Монодрамата „Не денес“ одиграна во Скопје

Монодрамата „Не денес“ одиграна во Скопје

Скопската публика за првпат имаше можност да ја погледне монодрамата „Не денес“ од актерот Марјан Георгиевски, подготвена во соработка со Еко-свест.

Бесплатната изведба на монодрамата се одржа во Паблик рум, на 8 јуни во Скопје.

И покрај тоа што дејствието во монодрамата е тесно поврзано со Битола, и личните гледишта на актерот кој од таму потекнува, публиката во Скопје одлично ја доживеа пораката која оваа монодрама ја носи.

„Се гушиме и молчиме. Главните чинители се летаргични во пристапувањето кон прашањето што не засега сите, а ние едноставно ја прифаќаме нивната рамнодушност без побуна. Јагленот се согорува, јагленот е нашиот тивок убиец, Битола е еден од најзагадените градови во светот, а ние молчиме…Прифаќаме, по цена на живот, облеани со страв, молчиме поради изворот на приходи што ни го носи сулфур диоксидот што го дишеме, но не смееме вака да продолжиме – тоа им го должиме на следните генерации, нагласи Георгиевски.

Водејќи се од лични побуди за состојбата со воздухот во Битола, актерот нагласи дека неговата монодрама е длабока и освестувачка и оти неговата цел била секоја поединец да си ги преиспита постапките и да разбере дека сите ние носиме промени, дека всушност промената започнува од нас, занемарувајќи го постапувањето на другите.

„Еко-свест“ ја најавува четвртата по ред „Еко трампа“

„Еко-свест“ ја најавува четвртата по ред „Еко трампа“

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ продолжува со својата успешна иницијатива за промоција на одржливи навики и кружна економија во заедницата. По одличниот одѕив на претходните три настани, претстојната сабота во просториите на Бистро Комедија ќе се одржи четвртото издание на „Еко трампа“ под слоганот „На ти го, дај ми го“.

Настанот има за цел да ја подигне јавната свест за прекумерниот конзумеризам и да понуди практично решение за намалување на отпадот преку повторна употреба на предмети.

Концептот на „Еко трампата“ е едноставен и отворен за сите заинтересирани граѓани. Секој посетител може да донесе до три добро зачувани предмети кои веќе не му се потребни, како што се облека, книги, модни додатоци, детски играчки или ситни функционални апарати. Замени за овие предмети, учесниците можат слободно да одберат нешто што им е потребно од изложените материјали донесени од другите присутни.

Од „Еко-свест“ потенцираат дека клучниот услов за учество е донесените предмети да бидат чисти, уредни и во целосно функционална состојба, со цел да се осигура квалитетот на размената. За да ја поддржат еколошката свест на граѓаните, организаторите во соработка со домаќините обезбедуваат бесплатно кафе за секој учесник кој ќе се вклучи во трампата.

Детали за настанот:

  • Датум: Оваа сабота, 13 јуни
  • Локација: Бистро Комедија, Скопје
  • Време: 11:00 – 14 часот

Со овој настан, организаторите ја продолжуваат мисијата за градење заедница која се грижи за животната средина и активно придонесува кон намалување на еколошкиот отпечаток преку едноставни, секојдневни акции.

Ги покануваме медиумите да го проследат настанот и да дадат свој придонес во ширењето на зелените вредности.

Одбележан Светскиот ден на животната средина

Одбележан Светскиот ден на животната средина

По повод Светскиот ден на животната средина, заедно со нашите прекрасни волонтери го одбележавме денот посветен на заштитата на природата и потсетивме дека секој од нас има улога во создавањето поздрава и поодржлива иднина.

Во Зоолошката градина – Скопје, преку конкретна акција и личен пример, на посетителите им покажавме како можеме да се грижиме за непосредното опкружување и зошто малите секојдневни навики се важни за зачувување на животната средина.
Преку дружење, споделување знаења и активности во природа, разговаравме за предизвиците со кои се соочува животната средина, но и за можностите што ги имаме како поединци и заедници да придонесеме за позитивни промени.

Голема благодарност до сите волонтери кои со својата енергија, посветеност и љубов кон природата покажуваат дека грижата за животната средина не е обврска само еден ден во годината, туку вредност што ја живееме секој ден.

Македонија за првпат се најде на европската мапа на земји кои ги ослободуваат своите реки!

Македонија за првпат се најде на европската мапа на земји кои ги ослободуваат своите реки!

Излезе најновиот европски извештај за отстранување на речни препреки на Dam Removal Europe за 2025 година, а Еко-свест ја внесе нашата земја во ова големо семејство на прогресивни држави! Македонија за првпат се најде на европската мапа на земји кои ги ослободуваат своите реки!

Македонија официјално ги отстрани своите ПРВИ речни препреки, придонесувајќи за рекордна година на европско ниво во која беа отстранети дури 603 бариери.


Што постигнавме на Пчиња и Крива Река?

🔓 Ослободивме 72 километри речен тек и живеалишта.

🐟 Овозможивме слободно движење за повеќе од 10 автохтони видови риби, вклучувајќи ги балканскиот мрен (Barbus balcanicus) и вардарската горчливка (Rhodeus meridionalis).

💧 Го подобривме квалитетот на водата и ги намаливме ризиците од поплави за локалните заедници.

Патот не беше лесен. Се соочивме со институционални лавиринти, технички предизвици и проблеми од историското загадување на Крива Река.

Но, успеавме – старата бариера кај Шупли Камен (висока 5.3 метри и долга 52 метри) и искршената каскада на Крива Река се минато!

Гласот на граѓаните е јасен: Дури 91% од јавноста во Македонија го поддржува обновувањето на слободниот тек на реките на национално ниво! Нашите реки се нашиот живот, наш штит од климатските промени и дом на неверојатен биодиверзитет.

Ова е само почеток. Пчињскиот слив има уште 44 пречки кои го фрагментираат текот, но сега имаме докажан модел дека промените се можни. Продолжуваме да се бориме за живи и слободни реки!

🔗 Прочитајте го целиот европски извештај на: damremoval.eu

Едукативен камп во Косово

Едукативен камп во Косово

Изминативе денови беа исполнети со неверојатна енергија, дружење и една заедничка мисија!

Млади ентузијасти од Вевчани, Струга, Колашин и Ранилуг се собраа во преубавото Штрпце, во самите пазуви на Шар Планина. Нивната цел? Да ги здружат силите, да споделат искуства и да создадат моќни еколошки иницијативи за заштита на нашите реки!

Како се калеше знаењето?

Немаше место за класични и досадни предавања! Преку супер интересни тематски сесии, акција на терен, неформално образование и тимска работа, учесниците „ги засукаа ракавите“. Научија како со практични и аналитички вештини да му застанат на патот на еден од најголемите предизвици – загадувањето на реките.

Работа, но и многу забава!

Покрај сериозните еко-теми, работилницата беше совршена прилика за поврзување. Младите го претставија своето културно наследство, а низ многу смеа, игри и дружење, се родија нови пријателства кои дефинитивно ќе продолжат да траат и по завршувањето на оваа авантура.

Активноста е дел од проектот „We Grow With The Flow – Youth For Rivers“, кој го спроведуваме во партнерство со GAIA Kosovo и Eco-team преку BOOST Balkans програмата, со поддршка од AFD – Agence Française de Développement и ALDA Balkans.