Анализата на заканите врз реките (2025)

Анализата на заканите врз реките (2025)

Анализата на заканите врз реките (2025)

Анализата на заканите врз реките (2025)

Автор: Богољуб Стеријовски, Билјана Гичевски, Атанас Угрински

Опис: Оваа анализа има за цел да ги идентификува и категоризира главните закани што влијаат врз реките и речните живеалишта во Националните паркови Маврово и Шар Планина. Со примена на мултидисциплинарен пристап, заканите се мапирани според нивната локација, тип и влијание врз видовите и живеалиштата, користејќи податоци од студии, планови, теренски истражувања и научна литература. Резултатот е дигитална база на податоци што овозможува идентификација на приоритетни жаришта и насочено дејствување за нивно ублажување. Анализата нуди сеопфатен преглед на состојбата на речните екосистеми и дава препораки за подобро управување и заштита, засновани врз принципите на Рамковната директива за води (WFD).

ПЛАТФОРМА ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОДАВСТВОТО ВО ОБЛАСТА НА ЕНЕРГЕТСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ И ПОТРОШУВАЧИПРОИЗВОДИТЕЛИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (2025)

Автор: Фросина Антоновска

Опис: Овој документ претставува платформа за застапување за унапредување на законодавството поврзано со енергетските заедници и потрошувачите-производители (просумери) во Република Северна Македонија. Во него се анализира актуелната состојба, се нагласува потребата од регулаторни и институционални реформи за децентрализирана енергија во процесот на енергетска транзиција и активно вклучување на граѓаните во производството и користењето обновлива енергија. Документот дава препораки за усогласување со ЕУ-директивите, креирање поволна регулаторна рамка, финансиски стимули, техничка поддршка, како и транспарентност и вклучување на општините и заедниците во енергетскиот систем.

Бриф за политики: Комуницирање на климатските промени со сите засегнати страни во Северна Македонија – Мај, 2025

Бриф за политики: Комуницирање на климатските промени со сите засегнати страни во Северна Македонија – Мај, 2025

Бриф за политики: Комуницирање на климатските промени со сите засегнати страни во Северна Македонија - Мај, (2025)

Бриф за политики: Комуницирање на климатските промени со сите засегнати страни во Северна Македонија - Мај, (2025)

Автор: Еко-свест

Опис: Овој бриф за политики дава осврт на итната потреба за ефективна, инклузивна и координирана комуникација за климатските промени во Северна Македонија. Документот е развиен преку партиципативен процес кој вклучуваше анкета со повеќе засегнати страни, како и национална работилница во Скопје. Тој ги истакнува предизвиците и пружа заеднички составени препораки за политики во пет клучни области: координација, градење капацитети, распределба на ресурси, краткорочни акции (1–5 години) и долгорочни акции (5–10 години).

Методологија за ПЗН (пост-законодавен надзор) на законодавството за животната средина и климата во Република Северна Македонија- Март 2025

Методологија за ПЗН (пост-законодавен надзор) на законодавството за животната средина и климата во Република Северна Македонија- Март 2025

Методологија за ПЗН (пост-законодавен надзор) на законодавството за животната средина и климата во Република Северна Македонија-  Март (2025)

Методологија за ПЗН (пост-законодавен надзор) на законодавството за животната средина и климата во Република Северна Македонија- Март (2025)

Автор: Еко-свест

Опис: Методологијата за ПЗН (пост-законодавен надзор) на законодавството за животната средина и климата во Република Северна Македонија (во натамошниот текст „Методологијата“) претставува инструмент и водич за успешна имплементација на обврските кои произлегуваат од Законот за животна средина и од Законот за климатска акција. Методологијата го објаснува процесот и начинот на кои Собраниската комисија ја спроведува ПЗН алатката. 

Визија за развој на Битола (2024)

Визија за развој на Битола (2024)

Автори: Марија Штерјова, Жарко Конески, Елена Николовска, Емилија Сарафска

Опис: „Визија за развој на Битола“ е резултат на истражувања, состаноци, консултации и информирање со засегнатите страни, и анализа на националните документи и планови за одржлив развој во Република С. Македонија, со фокус на Битолскиот Регион кој е зависен од јаглен. Документот предлага план за трансформација на Битола во регион со одржлив енергетски развој и заштита на животната средина, усогласен со меѓународните договори и националните документи за одржлив развој. Внимателното планирање и иновативните решенија ќе донесат долгорочни придобивки за регионот и сите засегнати страни – социјална стабилност, намалување на загадувањето и отворање нови економски можности во процесот на праведен премин кон обновливите извори на енергија.

Документот на следниот линк.