ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР

Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје отвoра повик за ангажирање на проектен координатор за спроведување на проектни активности во доменот на заштитата на животната средина.

За Еко-свест

Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина.

Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со организации и институции.

Посебни цели и задачи на „Еко-свест“ се:

– Информирање за потенцијалните негативни влијанија врз животната средина и луѓето;

– Промовирање на решенија за здрави и одржливи пракси и политики во областа на заштита на животната средина и застапување на истите во процесите на креирање политики;

– Истражувања и анализи во област на заштитата на животната средина и човековото здравје;

– Промовирање и застапување за учество на јавноста во процесите на донесување одлуки во област на животната средина и поддршка на заедниците за остварување на ова право;

– Информирање и едуцирање на јавноста за можните негативни влијанија и начините за спречување и избегнување на истите врз животната средина и човековото здравје особено кај жените, децата и старите лица;

– Формирање и водење на коалиции и други тела составени од организации, експерти и институции со цел заедничко застапување за заштита на животната средина;

– Активно учество во постапките на измена и донесување на законски акти во област на заштита на животната средина;

– Спроведување на посебни активности во областите на:

  • заштита на климата
  • заштита на природата
  • заштита на медиумите на животната средина (воздух, води, почва)
  • одржлив развој на локалните заедници
  • одржлив транспорт
  • одржливи и паметни решенија за енергетскиот систем
  • одржливо управување со отпадот
  • иновации во заштитата на животната средина
  • паметно просторно планирање
  • поддршка на заедниците и активно граѓанство.

Заинтересираните треба да ги исполнуваат следните посебни услови

  • Основни познавања за работата на Еко-свест и работата во граѓанска организација или фондација;
  • Комплетирано високо образование од областа на електротехнички, општествени и природни науки;
  • Пожелно 3 (три) години работно искуство во оваа проблематика и солидно познавање од раководење на проектен циклус (PCM);
  • Познавање на секторот на заштита на животната средина, природа, водни ресурси и сл.;
  • Техничка писменост и капацитет за анализа на технички документи и студии во доменот на заштитата на животната средина;
  • Способност за застапување на позициите на организацијата пред донесувачите на одлуки;
  • Способност за теренска работа со засегнати локални заедници;
  • Одлично познавање на македонски јазик, познавање на англиски јазик е задолжително;
  • Поседување на извонредни комуникациски вештини (за орална и писмена комуникација) и способност за работа под притисок;
  • Искуство со административно и канцелариско работење;
  • Докажана способност да работи со компјутери, пред сè одлично познавање на програмите од пакетот на Microsoft office;
  • Возачка дозвола: Б категорија е пожелна.

Кандидатите/ките треба да ги поседуваат следните општи услови

  • за изразена комуникација (усна и писмена) и презентација;
  • за брзо прифаќање и прилагодување кон нови задачи;
  • за тимска работа во мултикултурно опкружување;
  • за превземање лидерство и предводење на активностите во тимовите;
  • за извршување повеќе задачи истовремено и за испорака во кратки рокови;
  • за уредност и организираност.
  • желба и мотив за работа во граѓанска организација која третира прашања и политики од област на животната средина и граѓанскиот активизам.

Работни задачи и одговорности

  • Кандидатот треба да анализира техничка документација (студии, анализи, извештаи, планови, проекти), закони, стратегии и други документи за потребите на кампањите на организацијата и информациите од овие анализи да ги комуницира со низа засегнати страни- владини тела, локални заедници, граѓански сектор, бизнис сектор и други);
  • Да остварува и одржува контакт со локални заедници каде работи и делува Еко-свест со цел нивна поддршка во заштитата на животната средина;
  • Да остварува и одржува контакт со експерти од различни полиња на делување;
  • Да координира спроведување на проектни активности во соработка со низа засегнати страни;
  • Да се обраќа во јавноста преку локалните и националните медиуми за потребите на активностите на Еко-свест;
  • Да спроведува проектни и програмски активности на Еко-свест;
  • Да раководи со проекти, буџети и придружна администрација;
  • Да ги почитува политиките на Еко-свести активно да соработува со персоналот на организацијата.

Работни услови

Неделното работно време е 40 часа. Со избраните кандидати ќе биде потпишан договор за вработување на определено време со пробен период од 3 месеци. Месечната нето плата, согласно политиката за плати е во рамки од 30.000 до 60.000 денари. Конкретната плата на избраниот кандидат/ката ќе биде утврдена при потпишувањето на договорот за вработување и зависи од искуството, квалитетите и експертизата на кандидатот.

Еко-свест овозможува низа придобивки за своите вработени и можности за нивно усовршување и надградба. Годишно за вработените се определени 25 дена одмор.

