Резиме на анализата на влијание врз реките 2025

Резиме на анализата на влијание врз реките 2025

Резиме на анализата на влијание врз реките 2025

Резиме на анализата на влијание врз реките 2025

Автор: Еко-свест

Опис: Овој документ претставува кратко резиме на Анализата на влијанијата врз реките и речните екосистеми во НП Маврово и НП Шар Планина и ги содржи клучните наоди, согледувања и препораки од анализата, подготвено со цел да обезбеди брз и концизен преглед.

Анализата на заканите врз реките (2025)

Анализата на заканите врз реките (2025)

Анализата на заканите врз реките (2025)

Анализата на заканите врз реките (2025)

Автор: Богољуб Стеријовски, Билјана Гичевски, Атанас Угрински

Опис: Оваа анализа има за цел да ги идентификува и категоризира главните закани што влијаат врз реките и речните живеалишта во Националните паркови Маврово и Шар Планина. Со примена на мултидисциплинарен пристап, заканите се мапирани според нивната локација, тип и влијание врз видовите и живеалиштата, користејќи податоци од студии, планови, теренски истражувања и научна литература. Резултатот е дигитална база на податоци што овозможува идентификација на приоритетни жаришта и насочено дејствување за нивно ублажување. Анализата нуди сеопфатен преглед на состојбата на речните екосистеми и дава препораки за подобро управување и заштита, засновани врз принципите на Рамковната директива за води (WFD).

НЕ ФРЛАЈ ОТПАД ВО РЕКИТЕ! (2024)

НЕ ФРЛАЈ ОТПАД ВО РЕКИТЕ! (2024)

НЕ ФРЛАЈ ОТПАД ВО РЕКИТЕ! (2024)

НЕ ФРЛАЈ ОТПАД ВО РЕКИТЕ! (2024)

Автор: Еко-свест

Опис: Информативна табла за придонесот од селекцијата на отпад кон заштита на водите
Ова информативна табла е изработена во рамки на проектот „Собери, рециклирај, креирај – Од рециклирана пластика до иновација“ спроведуван од Еко-свест во партнерство со ЈП Еремја – Вевчани. Проектот е финансиски подржан од Програмата за мали грантови на Глобалниот еколошки фонд во Северна Македонија (ГЕФ ПМГ), Вевчани март 2024 година

Извештај во сенка за Поглавјето 27 за 2023 година (2024)

Извештај во сенка за Поглавјето 27 за 2023 година (2024)

Автори

Филип Стојановски, м-р Бојана Станојевска Пецуровска, д-р Даниела Младеновска, Александра Каракашова Сачкарска, д-р Петра Поп Ристова, м-р Робертина Брајаноска, Елена Николовска

Опис

Извештајот е подготовен врз основа на претходно развиена методологија со која четири организации (Центар за климатски промени, „Еко-свест“, „Милиеуконтакт“ Македонија и Македонско еколошко друштво) работат на мониторинг на усогласувањето на националното законодавство со европското, но и на спроведувањето на законодавството на национално и локално ниво, го анализираат напредокот и ги сумираат главните наоди во еден извештај, кој носи наслов Извештај во сенка за Поглавје 27.

Овој извештај ги опфаќа само потпоглавјата „Хоризонтално законодавство“, „Квалитет на води“, „Управување со отпад“, „Квалитет на амбиентен воздух“, „Индустриско загадување и управување со ризик“, „Заштита на природата“ и „Климатски промени“, односно секторите каде што има напредок и кои опфаќаат повеќе директиви. Во Извештајот во сенка за Поглавје 27 за 2023 година е анализиран напредокот во последната година, односно во периодот од декември 2022 година до декември 2023 година, а подготовката ја овозможи проектот „Граѓанските организации во акција за климатски промени“ спроведуван од „Еко-свест“ во партнерство со МЗМП и ЦНВП, а финансиран од Владата на Шведска.

Целта на овој Извештај е да даде детален преглед на напредокот во усогласувањето на националното законодавство со европското за овие сектори, кои се дел од Поглавјето 27 – Животна средина и климатски промени, но и да го анализира спроведувањето на национално и локално ниво. Извештајот ги утврдува недостатоците во овие процеси, укажува на нив, а исто така ги анализира спроведувањето на препораките и начините за нивно надминување. Истовремено, овој Извештај треба да го подобри дијалогот помеѓу релевантните институции, граѓанскиот сектор, стручната јавност, меѓународната заедница и сите чинители во процесот на усогласување на законодавството и неговото спроведување, но и да осигури континуитет во соработката помеѓу релевантните чинители.

(Линкови до македонски, англиски и албански документ)

Правна анализа на националното законодавство за укинување на дозволи за експлоатација на водни ресурси при производство на електрична енергија во заштитени подрачја (2023)

Правна анализа на националното законодавство за укинување на дозволи за експлоатација на водни ресурси при производство на електрична енергија во заштитени подрачја (2023)

Правна анализа на националното законодавство за укинување на дозволи за експлоатација на водни ресурси при производство на електрична енергија во заштитени подрачја (2023)

Правна анализа на националното законодавство за укинување на дозволи за експлоатација на водни ресурси при производство на електрична енергија во заштитени подрачја (2023)

Автор: проф. Др. Игор Камбовски

Опис: Документот нуди правна анализа на националното законодавство во делот на доделување на договори за концесија и укинување на дозволи за експлоатација на водни ресурси при производство на електрична енергија во заштитени подрачја, со фокус на раскинување на договорите за концесија за МХЕ Рибничка и МХЕ Жировница 5 и 6 во НП Маврово.
Целта на анализата е да се разгледаат правните механизми и да се утврдат можностите за раскинување на доделени концесии за изградба на хидро проекти во заштитени подрачја но и да се утврдат правните механизми кои ќе спречат идно доделување на концесии од овој тип. Анализирана е релевантната законска регулатива и меѓународни прописи, проценети се ризиците кои би можеле да произлезат од раскинување на договорот за концесија и предложени се повеќе можни сценарија за раскинување на овие концесиски договори. На крајот на анализата дадени се неколку предлози за интервенции во законската рамка со цел спречување на доделување на концесии во заштитни подрачја.