by Darko Kitanoski | Dec 9, 2025 | Еко-свест Вевчани, Објави, Повици, Природа
За потребите на своите проекти во доменот на заштитата на природата, Еко-свест има потреба од ангажирање на компанија за спроведување на анкета со репрезентативен примерок на ниво на целата држава и на регионално ниво со опфат на планината Јабланица и нејзината околина.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Целта на активноста е спроведување на репрезентативна анкета на ниво на целата држава и на нивото на планината Јабланица и нејзината околина за истражување на ставовите на граѓаните за волците.
Анкетата има за цел да обезбеди податоци кои ќе послужат како основа за понатамошна анализа, препораки и активности за заштита на природата, биодиверзитетот и крупните месојади како и за зголемено граѓанско учество.
ЗАДАЧИ НА ИЗБРАНАТА КОМПАНИЈА
Подготовка и планирање
- Целосно запознавање со целта и протоколите на проектот;
- Преглед и усогласување на учесниците, методологија за анкета и регрутација на учесници;
- Разработка на интерен временски план.
Спроведување на репрезентативна анкета
- Организација и реализација на анкета врз репрезентативен примерок од населението во Македонија;
- Дополнителен фокус на регионот околу планината Јабланица;
- Консултации со тимот на Еко-свест за методологијата и формулирањето на прашалникот;
- Сегментирање по демографски и социо-економски критериуми;
- Анализа и презентација на резултатите.
Доставување необработени податоци
- Доставување на Excel документ со сите влезни податоци од анкетата.
Крајна достава
- Доставување на финален извештај од репрезентативната анкета на ниво на целата држава и регионот на Јабланица, кој ќе содржи методологија, обработени резултати и заклучоци, најдоцна до 31.01.2026 година;
- Извештајот треба да биде подготвен на македонски јазик и доставен во електронска форма.
ВРЕМЕНСКА РАМКА
- Репрезентативната анкета на ниво на целата држава и регионот околу планината Јабланица треба да се реализира во периодот од декември 2025 до јануари 2026 година, со предавање на финален извештај најдоцна до 31 јануари 2026 година.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Заинтересираните компании треба да достават:
- Краток опис на компанијата, портфолио со претходно искуство и краток план за спроведување на активностите (не повеќе од 1 страна);
- Тековна состојба не постара од 6 месеци;
- Финансиска понуда;
- Пополнета изјава (Анекс 1)
Од избраниот понудувач, освен горенаведените податоци, ќе се побара да достави дополнителна документација која вклучува тековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; завршна сметка за 2024 (за правни лица); pотврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица; уверение за платени даноци и придонеси; изјави за доверливост и непостоење на конфликт на интереси од страна на избраниот кандидат (физичко лице) или изјава дека ги исплонува критериуме за учество (правно лице); биографии (CV) на консултантите; листа на референци/портфолио.
КРИТЕРИУМИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Компанијата мора да ги исполнува следниве критериуми:
- Активна компанија, здружение или фондација формирано/а согласно Законите во С. Македонија, и постои најмалку 3 години;
- Претходно искуство во подготовка, реализација и обработка на анкети на репрезентативен примерок.
ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Претходно искуство во спроведување на слични активности – 70 бодови
- Понудена цена за активноста – 30 бодови
Вкупно: 100 бодови. Договор ќе биде склучен со компанијата која освои најголем број бодови во сооднос квалитет на понуда и цена.
ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ
Комплетната понуда, апликатите треба да ја испратат на е-маил: [email protected] најдоцна до 16 декември 2025 година до 16:00 часот, со назнака Пријава за анкета.
Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот.
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Еко-свест ќе го контактира избраниот понудувач, не подоцна од 7 дена од истекот на периодот за доставување на понуда.
by Darko Kitanoski | May 28, 2025 | Повици
Основни информации
Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест од Скoпје во рамки на проектот “We grow with the flow – Youth for rivers” финансиран од Agence Française de Développement – AFD, има потреба од туристички услуги од компании.