Со овој оглас Еко-свест вработува 1 (едно) лице на позицијатата Проектен координатор.

Начин на пријавување и роковник

Заинтересираните кандидати/тки при пријавувањето треба да достават:

  • Mотивациско писмо (максимум од 1 страна);
  • Професионална биографија во EuropassEUформат;
  • Контакт информации за најмаку три лица/организации кои би можеле да дадат професионална препорака.

Пријавувањето се врши на електронската адреса: [email protected], а пријавата мора да се наслови со: Пријава за проектен координатор/ка.

Пријавувањето е тековно, а огласот е отворен до пополнување на позицијата.

Еко-свест ќе ги контактира само оние лица кои ќе бидат избрани за тестирање и интервју. Нецелосните и неправилните пријави нема да бидат разгледани. Изборот на кандидатите/ките ќе се изврши врз основа на Законот за работни односи. Еко-свест е рамноправен работодавач и ги почитува различностите.

Потребни ни се здрави и отпорни шуми за да ги исполниме климатските цели- Еко-свест со коментари за новите закони за управување со шумите

Потребни ни се здрави и отпорни шуми за да ги исполниме климатските цели- Еко-свест со коментари за новите закони за управување со шумите

Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје испрати коментари и забелешки за предложените законски решенија за донесување на нов Закон за шуми и нов Закон за Агенција за шумите до Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство.

Еко-свест бара дополнување и прецизирање на законските одредби со цел нагласување на придонесот и функцијата на шумите за намалување на влијанијата од климатските промени и прецизирање на надлежноста на заштитените подрачја за обновување и заштита на природните екосистеми.

Една од целите на новиот Закон за шумите е намалувањето на придонесот на РСМ за емисиите на стакленички гасови и глобалните загуби на биолошката разновидност. Но, предлог законот во понатамошните одредби не уредува никаков вид на постапка преку која ќе се следи подобрувањето на отпорноста на шумите кон климатските промени или нивниот придонес кон намалување на негативните влијанија.

Законот за шуми треба да постави посебна цел за митигација на емисиите на стакленички гасови исклучиво од LULUCF за да се избегне искористување на шумите за намалување на емисиите без да се работи на намалување на останатите извори на стакленички гасови.

Законот за шуми мора да го следи Законот за заштита на природата, Стратегијата за заштита на природата и Националната стратегија за биолошката разновидност со цел да обезбеди соодветна заштита и унапредување на постоечките екосистеми и биодиверзитет и спречување на штетни практики за секвестрација на јаглерод (садење нови шуми).

Одржлив развој е невозможен без функцијата на заштитените подрачја, особено националните паркови кои ја одржуваат и унапредуваат биолошката разновидност на шумите, но и виталноста на природните екосистеми.

Клучно за подобрување на новиот Закон за Агенција за шуми е да се предвиди функцијата на заштитените подрачја во АД Шуми и согласно нивните законски надлежности да се постигне долгорочно и ефективно управување, планирање, заштита и користење на шумите.

Коментарите на предлог Законот за шумите и предлог Законот за Агенција за шумите кои Еко-свест ги достави до Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство се на линкот подолу:

ПРОДОЛЖЕН РОК -ОТВОРЕН ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТИ И КОМПАНИИ ЗА ИЗРАБОТКА НА АНАЛИЗА НА ВЛИЈАНИЈАТА ВРЗ РЕКИТЕ И РЕЧНИТЕ ЖИВЕАЛИШТА ВО НП МАВРОВО И НП ШАР ПЛАНИНА

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ во рамки на проектот „Заштита на реките преку воспоставување на мониторинг и практики за обновување на речните живеалишта во заштитени подрачја“ финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust (PONT), објавува повик за ангажирање на индивидуални или тим од експерти или компании за подготовка на „Анализа на влијанијата врз реките и речните живеалишта во НП Маврово и НП Шар Планина“.

Цел на анализата

Со анализата треба да се обезбеди преглед на постоечките состојби и да се идентификуваат, документираат и категоризираат сите закани врз реките и речните екосистеми на територијата на НП Маврово и НП Шар Планина.

Покрај документирање на постоечката состојба, врз база на идентификуваните закани и ризици, Анализата треба да содржи препораки и мерки за надминување (митигација) на состојбите кои би користеле во идното успешно управување со реките во заштитените подрачја, во насока на нивна реставрација и унапредување на нивниот еколошки статус.

Анализата на заканите, како и препораките треба да бидат во согласност со Рамковната директива за води (Water Framework Directive), што претставува водечки документ за европските практики за управување со водите кој треба да биде транспониран и во домашната законска регулатива.

