вкупно 100 бодови.
Во вториот круг:
Предлог концепт- иновативност на пристапот- 40 бодови
Предлог концепт- вредност за понудената цена 30 бодови
Предлог концепт- идејно решение- 30 бодови
Вкупно 100 бодови.
Договор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број бодови во вториот круг.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда (предвидена за аплицирање во првиот круг) апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 13.09. 2021 г., со назнака Апликација за кампања.
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.
Повеќе информации можете да добиете на тел. 02 3217 247 или на [email protected]
Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, како официјален партнер на WWF Adria во Македонија во рамки на проектот „Заштитени подрачја за луѓето и природата II“, финансиран од Шведската агенција за меѓународен развој- СИДА има потреба од ангажирање на компанија коja би изработила и спровела :
Медиумска кампања во насока на подигнување на свесноста на граѓаните за заштита на природата.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на активноста е информирање и едукација на граѓаните во земјата за прашања поврзани со заштитата на природата, заштитените подрачја и значењето на истите, како и потребните механизми за обезбедување заштита на природните вредности и реткости во Македонија. Повеќе детали за кампањата има во Анекс 1.
ЗАДАЧИ НА КОМПАНИЈАТА
Да соработува и да ги следи насоките за изработка и спроведување на кампањата од лицето назначено за комуникација од Еко-свест. Подетални насоки се дадени во Анекс 1.
Да изработи дигитален маркетинг план и визуелен идентитет на кампањата во согласност со насоките од нарачателот.
Да го презентира дигиталниот маркетинг план и визуелен идентитет на кампањата пред нарачателот и да го модифицира во согласност со дадените насоки од нарачателот.
Да спроведе медиумска кампања согласно темата и договорот во времетраење од 5 месеци.
Да изработи извештај за постигнатите резултати и да го достави на нарачателот.
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Компанијата ќе има период на реализација на активноста од 5 месеци од датумот на одобрување на презентираниот дигитален маргетинг план и визуелен индентитет за кампањата.
Времето на изработка на дигиталниот маркетинг план е 7 (седум) дена од потпишување на договорот.
Вредноста на договорот не може да надмине 3200 евра во денарска противредност (со вклучен ДДВ).
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
При аплицирањето, заинтересираните компании треба да достават:
1. Краток опис на компанијата.
2. Портфолио со сработени кампањи за дигитални медиуми.
3. Биографија од најмалку едно лице со искуство во изработка и спроведување на кампањи, односи со јавност, маркетинг и работа на социјални медиуми, кое би било ангжирано на активноста
4. Предлог концепт за медиумска кампања со предложени форми на комуникација
5. Тековна состојба не постара од 6 месеци
6. Финансиска понуда.
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ
Компанијата која аплицира мора да ги исполнува следниве критериуми:
Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република С. Македонија, и постои најмалку 2 години.
ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе ги извести само оној кандидат чија понуда ќе биде избрана. Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
– Претходно искуство на компанијата 30 бодови.
– Предлог концепт за медиумска кампања 50 бодови.
– Понудена цена 20 бодови.
Вкупно 100 бодови.
Договор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број бодови.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 02.04. 2021 г. До 16:00 часот, со назнака Апликација за кампања.
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.
Повеќе информации можете да добиете на тел. 072726104.
Регионалниот проект „Заштитени подрачја за природата и луѓето II“ е реализиран од WWF Adria со поддршка од Шведската Агенција за Меѓународна Развојна Соработка (SIDA).
Анекс 1.
Концепт за јавна кампања за заштита на природата
Имплементирана од WWF Adria
Опсег: Национален
Времетраење: 5 месеци
Медиуми: Социјални мрежи, радио ТВ, пишани медиуми, електронски портали.
Целна група: граѓаните на Македонија.
Теми на кампањата:
Кои се WWF и која е нивната цел?
Зошто е важна природата за човекот?
Кои се заканите по природата предизвикани од човекот?
Како секој да ја заштити природата?
Национално богатство- со што да се гордееме?
Факти за нашите заштитени подрачја и нивните специфики.
Наоди од истражувачко новинарство (спроведено во рамки на проектот)
Потребите од финансии за заштита на природа
Потреба од Завод за природа
Модус на спроведување:
Планирано е да се работи со искусна ПР/маркетинг компанија за генерирање на содржини на темите кои се наведени погоре. Потребно е да се креираат постови со слики (memes) кои ќе се користат на социјалните мрежи, да се подготват кратки видео изјави кои ќе се користат на социјалните и ТВ медиуми, како и да се организира серија пишани написи и гостувања на ТВ и радио на оваа тема. Учество во кампањата ќе земат и претставници од државни институции и граѓански организации.
Се очекува најмалку 30 генерирани постови, 3-5 видео изјави, најмалку 3 гостувања на ТВ и радио и најмалку 25 написи на различни теми во пишаните (онлајн) медиуми.
Посебен акцент да се стави на одбележување на деновите на екологијата во периодот април- август, со тоа што може да се испланира одбележување на деновите во партнерство во различно заштитено подрачје или граѓанска организација. Овие денови се 22 април, 8 мај, 21 мај, 22 мај, 24 мај, 5 јуни.
Најнови коментари