Цел и задачи
Ангажираната компанија ќе биде одговорна за организирање на следниве работи:
- Обезбедување сместување за 40 учесници со 6 ноќевања, првиот ден при пристигнувањето само со вечера, од вториот до шестиот ден со полн пансион и седмиот ден при заминување, само со доручек;
- Учесниците можат да бидат сместени и во повеќекреветни соби.
- Обезбедување на просторија за работа на учесниците, за 4 денови, опремена со проектор и флипчарт.
- Обезбедување на две кафе паузи во денот, за четирите денови додека се работи.
- Сите учесници треба да бидат сместени во ист хотел, кој се наоѓа во рамките на Националниот Парк Маврово;
- Организација на превоз за еднодневна екскурзија до селото Тресонче и Тресонечка Река;
- Сместувањето ќе биде потребно во втората половина на септември 2025 година.
Временска рамка за доставување на понуда
Периодот за доставување понуди е од денот на објавување на отворениот повик до 13.06.2025 година 16:00 часот.
По истекот на овие 7 дена Еко-свест ќе оформи комисија која ќе биде задолжена за избор на најдобра понуда.
Еко-свест ќе го контактира избраниот понудувач, не подоцна од 7 дена од истекот на периодот за доставување на понуда.
Потребна документација за пријавување
Заинтересираните компании треба да достават:
- Понуда за туристички услуги со вклучен ДДВ
- Потпишана изјава (види Анекс 2)
- Кратко портфолио на компанијата
- Тековна состојба не постара од 6 месеци
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
Напомена!
Еко-свест ќе бара од избраниот понудувач пред склучување на договор за соработка да ја достави следната документација:
Tековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; потврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица; уверение за платени даноци и придонеси; изјава дека ги исполнува критериумите за учество; биографии (CV) на консултантите; листа на референци/портфолио.
Критериуми за понудувачите
Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република Северна Македонија, и постои најмалку 5 години.
На повикот може да се пријават правни лица кои ги исполнуваат наведените правни и технички услови.
Доверливост
Сите информации кои се поврзани со оценка на понудите нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во процесот на селекција, дури и по завршување на процесот на избор. Сите податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат, прибираат, споделуваат за други цели надвор од овој повик и целта на истиот.
Пријавување и контакт информации
Понудите треба да се испратат на email: [email protected] најдоцна до 13.06.2025 година до 16:00 часот, со назнака Доставување на понуда. Евентуални прашања за повикот можат да се достават до [email protected] најдоцна до 11.06.2024 година.
Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и доставени до сите поканети понудувачи и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот. Нецелосните понуди, односно понудите испратени после предвидениот рок за аплицирање, нема да бидат земени во предвид.
Евалуација на кандидатите
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
Портфолио на компанијата – 30 бодови
Финансиска понда – 70 бодови
Вкупно 100 бодови
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најмногу бодови, не подоцна од 30.06.2025.
by Darko Kitanoski | Aug 6, 2024 | Еко-свест Вевчани, Објави, Повици, Природа
Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ во рамки на проектот „Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански Извори “ финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, објавува повик за ангажирање на консултант/и за развој и брендирање на производи од природата.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Целта на оваа активност е промовирање на Споменикот на Природата “Вевчански Извори”, брендинг и промовирање на производи кои потекнуваат од шумските плодови кои можат да се најдат во рамките на Заштитеното подрачје, да се создаде препознатливост на производите и да се обезбеди одржливост на производите.
ЗАДАЧИ
Избраниот кандидат треба:
- Да соработува со тимот на Еко-свест во Вевчани.
- Да соработува со креаторот на нови продукти од природата кои ќе бидат цел на брендингот и маркетингот.
- Да креира име и лого на најмалку 2 производи.
- Да креира визуелен идентитет за производите и да даде насоки за пакувањето на истите.
- Да креира приказна за производите базирана на историја, традиција и вредности.
- Да изработи насоки за маркетинг на најмалку 2 производи.
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Крајниот рок за реализација на оваа услуга е 31.12.2024 година
Вкупната вредност на договорот не смее да надмине вредност од 1000 евра во денарска противвредност, со вклучен персонален данок, доколку понудувачот е индивидуално лице. Износот не вклучува ДДВ.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
- Кратка биографија (CV).
