by Elena Nikolovska | Feb 20, 2023 | Енергија, Повици
Eнергетската криза предизвика неколку поскапувања на струјата за домаќинствата. Ова поттикна интерес за подобрување на енергетската ефикасност кај граѓаните и бизнисите. Воведување на постепено поскапување на електричната енергија дополнително отвори многу простор за работа на енергетската ефикасност за домаќинствата кои ќе сакаат да ја намалат сметката за електрична енергија. Енергетската ефикасност е една од областите со најмногу потенцијал за намалување на потребите за електрична енергија и со тоа намалување на емисиите на стакленички гасови на земјата. Според Државниот завод за статистика во 2014 година само 18% од домаќинствата имале одредена изолација, додека според студијата на УНДП „Анализа на практиките за греење на домаќинствата во Скопската Котлина“, 50,8% од зградите во Скопската Котлина немаат изолација, 42% имаат топлинска изолација под стандардите, а само 7,2% од анкетираните домаќинства живеат во згради со топлинска изолација според барањата на Правилникот со кој се регулира изградбата на нови згради, донесен во 2013 година. Затоа, Македонија планира да спроведе голем број политики и мерки во периодот 2020 – 2040 година, со цел да се намали потрошувачката на енергија во зградите (домаќинства, комерцијални и јавни), индустрискиот сектор, транспортниот сектор и да се намалат загубите енергетска трансформација, пренос и дистрибутивна мрежа.
Еко-свест за потребите на проект за забрзување на декарбонизацијата на земјата има потреба од експерт за изработка на анализа за степенот на усогласеност со ЕУ регулативата за енергетска ефикасност како би се утврдиле потребите за забрзување на имплементацијата на планираните мерки и политики како и анализа на фактичките можности за заштеда на електрична енергија на домаќинствата.
Експертот ќе биде одговорен да ја спроведе задачата „Изработка на ГАП анализа за степенот на усогласеност со ЕУ законодавството за енергетска ефикасност и основна анализа за можностите за подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата во Македонија“. Целта на оваа анализа е да ги покаже недостатоците и реалните потреби за започнување со имплементација на планираните мерки и политики за енергетска ефикасност на земјата. Врз основа на изработениот документ експертот ќе изработи извршно резиме подготвено за комуницирање со засегнатите институции и граѓани.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите треба да достават кратка биографија(CV) и финансиска понуда (бруто износ во МКД со вклучен персонален данок на доход), со прилог примерок или активен линк од најмалку 5 подготвени анализи, истражувања, прирачници, програми и слично. Документите треба да се достават во електронска верзија на е-пошта до [email protected]: со назнака – Апликација за анализа за енергетска ефикасност најдоцна до 28 февруари 2023г. Повеќе информации за повикот може да најдете на следниот линк.
by Elena Nikolovska | Jan 11, 2023 | Блог, Клима
Како дел од проектот „Да зборуваме за климатските промени“ во 2019 се формираше националната коалиција за клима. Во 2020 членките на коалицијата за клима изработија 10 правилници и правни акти со кои се дефинираше визијата и мисијата како и внатрешната организираност на коалицијата. Истата година се изработи и стратешки план за работа на коалицијата и две годишен акциски план.
Националната коалиција за клима во моментов има 60 членки и останува отворена за нови членови. Нејзината основна цел е да обезбеди активно учество на граѓанскиот сектор во носењето на политиките за клима во земјата и зголемување на амбицијата во климатските цели.
