Информативен постер за добивање филамент за 3Д печатач од ПЕТ шише и 3Д печатење (2024)

Автор: Еко-свест

Опис: Информативен постер за користење 3Д печатач и добивање филамент од ПЕТ шише
Овој информативен постер е изработен во рамки на проектот „Собери, рециклирај, креирај – Од рециклирана пластика до иновација“ спроведуван од Еко-свест во партнерство со ЈП Еремја – Вевчани. Проектот е финансиски подржан од Програмата за мали грантови на Глобалниот еколошки фонд во
Северна Македонија (ГЕФ ПМГ), Вевчани јули 2024 година

Информативен постер за добивање филамент за 3Д печатач од ПЕТ шише и 3Д печатење (2024)

Добивање на филамент за 3Д печатач од ПЕТ шише (2024)

 Добивање на филамент за 3Д печатач од ПЕТ шише (2024)

Добивање на филамент за 3Д печатач од ПЕТ шише (2024)

Автор: Еко-свест

Опис: Упатство за користење 3Д печатач и добивање филамент од ПЕТ шише
Брошурата е изработена во рамки на проектот „Собери, рециклирај, креирај – Од рециклирана пластика до иновација“ спроведуван од Еко-свест во партнерство со ЈП Еремја – Вевчани.
Проектот е финансиски подржан од Програмата за мали грантови на Глобалниот еколошки фонд во Северна Македонија (ГЕФ ПМГ),
Вевчани, јули 2024 година

Извештај во сенка за Поглавјето 27 за 2023 година (2024)

Извештај во сенка за Поглавјето 27 за 2023 година (2024)

Автори

Филип Стојановски, м-р Бојана Станојевска Пецуровска, д-р Даниела Младеновска, Александра Каракашова Сачкарска, д-р Петра Поп Ристова, м-р Робертина Брајаноска, Елена Николовска

Опис

Извештајот е подготовен врз основа на претходно развиена методологија со која четири организации (Центар за климатски промени, „Еко-свест“, „Милиеуконтакт“ Македонија и Македонско еколошко друштво) работат на мониторинг на усогласувањето на националното законодавство со европското, но и на спроведувањето на законодавството на национално и локално ниво, го анализираат напредокот и ги сумираат главните наоди во еден извештај, кој носи наслов Извештај во сенка за Поглавје 27.

Овој извештај ги опфаќа само потпоглавјата „Хоризонтално законодавство“, „Квалитет на води“, „Управување со отпад“, „Квалитет на амбиентен воздух“, „Индустриско загадување и управување со ризик“, „Заштита на природата“ и „Климатски промени“, односно секторите каде што има напредок и кои опфаќаат повеќе директиви. Во Извештајот во сенка за Поглавје 27 за 2023 година е анализиран напредокот во последната година, односно во периодот од декември 2022 година до декември 2023 година, а подготовката ја овозможи проектот „Граѓанските организации во акција за климатски промени“ спроведуван од „Еко-свест“ во партнерство со МЗМП и ЦНВП, а финансиран од Владата на Шведска.

Целта на овој Извештај е да даде детален преглед на напредокот во усогласувањето на националното законодавство со европското за овие сектори, кои се дел од Поглавјето 27 – Животна средина и климатски промени, но и да го анализира спроведувањето на национално и локално ниво. Извештајот ги утврдува недостатоците во овие процеси, укажува на нив, а исто така ги анализира спроведувањето на препораките и начините за нивно надминување. Истовремено, овој Извештај треба да го подобри дијалогот помеѓу релевантните институции, граѓанскиот сектор, стручната јавност, меѓународната заедница и сите чинители во процесот на усогласување на законодавството и неговото спроведување, но и да осигури континуитет во соработката помеѓу релевантните чинители.

(Линкови до македонски, англиски и албански документ)

Споменик на Природа Вевчански Извори – Природата во очите на децата (2024)

Споменик на Природа Вевчански Извори – Природата во очите на децата (2024)

Споменик на Природа Вевчански Извори - Природата во очите на децата

Споменик на Природа Вевчански Извори - Природата во очите на децата

Автор: Алис Тиншмит, Соња Баѓура

Опис: Практичен прирачник за воспитувачи во градинки за активности во природа
Прирачникот е изработен како дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на Природа Вевчански Извори” спроведуван од Еко-свест,а финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.

Споменик на Природа Вевчански Извори – Игралиште за млади истражувачи (2024)

Споменик на Природа Вевчански Извори – Игралиште за млади истражувачи (2024)

Споменик на Природа Вевчански Извори - Игралиште за млади истражувачи (2024)

Споменик на Природа Вевчански Извори - Игралиште за млади истражувачи (2024)

Автор: Алис Тиншмит, Соња Баѓура

Опис: Практичен водич за наставници од пониски одделенија за спроведување активности во природа
Прирачникот е изработен како дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на Природа Вевчански Извори” спроведуван од Еко-свест,а финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.