Целта на овој документ е резимирање на клучните заклучоци и точките на дискусија како и препораките за акција произлезени од Меѓународната конференција за природата, која се одржа на 28 октомври 2025 година.
Документот е наменет за учесниците на конференцијата, и поконкретно за: Владините институции/ министерства (особено животна средина, шумарство, земјоделство и водостопанство, здравство, економија), членовите на Собранието на Република Северна Македонија, научните институции, граѓанските организации, донаторите и експертите.
Стратешки заклучоци
Препознавање на проблемот: Предизвиците од загадувањето, климатските промени и загубата на биодиверзитетот се длабоко и меѓусебно поврзани и мора да се решаваат преку интегрирани политики и програмски интервенции, наместо преку изолирани активности.
Синхронизиран пристап: Постои силен консензус дека сите засегнати страни ја споделуваат целта за зачувување на животната средина и природата. Непосреден приоритет е да се воспостави конструктивен дијалог за брзо утврдување и спроведување на ефективни заеднички решенија.
Клучна улога на законодавството и финансиите: Сеопфатните цели се недостижни без два клучни столба: итно усвојување на нов Закон за природата и суштинско зголемување на финансиската поддршка за активностите за зачувување на природата.
Препораки за акција
А. Препораки за законодавство
Правна рамка:Приоритетно итно усвојување на Законот за природата. Во постапката на подготовка на законот потребно е да се вклучат релевантни институции, експерти, граѓански организации како и управителите со заштитени подрачја. Оваа точка беше идентификувана како итна и неопходна основа за ефективна регулатива и спроведување на мерки за заштита.
Улога на науката:Да се зајакне и да се зголеми улогата на науката и научните институции (на пр., Хидробиолошкиот завод, националните истражувачки организации) во изготвувањето и креирањето на релевантните политики за животната средина и природа. Ова ќе обезбеди креирањето политики да се заснова на докази и најнови информации/податоци.
Секторска интеграција:Да се воведе механизам за задолжително вклучување на сродните министерства (земјоделство, здравство, економија, транспорт, енергетика) во процесите на креирање политики за животната средина и природата. Ваквиот пристап ќе овозможи препознавање на меѓусебната поврзаност на еколошките прашања со човековото здравје и економскиот развој во сите сектори.
Б. Институционални pрепораки
Институционален капацитет:Да се започне насочена национална програма за градење капацитети за сите институции вклучени во заштитата на природата, со фокус на технички вештини, административна ефикасност и спроведување на законите. Ова ќе одговори на итната потреба за институционално зајакнување спомната од учесниците.
Меѓу-институционална Соработка:Да се воспостават формални иконтинуираниможности за соработка меѓу државните институции, научните организации и граѓанскиот сектор за заедничко планирање и постигнување на целите за зачувување на природата. Ова би ја операционализирало препознаената потреба од конструктивен дијалог и заеднички решенија.
Користење на искуството од теренот:Да се интегрираат искуствата и научените лекции од Националните паркови и другите чинители од терен директно во институционалните практики и креирањето политики. Ова би го искористило практичното знаење од терен, идентификувано како многу значајно за ефективна заштита.
В. Препораки за идни настани
Да се воспостави Меѓународната конференција за природата како годишен настан и почесто да се организираат пофокусирани панел дискусии во текот на годината на специфични еколошки теми. Ова би ја адресирало силната желба за континуиран дијалог.
Да се обезбеди програмите наидните настани да вклучуваат разновидни сесии за влијанието на зачувувањето на природата врз човековото здравје, економијата и различни сектори, вклучувајќи анализа на ефектот од неспроведување на мерките за заштита. Ова директно би одговорило на силната потреба за вакви специјализирани дискусии на високо ниво, изразена од страна на учесниците.