Членки на коалицијата за клима:
- Еко- свест
- ЦНВП Македонија
- ДЕМ
- Движење за околината Молика
- Гринер
- Агроиднина Чучер Сандево
- ЕД Здравец
- Еко- живот Кавадарци
- Мрежа на Млади Фармери
- Институт за едукација, стратешки истражувања Рурал Тинк
- ЗРР Јавор Зрновци
- Симбиоза Линкести Битола
- Слоу Фуд МК
- Здружение на млади правници
- Ековита
- проф. Силвана Манасиевска
- Милиеуконтакт
- Центар за одржлив развој на заедницата Дебар
- Центар за промоција на култура и туризам
- СППМД Кавадарци
- Гоу Грин
- Рурална Коалиција
- Центар за климатски промени
- Зелената Арка
- Национално Здружение на сопственици на приватни шуми
- Трифор
- Регионален центар за шумарство и рурален развој РЕФОРД
- Natura MK
- Geobalkanica
- Македонско Еколошко Друштво
- Антигонеа Бајкинг
- ЗГ Чиста вода здрава храна
- ПОЛИМАТ 13
- Фондација за равој на мали и средни претпријатија
- Пчеларско здружение,, Неготински мед”, Неготино,
- ЕД ТИСОВЕЦ, Кавадарци,
- ЗЕОООП
- ЦЕНТАР ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ „ЕЛИПСА“
- Здружение Мулти медиа прес
- Организација за домување на станари ОДС
- Центар за еколошка демократија -ФЛОРАЗОН
- ЗГ ЗСТ.Џ Офицерчето 3
- ЗГ Кажи Кога – Центар за инклузивен развој
- ЗГ Лидери за едукација, едукација и равој
- Урсус спелеос
- ЗГ за одржлив развој на село Николиќ, Дојран
- Моето село е поубаво од твоето
- Центар за ромска заедница ДРОМ
- Институт за добро владеење и политики во Животната средина и климатските промени во Скопје
- Македонски зелен центар
- Здружение за мултикултурна интеграција Инклузија -Охрид
- Коалиција за перспективна Преспа
- Унија на Еколози “Натура”
- Градот Убав
by Elena Nikolovska | Nov 29, 2021 | Повици
Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Промовирање на енергетска транзиција во С. Македонија има потреба од ангажирање на Експерт за изработка на Нацрт ставови за процесот на праведна транзиција во земјата.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на активноста е изработка на Нацрт ставови за процесот на праведна транзиција во земјата врз основа на изготвен Извештај за Мапирање на локални чинители во процесот на праведна транзиција во Кичевскиот и Битолскиот регион” со цел нивно комуницирање со сите засегнати страни.
ЗАДАЧИ
Апликантот треба:
- Да соработува и да ги следи насоките на лицата назначени од Еко-свест со цел изготвување на “Нацрт ставови за процесот на праведна транзиција во земјата”.
- Врз основа на изработениот “Извештај за Мапирање на локални чинители во процесот на праведна транзиција во Кичевскиот и Битолскиот регион” да изработи “Нацрт ставови за процесот на праведна транзиција во земјата” вклучително позитивни компаративни практики од земјите од ЕУ, потенцирање на клучни принципи и црвени линии во однос на ставовите.
- Да подготви клучни поенти и најбитни информации од “Нацрт ставовите” со цел нивно комуницирање со сите засегнати страни.
- За сите преземени активности да достави листа за изработени денови и финален извештај согласно урнеци доставен од Еко-свест.
ВРЕМЕНСКА РАМКА
Периодот за реализација на оваа активност изнесува 1 месец од потпишување на договорот.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
При аплицирањето, апликантите треба да достават:
- Биографија (CV)
- Писмо за интерес
- Финансиска понуда (во денови)
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ
- Завршено високо образование (правен факултет, инженер за заштита на животна средина, машински или електро инженер со фокус на енергетика и друго образование кое одговара на повикот)
- Докажано искуство во работа со граѓански организации/ локални заедници
- Докажано искуство во изработка на сумарни истражувања/ анализи/ “нацрт ставови” (position paper)/ претставки до институции/ лобирање и застапување.