Детален преглед со опис на работните задачи се наоѓа во Анекс 1 од овој Повик.

Квалификации на кандидатите

За изработка на анализата е потребен тим на експерти од најмалку следниве тематски области: хидрологија/хидроморфологија, геоморфологија, акватичен и крајбрежен биодиверзитет и градежништво/хидротехника.

Сите експерти (поединечни или како дел од експертските тимови/компании) треба да ги исполнуваат следниве квалификации:

  • Високо образование во бараната тематска област,
  • Биографија/Портфолио со најмалку 3 (претходно) изработени анализи и/или трудови/активности во бараната област,
  • Работно искуство од најмалку 5 години во бараната област,
  • Развиени истражувачки и аналитички способности.

Услови на повикот

Секој експерт може да аплицира за една или повеќе тематски области од анализата. На повикот може да аплицираат поединечни експерти и/или оформени тимови и компании.

Заинтересираните кандидати или тимови/компании, кои ги исполнуваат условите, документите треба да ги достават во електронска верзија на е-пошта до [email protected] со назнака  „Пријава за Анализа на влијанијата врз реките и речните живеалишта во НП Маврово и НП Шар Планина “.

Начин на пријавување

Заинтересираните кандидати или тимови кои ги исполнуваат условите треба да достават:

За физички лица и тимови:

  • Понуда за изработка на анализата, во која ќе се наведе/ат тематската/те област/и за која/и се аплицира наведена во Анекс 1
  • Биографија (CV) со информација за најмалку 3 претходни изработени анализи или трудови од оваа проблематика за секој кандидат кој ќе учествува во изработка на Анализата, односно секој член на тимот
  • Финансиска понуда со преглед на трошоци по ставки

За правни лица/компании:

  • Понуда за изработка на анализата, во која ќе се наведе/aт тематската/те област/и за која/и се аплицира наведена во Анекс 1.
  • Портфолио на компанијата со најмалку 3 претходно изработени анализи и/или трудови/активности во бараната област
  • Биографија (CV) со информација за најмалку 3 претходни изработени анализи или трудови од оваа проблематика за секој кандидат кој ќе учествува во изработка на Анализата, односно секој член на тимот
  • Финансиска понуда со преглед на трошоци по ставки
  • Пополнета изјава за незапаѓање во ситуација која е основа за исклучување од учество во набавката (Анекс 2)

За сите прашања, контактирајте нѐ на [email protected] најдоцна до 15.02.2024 година. Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и доставени до сите поканети понудувачи и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот.

Доставените материјали остануваат во архивата на Еко-свест.

Пoнудите кои ќе пристигнат по наведениот рок или без целосна документација, нема да бидат разгледувани.

Рокови и временска рамка

Повикот е отворен од 05.02.2024 и продолжен до 06.03.2024 година.

Периодот за изработка на анализата е 3 месеци од склучување на договор.

Критериум за избор на најсоодветна понуда

По истекот на рокот за пријавување, ќе се креира Комисија од 3 члена, која ќе изврши бодување на пристигнатите понуди.

Кандидатите за секоја тематска област ќе бидат оценувани според следните критериуми:

1. Портфолио на кандидатот (70 бодови);

2. Финансиска понуда (30 бодови).

Вкупно 100 бодови.

Еко-свест ќе ги контактира избраните понудувачи, не подоцна од 7 дена од истекот на периодот за доставување на понуда.

Договор ќе биде склучен со кандидатите кои освоиле најголем број бодови во сооднос квалитет на понуда и цена, за секоја тематска област засебно.

34 градоначалници потпишаа Декларација за активна заштита на животната средина и ублажување на климатските промени

34 градоначалници потпишаа Декларација за активна заштита на животната средина и ублажување на климатските промени

Повеќе од 30 општини ја препознаваат важноста на активностите за заштита и унапредување на животната средина во својата општина. Во рамки на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ предводен од Еко-свет се организираше настан на кој градоначалниците потпишаа Декларација за активна заштита на животната средина и ублажување на климатските промени со што ги потврдија заложбите на државата за спроведување на Зелената агенда. Министерството за животна средина и просторно планирање ја поддржа декларарацијата на градоначалниците.

Зелената агенда е процес кој се случува во ЕУ и на Западен Балкан како дел од напорите кои државите ги превземаат за намалување на емисиите на стакленички гасови заради ублажување на последиците од климатските промени. И додека политиките, мерките, плановите и законите се носат на централно ниво, имплементацијата останува на општините.

„Општините се клучни за спроведување на праведната транзиција и декарбонизација. Потребно е да бидат прифатени како рамноправен чинител во процесите на носење политики на централно ниво ако сакаме да имаме вистинска имплементација на локално ниво“- вели Жарко Конески, програмски раководител во Еко-свест.

