Оглас за вработување на проектен асистент во Вевчани

Оглас за вработување на проектен асистент во Вевчани

Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје отвара повик за вработување на Проектен асистент во локалната канцеларија во Вевчани.

За Еко-свест

Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина.

Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со организации и институции.

Посебни цели и задачи на „Еко-свест“ се:

– Информирање за потенцијалните негативни влијанија врз животната средина и луѓето;

– Промовирање на решенија за здрави и одржливи пракси и политики во областа на заштита на животната средина и застапување на истите во процесите на креирање политики;

– Истражувања и анализи во област на заштитата на животната средина и човековото здравје;

– Промовирање и застапување за учество на јавноста во процесите на донесување одлуки во област на животната средина и поддршка на заедниците за остварување на ова право;

– Информирање и едуцирање на јавноста за можните негативни влијанија и начините за спречување и избегнување на истите врз животната средина и човековото здравје особено кај жените, децата и старите лица;

– Формирање и водење на коалиции и други тела составени од организации, експерти и институции со цел заедничко застапување за заштита на животната средина;

– Активно учество во постапките на измена и донесување на законски акти во област на заштита на животната средина;

– Спроведување на посебни активности во областите на:

  • заштита на климата
  • заштита на природата
  • заштита на медиумите на животната средина (воздух, води, почва)
  • одржлив развој на локалните заедници
  • одржлив транспорт
  • одржливи и паметни решенија за енергетскиот систем
  • одржливо управување со отпадот
  • иновации во заштитата на животната средина
  • паметно просторно планирање
  • поддршка на заедниците и активно граѓанство.

Работни задачи и одговорности:                                                               

Ангажираниот Проектен асистент ќе ги има следните работни должности и одговорности:

  • Организира и координира настани, работилници и теренски активности
  • Обезбедува простор, опрема и материјали за активности
  • Следи временски рокови и распоред на активности
  • Воспоставува, координира и одржува контакт со локални заедници, училишта, партнери и надворешни соработници
  • Комуницира со учесници пред, за време и по настаните
  • Подготвува извештаи од активности
  • Архивира фотографии, белешки и листи за присуство
  • Прибира и евидентира финансиски документи (фактури, сметки, изводи)
  • Архивира финансиски документи според проектни стандарди
  • Подготвува платни налози за активности
  • Објавува повици за набавки и го следи процесот
  • Внесува трошоци во финансискиот систем
  • Обезбедува прилози за извештаи кон донатори
  • Комуницира со добавувачи за прием и потврда на исплати
  • Дава поддршка на Програмскиот координатор за природа во сите активности
  • Врши и други работи по насока од Програмскиот координатор за природа и Извршниот директор.

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите, како и следните посебни услови:

  • Комплетирано соодветно формално и неформално образование;
  • Докажана способност да работи со компјутери, пред сè напредно познавање на програмите од пакетот на Microsoft Оffice;
  • Основно познавање од раководење на проектен циклус и познавање процедури за спроведување на проекти на странски донатори, ќе се смета за предност;
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Желба и мотив за работа во граѓанска организација која третира прашања и политики од животната средина и граѓанскиот активизам;
  • Желба за континуирано учење и надоградување.

Кандидатите треба да ги поседуваат следните вештини и способности:

  • отворена комуникација (усна и писмена) и презентација;
  • брзо прифаќање и прилагодување кон нови задачи;
  • тимска работа во мултикултурно опкружување;
  • извршување повеќе задачи истовремено;
  • уредност и организираност.

Работни услови:                                                                                                           

Неделното работно време е 40 часа. Локација на вршење на работните обврски е во Вевчани од 8-16 часот. Со избраниот/ата кандидат/ка ќе биде потпишан договор за вработување на определено време, со пробен период од 1 (еден) месец кој може да се продолжи врз основа на покажаните квалитети и перформанси. Месечна нето плата изнесува од 30000 до 40000 денари, а точниот износ за вработениот ќе се утврди согласно искуството и вештините на кандидатот. Конкретната плата на избраниот кандидат/ка ќе биде утврдена пред потпишувањето на договорот за вработување.

Начин на пријавување:                                                    

Заинтересираните кандидати/тки при пријавувањето треба да достават:

  • Mотивациско писмо (максимум од 1 страна);
  • Професионална биографија;
  • Професионална препорака/референца е пожелна.

Пријавувањето се врши на електронската адреса: elena.todorovska@ekosvest.com.mk , а пријавата мора да се наслови со: Пријава за координатор за финансии и администрација. 

Пријавувањето е тековно и трае до пополнување на работната позиција.                                                                                                                                                                                                                

Еко-свест ќе ги контактира само оние лица кои ќе бидат селектирани за тестирање и интервју. Нецелосните и неправилните пријави нема да бидат разгледани.

Младите за Реките – започнува вистинската авантура!

Младите за Реките – започнува вистинската авантура!

Младите за Реките – започнува вистинската авантура!