- Докажано локално и регионално искуство во секторот енергетика и/или климатски промени се смета за предност
- Одлични комуникациски/презентациски вештини (на македонски јазик)
ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Претходно искуство во спроведувањето на слични активности 40 бодови
- Искуство во работа со ГО и локални заедници и енергетика и/или климатски промени 40 бодови
- Финансиска понуда 20 бодови
Вкупно 100 бодови.
Организацијата го задржува правото да спроведе интервју со најдобрите кандидати.
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најголем број бодови.
Понудата не смее да надмине 61.600 ден.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 6 декември 2021 г., 16:00 часот со назнака ,,Апликација за Експерт за изработка на Нацрт ставови за процесот на праведна транзиција во земјата “
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Повеќе информации можете да добиете на [email protected] или 075 580 480.
by Elena Nikolovska | Nov 15, 2021 | Повици
Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Заедници за праведна транзиција’’ има потреба од ангажирање на компанија/организација за организирање настан за праведна транзиција.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на активноста е обезбедување учество на сите засегнати чинители во процесот на праведна транзиција во земјата преку подигнување на капацитетите на локалните заедници.
ЗАДАЧИ
Компанијата/ организацијата треба:
- Да соработува и да ги следи насоките за подготовка и организирање на виртуелниот настан од страна на Еко-свест
- Да подготви и организира еднодневен настан на тема праведна транзиција во Кичево
- Да изработи дневен ред за настанот во комуникација со Еко-свест
- Да испрати покани за настанот и да обезбеди учество на настанот
- Однапред да го промовира настанот преку традиционалните и нови медиуми
- Да ги проследи клучните пораки од настанот
- Да изработи извештај за постигнатите резултати и да го достави на Еко-свест ВРЕМЕНСКА РАМКА
Периодот за реализација на оваа активност изнесува 1 недела од потпишување на договорот.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
При аплицирањето, компаниите/ организациите треба да достават:
- Краток опис на компанијата/ организацијата
- Портфолио со сработени настани
- Тековна состојба не постара од 6 месеци
- Финансиска понуда по ставки
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ
- Активна компанија/организација која е формирана согласно Законите во Република С. Македонија, и постои најмалку 2 години.
ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Претходно искуство 50 бодови
- Понудена цена 50 бодови
Вкупно 100 бодови.
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најголем број бодови.
Понудата не смее да надмине 92.500 мкд.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 22 ноември 2021 г., 16:00 часот со назнака ,,Пријава за организирање настан“
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Повеќе информации можете да добиете на [email protected].
by Elena Nikolovska | Nov 15, 2021 | Повици
Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Заедници за праведна транзиција’’ има потреба од ангажирање на консултант/компанија за проектирање на фотоволтаичен систем.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на активноста е обезбедување учество на сите засегнати чинители во процесот на праведна транзиција во земјата преку подигнување на капацитетите на локалните заедници.
ЗАДАЧИ
Компанијата/ консултантот треба:
- Да направи проценка за капацитетот на објектот за максимално производство на електрична енергија
- Проценка на вкупно трошоци – инсталирање, одржување, амортизација
- Опис на административни постапки за доведување во оперативна фаза
- Посета на терен
ВРЕМЕНСКА РАМКА
Периодот за реализација на оваа активност изнесува 1 недела од потпишување на договорот.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
При аплицирањето, консултантите/ компаниите треба да достават:
- Краток опис на компанијата/ CV на консултантот
- Портфолио
- Тековна состојба не постара од 6 месеци (за компаниите)
- Финансиска понуда по ставки
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ
- Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република С. Македонија, и постои најмалку 2 години (за компании)
- Работно искуство во проектирање на фотоволтаичен систем (за консултант)
ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Претходно искуство 50 бодови
- Понудена цена 50 бодови
Вкупно 100 бодови.
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најголем број бодови.
Понудата не смее да надмине 214.470,00мкд.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 22 ноември 2021 г., 16:00 часот со назнака ,,Пријава за консултант/компанија за проектирање на фотоволтаичен систем“
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Повеќе информации можете да добиете на [email protected].
Најнови коментари