Да се обезбеди учеството на широк спектар на експерти од областите на економски развој, здравство, транспорт, енергетика итн., како и експерти/учесници од минати/тековни релевантни иницијативи и проекти за да се обезбеди балансирана и сеопфатна перспектива. Ова би обезбедило идните дискусии да ги интегрираат секторските димензии во зачувувањето на природата и обратно, во интегрирање на заштитата на природата во секторските политики.
Следни чекори и комуникација
Комуникација: Целосниот текст на овие заклучоци и препораки ќе биде дистрибуиран до сите учесници на конференцијата и до клучните владини институции.
Следен чекор: Тематски настан ќе биде организиран на почетокот на 2026 година за да се реализира препораката за интегрирање на другите сектори во напорите за зачувување на природата.
12 декември 2025 година- Постојаниот Комитет на Бернската Конвенција кој заседава секоја година во декември во Стразбур, го разгледуваше случајот за националниот парк Маврово и изградбата на хидроцентрали на неговата територија и заклучи дека нема виден напредок со спроведување на препораките.
Случајот за Маврово беше отворен во 2014 година и оттогаш Бернската конвенција будно го следи напредокот на Македонија во однос на исполнување на дадените препораки за разрешување на овој случај.
Оваа година беше заклучено дека:
Измените на законот за води не се донесени
Нов Закон за природа не е донесен
Националниот парк Маврово не е репрогласен
Сите концесии за хидроцентрали во Маврово не се откажани
„Поради слабиот напредок, Комитетот ја изрази својата загриженост и усвои одлука да спроведе теренска посета во Македонија во текот на 2026 година, со цел да помогне во откочување на процесите и постигнување на задоволителен напредок. Очигледно е дека и по 11 години од отворањето на случајот, нема доволен интерес за негово разрешување преку примена на сите дадени препораки“ изјави Ана Чоловиќ Лешоска од Еко-свест, подносителот на случајот во Бернската конвенција.
Од голема важност за успешно затворање на случајот е донесување на законот за води и нов закон за природа, прогласување на Маврово согласно меѓународните стандарди, донесување на национален акциски план за Балканскиот рис и обезбедување на државни финансии за заштитените подрачја. Како главна препорака останува забраната за изградба на хидроцентрали во заштитени подрачја која мора итно законски да се воспостави и практично да се спроведе.
Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина.
Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со организации и институции.
Посебни цели и задачи на „Еко-свест“ се:
– Информирање за потенцијалните негативни влијанија врз животната средина и луѓето;
– Промовирање на решенија за здрави и одржливи пракси и политики во областа на заштита на животната средина и застапување на истите во процесите на креирање политики;
– Истражувања и анализи во област на заштитата на животната средина и човековото здравје;
– Промовирање и застапување за учество на јавноста во процесите на донесување одлуки во област на животната средина и поддршка на заедниците за остварување на ова право;
– Информирање и едуцирање на јавноста за можните негативни влијанија и начините за спречување и избегнување на истите врз животната средина и човековото здравје особено кај жените, децата и старите лица;
– Формирање и водење на коалиции и други тела составени од организации, експерти и институции со цел заедничко застапување за заштита на животната средина;
– Активно учество во постапките на измена и донесување на законски акти во област на заштита на животната средина;
– Спроведување на посебни активности во областите на:
заштита на климата
заштита на природата
заштита на медиумите на животната средина (воздух, води, почва)
одржлив развој на локалните заедници
одржлив транспорт
одржливи и паметни решенија за енергетскиот систем
одржливо управување со отпадот
иновации во заштитата на животната средина
паметно просторно планирање
поддршка на заедниците и активно граѓанство.