- Портфолио од најмалку три искуства поврзани со брендинг и маркетинг на прозиводи од природно потекло.
- Финансиска понуда.
- Пополнета Потврда за посветеност и Декларација за судир на интереси за индивидуални и физички лица (Анекс 1) или Изјава од понудувач (Анекс 2) за правни лица.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Понуди треба да бидат доставени најдоцна до 27.08 2024 година, до 16:00 часот, на е-маил [email protected] со назнака Апликација за брендирање и маркетинг на производи од природата.
Повеќе информации можете да добиете на телефон +38978449209 или на е-маил [email protected] најдоцна до 20.08.2024 година. Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и доставени до сите поканети понудувачи и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот. Нецелосните понуди, односно понудите испратени после предвидениот рок за аплицирање, нема да бидат земени во предвид.
ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Кратка биографија и референтни проекти – 60 бодови
- Финансиска понда – 40 бодови
Вкупно 100 бодови
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најмногу бодови, не подоцна од 15.09.2024.
by Darko Kitanoski | Apr 12, 2024 | Повици
Центарот за истражување и информирање за животна средина ,,Еко-свест’’ од Скопје преку локалната канцеларија Вевчани во рамки на проектот „Поддршка на одржливо управување со Заштитеното подрачје Вевчански извори” поддржан од ПОНТ (Prespa Ohrid Nature Trust) има потреба од ангажирање на правно лице за подготовка и печатење на едукативни публикации.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Ангажираната компанија ќе биде одговорна за подготовка и печатење на три едукативни публикации.
ЗАДАЧИ
Избраната компанија треба да ги подготви и испечати следниве публикации:
- Споменик на природата Вевчански Извори – природата во очите на децата (33 страници вклучувајќи ги и работните листови + корица);
- Споменик на природата Вевчански Извори – игралиште за млади истражувачи (56 страници вклучувајќи ги и работните листови + корица);
- Споменик на природата Вевчански Извори – експериментално поле за млади научници (63 страници вклучувајќи ги и работните листови + корица).
На избраниот понудувач материјалите ќе му бидат доставени во pdf документи на македонски јазик.
Публикациите треба да бидат испечатени во А4 формат. Материјалите од кои треба да се испечатат публикациите треба да бидат од еколошка хартија (FSC), принтот да биде во фул колор, без користење на хемикалии и пластика. Исто така публикациите треба да бидат поиздржливи и прилагодени за користење во надворешни услови, затоа што најчесто ќе бидат користени во природа.
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Крајниот рок за реализација на оваа услуга е една недела од потпишувањето на договорот.
Вкупната вредност на оваа услуга не смее да надимне 2500 евра. Проектот е ослободен од ДДВ.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
- Краток опис на компанијата (портфолио);
- Најмалку три референтни проекти слични на бараната услуга;
- Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 месеци;
- Биографија од најмалку едно лице со искуство во дизајнирање кое би било ангажирано за активноста;
- Финансиска понуда – износ без ДДВ (анекс 1);
- Пополнета изјава (анекс 2).
Компанијата мора да ги исполнува следниве критериуми:
- Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република С. Македонија, и постои најмалку 3 години.
Во понудата задолжително треба да се наведе единечната цена, како и предложениот тираж за секоја публикација. Сите цени треба да се достават без вклучен ДДВ, заедно со временскиот рок за извршување на услугата.
Понудите треба да се достават по електронски пат на македонски јазик.
Од избраниот понудувач, освен горенаведените податоци, ќе се побара да достави дополнителна документација која вклучува тековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; завршна сметка за 2023 (за правни лица); pотврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица; уверение за платени даноци и придонеси; изјави за доверливост и непостоење на конфликт на интереси од страна на избраниот кандидат (физичко лице) или изјава дека ги исплонува критериуме за учество (правно лице); биографии (CV) на консултантите; листа на референци/портфолио.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Понуди треба да бидат доставени најдоцна до 19.04.2024 година, до 16:00 часот, на е-маил [email protected] со назнака Апликација за печатење на публикации.
Повеќе информации можете да добиете на телефон +38978449209 или на е-маил [email protected] Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот.
Нецелосните понуди, односно понудите испратени после предвидениот рок за аплицирање, нема да бидат земени во предвид.
ЕВАУЛАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Портфолио и референтни проекти – 40 бодови
- Понудена цена – 60 бодови
Вкупно 100 бодови
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најголем број бодови.
by Darko Kitanoski | Jan 25, 2024 | Повици
Центарот за истражување и информирање за животна средина ,,Еко-свест’’ од Скопје преку локалната канцеларија Вевчани во рамки на проектот „Поддршка на одржливо управување со Заштитеното подрачје Вевчански извори” поддржан од ПОНТ (Prespa Ohrid Nature Trust) има потреба од ангажирање на правно лице за подготовка на дизајн и печатење на публикации.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Ангажираната компанија ќе биде одговорна за дизајн и печатење на три публикации со едукативни активности.
ЗАДАЧИ
Избраната компанија треба да ги дизајнира и испечати следниве публикации:
- Natural monument Vevčanski izvori – nature seen through the eyes of children, A practical guidebook for kindergarten teachers on outdoor activities (23 страници + 5 работни листови + Корица).
- Natural monument Vevčanski izvori – a playground for young explorers, A practical guidebook for teachers (1st to 5th grade) on outdoor activities (34 страници + 10 работни листови + Корица).
- Natural monument Vevčanski izvori – an experimental field for young scientists, A practical guidebook for teachers (6th to 9th grade) on outdoor activities (35 страници + 9 работни листови + Корица).
На избраниот понудувач материјалите ќе му бидат доставени во word документи на македонски јазик, со насоки од авторките за изгледот на публикациите. Понудувачот исто така ќе добие писмени насоки и илустрации во pdf документи од авторките на публикациите за изгледот и содржината на работните листови. Понудувачот треба да го предложи тиражот за секоја од трите публикации, во рамки на буџетот предвиден за оваа активност.
Публикациите треба да бидат во А5 формат. Материјалите од кои треба да се испечатат публикациите треба да бидат од еколошка хартија, принтот да биде во фул колор, без користење на хемикалии и пластика. Исто така публикациите треба да бидат поиздржливи и прилагодени за користење во надворешни услови, затоа што најчесто ќе бидат користени во природа.
Дизајнот на публикациите треба да биде практичен и лесно разбирлив за крајните корисници кои најчесто ќе бидат наставници, едукатори и ученици. Публикациите ќе треба да бидат дизајнирани и прилагодени за електронска pdf верзија, како и печатена верзија.
Целокупните детали за бараната услуга можете да ги видите во анекс 3. Опис на работната задача.
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Крајниот рок за реализација на оваа услуга е 20.03.2024 година.
Вкупната вредност на овој договор не смее да надмине 6000 евра во денарска противвредност. Проектот е ослободен од ДДВ.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
- Краток опис на компанијата (портфолио);
- Најмалку три референтни проекти слични на бараната услуга;
- Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија не
- постара од 6 месеци;
- Биографија од најмалку едно лице со искуство во дизајнирање кое би било ангажирано за активноста;
- Финансиска понуда (анекс 1);
- Пополнета изјава (анекс 2).
Компанијата мора да ги исполнува следниве критериуми:
- Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република С. Македонија, и постои најмалку 3 години.
Во понудата задолжително треба да се наведе единечната цена, како и предложениот тираж за секоја публикација, заедно со цената за целокупниот дизајн за сите три публикации. Сите цени треба да се достават без вклучен ДДВ, заедно со временскиот рок за извршување на услугата.
Понудите треба да се достават по електронски пат на македонски јазик.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Понуди треба да бидат доставени најдоцна до 02.02 2024 година, до 16:00 часот, на е-маил [email protected] со назнака Апликација за дизајн и печатење на публикации.
Повеќе информации можете да добиете на телефон +38978449209 или на е-маил [email protected] Нецелосните понуди, односно понудите испратени после предвидениот рок за аплицирање, нема да бидат земени во предвид.
ЕВАУЛАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Портфолио и референтни проекти – 40 бодови
- Биографија на лицето задолжено за дизајн – 20 бодови
- Понудена цена – 40 бодови
Вкупно 100 бодови
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најголем број бодови.
Најнови коментари