ТИМ ЕКО – ТОКСИЧЕН ШОК! (2025)

ТИМ ЕКО – ТОКСИЧЕН ШОК! (2025)

ТИМ ЕКО – ТОКСИЧЕН ШОК! (2025)

ТИМ ЕКО – ТОКСИЧЕН ШОК! (2025)

Автор: Здравко Гиров, Давор Драмиќанин

Опис: Еко-свест ви ја претставува третата епизода од стрипот Тим Еко, кој е посветен на темите од енергетската транзиција, одржливиот развој и заштитата на животната средина.

Целта на стрипот е на разбирлив и креативен начин да ги доближи овие важни концепти до пошироката јавност. Приказните и ликовите се измислени и служат како симболична претстава на предизвиците и можностите во процесот на зелена трансформација.

За да успееме дел од оваа порака да пренесеме на младите – оние кои ќе бидат донесувачи на одлуки на утрешницата – со помош на Макстрипови ги создадовме суперхероите познати како Тим Еко.

Третата епизода од серијата Тим Еко е издадена во рамки на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“, спроведен од Еко-свест и финансиран од Шведска.

Тим ЕКО – Иднината е во природата (2022)

Тим ЕКО – Иднината е во природата (2022)

Тим ЕКО - Иднината е во природата (2022)

Тим ЕКО - Иднината е во природата (2022)

Автор: Еко-свест, Здравко Гиров, Давор Драмиќанин

Опис:

Еко-свест веќе две децении работи на подигнувањето на јавната свест за животната средина и влијанието на енергијата врз неа. Енергетската транзиција кон обновливи извори на енергија е неминовен чекор ако сакаме да осигураме дека светот кој ќе го оставиме на наредните генерации ќе биде подобар од оној кој ние сме го наследиле од претходните генерации и ако сакаме нашите деца и нивните деца да живеат во здрава животна средина и да уживаат добро здравје и квалитетен живот.

За да успееме дел од оваа порака да пренесеме на младите – оние кои ќе бидат донесувачите на одлуки на утрешницата – со помош на Макстрипови ги создадовме суперхероите познати како Тим Еко.

Во ова издание се објавени првите две епизоди од серијата Тим Еко, која преку нашата интернет страница е достапна и во електронска верзија на албански, англиски, бошњачки, македонски, српски и црногорски јазик.

Tim_EKO_strip_01_Albanski

Tim_EKO_strip_02_Albanski

Tim_EKO_strip_01_angliski

Tim_EKO_strip_02_angliski

Tim_EKO_strip_01_Crnogorski

Tim_EKO_strip_02_Crnogorski

Tim_EKO_strip_01_Srpski

Tim_EKO_strip_02_Srpski

Тим ЕКО (2021)

Тим ЕКО (2021)

Тим ЕКО (2021)

Тим ЕКО (2021)

Автори: Здравко Гиров, Давор Драмиќанин

Опис: Еко-свест ви ја претставува втората епизода од стрипот ТимЕко, во која овојпат покажуваме контретни примени за употребата на ветарот како средство за производство на електрична енергија.

Преку стрип јунаците на ТимЕко, Еко-свест на пошироката јавност преку креативен начин сака да и ја долови потребата во инвестирање на обновливи извори на енергија, и каква меѓу нив може да биде улогата на ветeрот.
Приказна за Јагленко (2020)

Приказна за Јагленко (2020)

Приказна за Јагленко (2020)

Приказна за Јагленко (2020)

Автор: Еко-свест

Опис: Приказната за Јагленко е наш обид да ја доближиме вистината за природата кон децата. Се надеваме дека ќе ве поттикнеме и Вас на поинакво размислување со цел секогаш кога ќе донесете одлука (барем за онаа што се однесува за вашето домаќинство) да се определите за еколошки избор на енергија. Своите одлуки и право на избор се надеваме дека ќе ги споделите со вашите најмлади во семејството, а истовремено ќе се потсетите на нашата приказна за Јагленко. Така создавате сигурна иднина за своите поколенија.

Тим ЕКО (2020)

Тим ЕКО (2020)

Тим ЕКО (2020)

Тим ЕКО (2020)

Автори: Здравко Гиров, Давор Драмиќанин

Опис: Авантурите на нашите суперхерои од Тим ЕКО во првиот стрип! Јагленот е минато, а борбата со него започнува! 
Стрипот е изработен во соработка со Макстрипови преку поддршка од Делегацијата на Европска Унија во С. Македонија.