Потребно е секоја општина да си ги познава состојбите и активностите кои произведуваат емисии на стакленички гасови како и секторите кои се ранливи на климатските промени за да може да изготви планови за енергија и клима соодветни на специфичните потреби на општината. За ова потребни се посебни сектори во општината со технички капацитети и познавање на политиките и законите- сектор за животна средина, сектор за отпад, како и канцеларија во општината каде граѓаните ќе може да се информираат за тековни повици и субвенции за подобрување на енергетската ефикасност, поставување на фотоволтаици или пак алтернативни транспортни средства.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање потенцираа дека соработка меѓу општините е особено важно кога имате општини кои немаат доволно административно- технички капацитети или не располагаат со доволно финансии за изработка на вакви планови или спроведување на законските обврски и мерки.

Проектот “Граѓанските организации во акција за климатските промени” е финансиски поддржан од страна на владата на Шведска. Изразените ставови и мислења се на организациите кои го спроведуваат проектот и нужно не ги одразуваат ставовите и мислењата на владата на Шведска.

Паметно енергетско планирање

Паметно енергетско планирање

Во 2019 година Владата на Република Северна Македонија ја усвои Стратегијата за развој на енергијата до 2040 година, а во 2022 година Националниот план за енергија и клима. Во двата документи се планира изградба на 1400 MW соларни и 750 MW ветерни електрани до 2040 година. До 2040 година над 80% од електричната енергија ќе се произведува од обновливи извори на енергија, наспроти сегашната ситуација каде електраните на лигнит придонесуваат со 80% од домашното производство.

Без јасен план за тоа како да се продолжи со распоредувањето на обновливите извори на енергија и каде да се лоцираат, може да се очекуваат повеќе неуспеси ипредизвици. Без соодветни проценки пред планирањето, поставувањето на проекти за обновлива енергија може да дојде во конфликт со приоритетите на користење на земјиштето, природно заштитените подрачја и локалните заедници. Овие конфликти честопати доведуваат до продолжување на времето потребно за комплетирање на проектната документација и вистинска имплементација на терен. Сепак, 63 отсто од граѓаните во Северна Македонија сметаат дека инвестирањето во енергетски проекти мора да биде приоритет.

Имајќи го ова предвид, владините институции треба да се следат низа принципи за да се забрза енергетската транзиција без да се нанесува штета на животната средина, природата и локалните заедници, истовремено зачувувајќи го земјоделското земјиште.

Прва фаза на проектот

Во соработка со The Nature Conservancy и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Еко-свест работи на проект за паметно енергетско планирање во земјата. Со спроведување на фокус групи и анкета на репрезентативен примерок, како и серија консултации со релевантни чинители во секторот, Еко-свест изготви Принципи и препораки за паметно енергетско планирање.

МАНУ пак, изработи Студија за користење на рудници и други браунфилд локации, односно за паметно позиционирање на проектите врз деградирани земјишта. Со првата фаза на проектот се идентификуваа 650 MW капацитет за овие проекти.

Втора фаза на проектот

Во втората фаза на проектот се продолжува со анализа и картирање на локации за изградба на вакви проекти согласно утврдена методологија, на земјиште кое нема друга употребна вредност. Секако, принципот на заштита на природата и локалното население се клучни и движечки вредности во овој проект. Дополнително на ова, формирано е Советодавно тело на проектот, од претставници на национални и меѓународни институции како и експертска работна група која ја ревидира работата на МАНУ и овозможува уште поквалитетно истражување и резултати од овој проект.

Студијата резултираше со мапа на одржливи локации, првенствено на некорисно и загадено земјиште, за развој на обновливите извори на енергија во Македонија. Доколку инвестициите се насочат кон соларни и ветерни електрани на само половина од овие одредени локации, овие проекти би можеле да генерираат 7,7 терават-часови електрична енергија годишно.

СОЛАРЕН ПОТЕНЦИЈАЛ Се проценува дека 50 GW соларна фотоволтаична инсталирана моќност може да се развие во области со оцена повисока од 4,2 означени со темно црвена боја, или 11 GW доколку не се земат предвид областите значајни за растенијата и локациите кои се значајни за птиците.

ВЕТЕРЕН ПОТЕНЦИЈАЛ Околу 457 MW инсталирана моќност на ветерни централи може да се развијат во области со оценка повисока од 3,7 означени со темно виолетова боја, или 354 MW доколку не се земат предвид областите значајни за растенијата и локациите кои се значајни за птиците.

Дополнителни информации

Објавени студии и анализи

    

 Проектот е реализиран од