💦Минатата недела во Маврово, растевме со текот на реките – преку учење, дружење и акција! 30 млади од Вевчани, Колашин и Ранилуг се собраа за да дознаат како да се вклучат во заштитата на реките во нивните заедници.

🌱На обуките зборувавме за:
Активно граѓанство и како да се вклучиме во промени;
Анализа на засегнати страни и идеи за решавање проблеми;
Планирање локални иницијативи;
Важни теми како инклузија и критичко размислување.

🌿Имавме и гости од Македонското здружение на млади правници, кои ни покажаа како преку закони и соработка со носители на одлуки може да се постигне вистинска општествена промена.

🌳За време на теренската посета на Тресонечка Река во Националниот парк Маврово, учесниците:
Научија за влијанието од хидроцентралите врз природата, особено во заштитени подрачја;
користеа фото-замки и анемометри за мерење параметри на водата,
и идентификуваа над 120 видови животни и растенија!

💦Чистата река и водопадите, од кои можевме дури и да пиеме вода, беа вистинска инспирација!

💪Сега локалните групи започнуваат со развој на свои еко-иницијативи поврзани со реките – и тоа е само почеток!

#wegrowwiththeflow#youthforrivers#ProjectBOOST#BOOSTtheBalkan

Природата е приоритет!

Природата е приоритет!

Еко-свест започна со кампања за информирање на јавноста и институциите за потребите од итно донесување на нов Закон за природата.

Проблемот со заштитата на природата постои одамна. Притисокот кој го прават инфраструктурните проекти врз природните предели и вредности е огромен, а сепак ова прашање никогаш не било приоритет. Привилегирани се инвеститорите кои често не ги следат прописите, а граѓаните се оставени сами да ја штитат средината во која живеат.

Сѐ почесто граѓаните сами се обидуваат да спречат штетен инфраструктурен проект бидејќи системот не успеал да идентификува или спречи штета врз природата. Голем удел во ваквата пракса имаат несоодветните законски решенија кои не нудат суштинска имплементација и функционална заштита на терен.

Законот за природа во нова верзија беше подготвен во 2018 година, но никогаш не се усвои. Во меѓувреме се развија голем број на Директиви од европоското законодавство, а и се сменија работите во пракса. Оттука, нов закон за природа во кој ќе се елиминираат нефункционалните аспекти и кој ќе ја унапреди заштитата на природата е потребниопт чекор напред.

Не за Европа, или некој друг. За нас и нашите идни генерации.

НА МАКЕДОНИЈА Ѝ Е ПОТРЕБЕН НОВ ЗАКОН ЗА ПРИРОДАТА ВЕДНАШ!


🌿 Да го заштитиме нашето највредно- реките и езерата, планините и шумите, растенијата и животните.
🌿Новиот Закон за природа не е почеток, тој е следниот клучен чекор за вистинска заштита на природата!
🌿Нашата природа е светско наследство – нејзината заштита е одговорност кон нас и кон светот!
🌿Секое одложување на новиот закон за природа ја ослабува заштита која на природата и е итно потребна!
🌿Владата има одговорност да преземе чекор и да го донесе новиот Закон за заштита на природата!

Еко-свест достави коментари за три нацрт закони

Еко-свест достави коментари за три нацрт закони

Во изминатиот период Еко-свест достави коментари за три нацрт закони:

  • Закон за обновливи извори на енергија
  • Закон за геологија
  • Закон за рударство

Коментарите може да ги прочитате на следните линкови:

Повик за изразување на интерес за отстранување на бетонска бариера во река

Повик за изразување на интерес за отстранување на бетонска бариера во река

Во рамки на своите активности за ослободување на речните текови, Еко-свест објавува повик за компании за изразување интерес за физичко отстранување на бетонска бариера.

Локацијата на бариерата е во близина на Шупљи Камен.

Повикот е отворен од 12.09.2025 до 19.09.2025 година.

Заинтересираните компании можат да изразат интерес за давање понуда најдоцна до 19.09.2025 година во 17:00 часот.

Компаниите кои изразиле интерес ќе бидат поканети на консултативен состанок и ќе им бидат доставени детални информации и технички проект за отстранувње.

Изразувањето интерес треба да се достави во електронска форма на [email protected] Наслов на пораката Изразување интерес.

Документи за изразување интерес:

  • Писмо за изразување интерес
  • Профил на компанијата
  • Изјава (Анекс 2)

Критериуми за за овој повик:

  • Претходно искуство со отстранување и демонтажа на градеѓни објекти
  • Поседување на неопходна механизација
  • Поседување соодветни дозволи и лиценци за работа.

За било какви прашања, контактирајте го Ѓорѓи Митревски на [email protected]

Опис на бариерата која е предмет на отстранување

Стар тенковски мост вон употреба и се наоѓа во Општина Куманово, во местото Шупљи камен.

Димензии:
Должина: 52 m
Висина: 5,3 m
Надморска висина: 280 m
Географски координати:
географска должина: 21° 47′ 34,4′′
географска ширина: 42° 5′ 4,99′′

Слики од локацијата