Работни задачи и одговорности:
Ангажираниот Проектен асистент ќе ги има следните работни должности и одговорности:
Организира и координира настани, работилници и теренски активности
Обезбедува простор, опрема и материјали за активности
Следи временски рокови и распоред на активности
Воспоставува, координира и одржува контакт со локални заедници, училишта, партнери и надворешни соработници
Комуницира со учесници пред, за време и по настаните
Подготвува извештаи од активности
Архивира фотографии, белешки и листи за присуство
Прибира и евидентира финансиски документи (фактури, сметки, изводи)
Архивира финансиски документи според проектни стандарди
Подготвува платни налози за активности
Објавува повици за набавки и го следи процесот
Внесува трошоци во финансискиот систем
Обезбедува прилози за извештаи кон донатори
Комуницира со добавувачи за прием и потврда на исплати
Дава поддршка на Програмскиот координатор за природа во сите активности
Врши и други работи по насока од Програмскиот координатор за природа и Извршниот директор.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите, како и следните посебни услови:
Комплетирано соодветно формално и неформално образование;
Докажана способност да работи со компјутери, пред сè напредно познавање на програмите од пакетот на Microsoft Оffice;
Основно познавање од раководење на проектен циклус и познавање процедури за спроведување на проекти на странски донатори, ќе се смета за предност;
Одлично познавање на англиски јазик
Желба и мотив за работа во граѓанска организација која третира прашања и политики од животната средина и граѓанскиот активизам;
Желба за континуирано учење и надоградување.
Кандидатите треба да ги поседуваат следните вештини и способности:
отворена комуникација (усна и писмена) и презентација;
брзо прифаќање и прилагодување кон нови задачи;
тимска работа во мултикултурно опкружување;
извршување повеќе задачи истовремено;
уредност и организираност.
Работни услови:
Неделното работно време е 40 часа. Локација на вршење на работните обврски е во Вевчани од 8-16 часот. Со избраниот/ата кандидат/ка ќе биде потпишан договор за вработување на определено време, со пробен период од 1 (еден) месец кој може да се продолжи врз основа на покажаните квалитети и перформанси. Месечна нето плата изнесува од 30000 до 40000 денари, а точниот износ за вработениот ќе се утврди согласно искуството и вештините на кандидатот. Конкретната плата на избраниот кандидат/ка ќе биде утврдена пред потпишувањето на договорот за вработување.
Начин на пријавување:
Заинтересираните кандидати/тки при пријавувањето треба да достават:
Mотивациско писмо (максимум од 1 страна);
Професионална биографија;
Професионална препорака/референца е пожелна.
Пријавувањето се врши на електронската адреса: elena.todorovska@ekosvest.com.mk, а пријавата мора да се наслови со: Пријава за координатор за финансии и администрација.
Пријавувањето е тековно и трае до пополнување на работната позиција.
Еко-свест ќе ги контактира само оние лица кои ќе бидат селектирани за тестирање и интервју. Нецелосните и неправилните пријави нема да бидат разгледани.
Младите за Реките – започнува вистинската авантура!
💦Минатата недела во Маврово, растевме со текот на реките – преку учење, дружење и акција! 30 млади од Вевчани, Колашин и Ранилуг се собраа за да дознаат како да се вклучат во заштитата на реките во нивните заедници.
🌱На обуките зборувавме за: Активно граѓанство и како да се вклучиме во промени; Анализа на засегнати страни и идеи за решавање проблеми; Планирање локални иницијативи; Важни теми како инклузија и критичко размислување.
🌿Имавме и гости од Македонското здружение на млади правници, кои ни покажаа како преку закони и соработка со носители на одлуки може да се постигне вистинска општествена промена.
🌳За време на теренската посета на Тресонечка Река во Националниот парк Маврово, учесниците: Научија за влијанието од хидроцентралите врз природата, особено во заштитени подрачја; користеа фото-замки и анемометри за мерење параметри на водата, и идентификуваа над 120 видови животни и растенија!
💦Чистата река и водопадите, од кои можевме дури и да пиеме вода, беа вистинска инспирација!
💪Сега локалните групи започнуваат со развој на свои еко-иницијативи поврзани со реките – и тоа е само почеток!
Најнови коментари