Споменик на Природа Вевчански Извори –  Експериментално поле за млади научници (2024)

Споменик на Природа Вевчански Извори –  Експериментално поле за млади научници (2024)

Споменик на Природа Вевчански Извори -  Експериментално поле за млади научници (2024)

Споменик на Природа Вевчански Извори - Експериментално поле за млади научници (2024)

Автор: Алис Тиншмит, Соња Баѓура

Опис: Практичен водич за наставници од повисоки одделенија за спроведување активности во природа
Прирачникот е изработен како дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на Природа Вевчански Извори” спроведуван од Еко-свест,а финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.

ЗАКОНСКИ ОДРЕДБИ ЗА ПРАШАЊА И ОБЛАСТИ КОРИСНИ ЗА РАБОТАТА НА ЕКОЛОШКИ ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ (2023)

Автор: МЗМП

Опис: За потребите на граѓанските организации во Македонија во рамки на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ поддржан од Владата на Шведска, а спроведуван од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопјe, МЗМП и ЦНВП Македонија, МЗМП изработи видео туторијали наменети за еколошките граѓански организации кои обработуваат различни прашања кои се важни за работата на граѓанските организации.

Видеата се објавени на следниот линк: https://www.youtube.com/@ekosvest980

Целта на видеата е да се зголемат знаењата на граѓанските организации за начинот на кој може да се вклучат во донесувањето на одлуки поврзани со животната средина. Во овој документ е даден преглед на најважните одредби од релевантните закони кои го регулираат секое од прашањата опфатени со видеата.

Тим ЕКО – Иднината е во природата (2022)

Тим ЕКО – Иднината е во природата (2022)

Тим ЕКО - Иднината е во природата (2022)

Тим ЕКО - Иднината е во природата (2022)

Автор: Еко-свест, Здравко Гиров, Давор Драмиќанин

Опис:

Еко-свест веќе две децении работи на подигнувањето на јавната свест за животната средина и влијанието на енергијата врз неа. Енергетската транзиција кон обновливи извори на енергија е неминовен чекор ако сакаме да осигураме дека светот кој ќе го оставиме на наредните генерации ќе биде подобар од оној кој ние сме го наследиле од претходните генерации и ако сакаме нашите деца и нивните деца да живеат во здрава животна средина и да уживаат добро здравје и квалитетен живот.

За да успееме дел од оваа порака да пренесеме на младите – оние кои ќе бидат донесувачите на одлуки на утрешницата – со помош на Макстрипови ги создадовме суперхероите познати како Тим Еко.

Во ова издание се објавени првите две епизоди од серијата Тим Еко, која преку нашата интернет страница е достапна и во електронска верзија на албански, англиски, бошњачки, македонски, српски и црногорски јазик.

Tim_EKO_strip_01_Albanski

Tim_EKO_strip_02_Albanski

Tim_EKO_strip_01_angliski

Tim_EKO_strip_02_angliski

Tim_EKO_strip_01_Crnogorski

Tim_EKO_strip_02_Crnogorski

Tim_EKO_strip_01_Srpski

Tim_EKO_strip_02_Srpski

УЧЕСТВО НА ЈАВНОСТА ВО УРБАНИСТИЧКОТО ПЛАНИРАЊE (2022)

УЧЕСТВО НА ЈАВНОСТА ВО УРБАНИСТИЧКОТО ПЛАНИРАЊE (2022)

УЧЕСТВО НА ЈАВНОСТА ВО УРБАНИСТИЧКОТО ПЛАНИРАЊE (2022)

УЧЕСТВО НА ЈАВНОСТА ВО УРБАНИСТИЧКОТО ПЛАНИРАЊE (2022)

Автор: Јасна Оровчанец Аранѓеловиќ

Опис: Овој документ дава осврт за значењето на учеството на јавноста во урбанистичкото планирање како сложен процес што е поврзан со потребите на луѓето и развојот на просторот во кој живеат. Документот опишува што претставува урбанистичкото планирање, зошто е значајно учеството на јавноста, дава приказ на основниот закон што ја регулира оваа област и како се спроведуваат одредени законски решенија во практиката од аспект на учеството на јавноста.

Опфатени се и одредени прописи што се поврзани со учеството на јавноста во областа на животната средина. Документот нуди заклучоци и препораки што би можеле во иднина да имаат влијание врз креирањето или подобрувањето одредени политики во областа.

Прирачник со едукативни активности за заштита на природата (2022)

Прирачник со едукативни активности за заштита на природата (2022)

Прирачник со едукативни активности за заштита на природата (2022)

Прирачник со едукативни активности за заштита на природата (2022)

Автор: Бојан Ранташа

Опис: Во рамки на проектот „Граѓанска наука во функција на заштита на природата“ финансиски поддржан од PONT и CEPF, и преку соработката со Натура МК, Еко-свест издаде едукативен прирачник со многу корисни и забавни игри за сите училишни возрасти.