European Open Rivers Programme е фонд за еколошка обнова, кој произлезе од двегодишно истражување и соработка со засегнати страни, при што беше воочено дека реките во Европа се фрагментирани со повеќе од еден милион бариери (на пр. Прагови каскади, брани, премини), а постои огромен потенцијал за еколошка обнова преку отстранување на над 150.000 застарени прегради и мали брани.

Програмата е поддржана со донација од 42,5 милиони евра од Arcadia. Од 2021 година, нуди грантови за проекти во
Европа што водат до отстранување на мали бариери и обнова на речниот тек и биодиверзитетот.

Open Rivers Programme објавува три повици за апликации секоја година – во февруари, јуни и октомври. Апликациите мора да се поднесат преку нашата онлајн платформа и ги прегледува техничка, независна експертска комисија.
Највисоко рангираните проекти што се вклопуваат во нашиот буџет ќе бидат ставени во потесен избор.

За повеќе информации, прочитајте ја брошурата на следниот линк.

Share This

Share this post with your friends!