АНАЛИЗА НА МОЖНОСТИТЕ ЗА ИНСТАЛИРАЊЕ НА ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ НА ДОМОВИТЕ ВО КИЧЕВСКИОТ РЕГИОН (2020)

Автор: Еко-свест

Опис: Со оглед на тоа што Кичевскиот регион, како еден од регионите со јаглен во нашата земја, во наредниот период ќе биде изложен на доста големи промени поттикнати од енергетската транзиција и транзицијата на регионите со јаглен, во овој документ ќе бидат анализирани можностите за инсталирање на фотоволтаични електрани на домовите во овој регион.

Економска анализа – премин кон развој без лигнит: случај Осломеј (2019)

Опис: Оваа анализа дава оценка на исплатливоста по три сценарија врз основа на повеќе претпоставки поврзани со локалната додадена вредност и работните места што би биле загубени како резултат на очекуваното затворање на Осломеј и тоа доколку Осломеј продолжи да работи до исцрпување на резервите, доколку се премине кон негово затворање т.е. декомисија и две потсценарија со кои се предвидува градуална супституција на работната сила и економската активност по затворање на Осломеј и по декомисијата.

Студија за проценка на биопотенцијалот на некои самоникнати лековити, ароматични и овошни растенија во споменикот на природата Вевчански извори (2019)

Автор: Проф. д-р Силвана Манасиевска Симиќ

Опис: Човекот ги користел растенијата, освен како извор на храна и како лекови, бои, текстил, градежен материјал, оружје и алатки, валути, облека и ритуали поврзани со општествениот живот. Информации за употребата и намената на растенијата биле од суштинско значење за човековиот опстанок, и се пренесувале од генерација на генерација. Во современиот свет раширена е употреба на синтетички лекови, а особено во современата западна медицина, но доаѓа до значителни промени, особено поради тоа што Светската здравствена организација (World Health Organization – WHO) и големите фармацевтски компании, започнуваат се повеќе да се насочуваат кон лековитите растенија, т.е. да вложуваат поголеми средства за истражување на тоа поле.

Предлог концепт за водење на стратешки процес за намалување на аерозагадувањето (2019)

Автори: Еко-свест, Тони Поповски, Даница Павловска

Опис: Во Република Северна Македонија во овој момент отсуствува долгорочна стратегија за справување со аерозагадувањето која системски ги опфаќа сите сектори и дава јасни чекори, мерки и извори на финансирање со кои се постигнуваат конкретни цели во дадена временска рамка. Планот за чист воздух е добар почеток но е краткорочен и опфаќа само дел од секторите кои треба да бидат земени предвид при системското решавање на овој проблем. Како одговор на овие предизвици Еко-свест со финансиска поддршка на Министерството за животна средина го спроведува проектот „Стратегија за долгорочно справување со аерозагадувањето“. Целта на проектот е поднесување на иницијатива до Владата на РСМ за изработка на долгорочна Стратегија за справување со аерозагадувањето врз основа на изработен ИДЕЕН КОНЦЕПТ во соработка со сите засегнати чинители.

Анализа на препорачани мерки за справување со загадување на амбиенталниот воздух во Македонија (2019)

Автори: Еко-свест, Хелена Андонова

Опис: Оваа анализа е преглед на предлог мерките кои би помогнале да се реши проблемот со аерозагадувањето. Анализата е направена со цел надлежните институции како и секој заинтересиран граѓанин да имаат увид во конкретни мерки кои би го решиле овој проблем. Овде се дадени информации кон колку од овие мерки се пристапило или влегуваат во новата програма за намалување на аерозагадувањето со двегодишниот „План за чист воздух“ на Владата.