Во обезбедувањето на независна и сигурна енергија за нашата држава, македонските институции посегнуваат по сите можни енергетски решенија. За нив, приоритет се изградбата на гасната инфраструктура исто колку и продолжувањето на работењето на РЕК Битола на јаглен, како и изградба на нова голема хидроцентрала, но и поставувањето на фотоволтаични и ветерни централи и декарбонизацијата. Очигледно е дека во моментот се пристапува кон енергетскиот сектор како кон „тезга“ со секакви производи, што за жал не е стратешки и одговорно. Енергетскиот сектор бара сериозно планирање и посветена изведба за да даде сакани резултати.
Енергетската и економската криза, во комбинација со зголемената стапка на инфлација, го наметнуваат прашањето дали е оправдано енормно задолжување за изградба на дистрибутивна мрежа за фосилен гас. Иако на него традиционално се гледа како на ‘чист’ извор на енергија, истражувањата и искуствата од користењето на гасот демонстрираат сериозни еколошки штети и климатски хаос.
Едно од најголемите е: ,,Дали е воопшто потребна оваа гасоводна мрежа?‘‘
Според анализите на Еко-свест кои се предмет на најновата студија за економската исплатливост на гасот, за целосна реализација на планот се потребни најмалку 1 милијарда евра. Вложувањето на енормни средства во инфраструктура за фосилни горива значи дека нашата земја ќе мора истата да ја користи и во наредните најмалку 40 години. Истовремено, Евопскиот континент треба да стане јаглеродно неутрален (односно, без емисии на CO2) најдоцна до 2050 година.
Од нашата држава се очекува да го интензивира инвестирањето во нови технологии кои ќе придонесат кон унапредување на општеството како и во енергетска и одржлива трансформација на целиот систем. Сите овие активности во рамки на најавената Зелена Агенда за Западен Балкан на која се обврзаа државниците од сите земји од регионот значат огромни инвестиции и задолжувања и во овој сектор.
Заробувањето на огромни суми средства во фосилни технологии значи дека нема да бидеме во можност сериозно да инвестираме во енергетската трансформација и обновливите извори на енергија што ќе не остави „заглавени во минатото“. Истовремено, бројни приоритетни сектори од општеството како здравството, образованието и заштитата на животната средина ќе останат лишени од соодветна финансиска поддршка, со што ќе продолжи нивното деградирање.
Фосилниот гас упорно се промовира како „магично решение“, иако истражувањата јасно покажуваат дека неговото согорување придонесува кон зголемени емисии на јаглерод диоксид, кој ја влошува состојбата со климатските промени. При согорување на фосилен гас, количината на ослободен СО2 е иста како и при согорување на другите видови фосилни горива како нафтата и јагленот. Со најавените јаглеродни давачки и јаглеродниот прекуграничен даночен механизам на Европската Унија, гасот нема да е толку исплатлив енергенс. Земајќи ја превид и непредвидливата цена на гасот, која никогаш повеќе нема да биде евтина, мегаломанскиот план за гасифицирање на секоја општина е крајно неисплатлив и на штета на државниот и домашниот буџет на граѓаните.
Плановите за гасна инфраструктура мораат сериозно да се преиспитаат и да се доведат во реални рамки, и од економски и од еколошки аспект. Притоа, мора да се разгледаат сите можни алтернативи за снабдување со електрична и топлинска енергија и да се направат економски исплатливи и одржливи решенија кои нема да бидат на товар на државниот и домашниот буџет, а ќе овозможат побрза енергетска транзиција и почиста животна средина за граѓаните.
Во последниве години, Македонија постепено ја зголеми употребата за фосилен гас и планира уште повеќе да ја зголемува во иднина. Спротивно на тоа, ЕУ ги помина последните две години обидувајќи се брзо да ја намали потрошувачката на гас, бидејќи високите ризици од зависност од увезениот гас станаа повеќе од евидентни. Но, македонските власти се однесуваат како тоа да не се случило – а ЕУ продолжува да ги поддржува во повторувањето на сопствените грешки.
Плановите за гасоводниот систем на земјата постојат многу одамна и полека прогресираат. Во ноември 2019 година беше објавено дека гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар е 53 % завршен, но четири години подоцна, тој сè уште не е ни приближно готов, и покрај тоа што владата вети дека ќе биде комплетиран до 2020 година. Не е јасно дали проблемите се поврзани со експропријација, ерозија на земјиште или нешто друго.
Главниот фокус сега е на изградба на гасовод од Грција до Македонија, која неодамна се интензивираше. Сепак, проектот е предмет на неколку правни жалби, вклучително и жалба до Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ). Задолжителните јавни консултации не беа одржани, а државната гаранција за заем е донесена без одобрение на Комисијата за заштита на конкуренцијата.
Плановите за гасовод до Косово се споменуваат и во неколку стратегии, но во меѓувреме косовската влада одлучи да не го реализира овој проект.
Плановите за нови гасни централи постојано се прошируваат, на нетранспарентен начин. Владата не даде јасни објаснувања зошто е потребен сѐ поголем капацитет и зошто смета дека не постојат соодветни алтернативи.
Националниот план за енергија и клима вели дека Македонија треба да размисли за изградба на една гасна централа доколку не се изгради хидроцентралата Чебрен.
Во енергетската стратегија се вели дека ќе бидат изградени меѓу 0 MW и 245 MW нови гасни постројки, во зависност од сценариото.
Но, во програмата за имплементација на енергетската стратегија – која треба да ја спроведе енергетската стратегија, а не да ја препишува – вели дека земјата во секој случај треба да изгради 450 мегавати нови гасни централи и споменува гасни централи и во Неготино и во Битола. Но, неодамна беа обелоденети плановите за централа од 800 MW во Битола. Не е познат капацитетот на планираната гасна централа во Неготино.
Оттогаш, се појавија и планови за дополнителна електрична и топлинска централа на гас во Скопје, со капацитет од 90-105 MW, што би ја градела грчката компанија „Митилинеос“, проект кој владата ги прогласи за „стратешки“, иако не е во ниту еден стратешки документ.
Власта често зборува за „пренамена“ на централите на јаглен во Битола и Неготино на гас, но тоа е дезинформација. Гасните електрани користат значително поинаква технологија од оние на јаглен и најважните делови од централите би требало да се изградат одново.
Зголемената потрошувачка на фосилен гас често се тврди дека е потребна за да се замени јагленот, но оваа идеја е застарена и погрешна: одржливите форми на обновлива енергија како што се сончевата, ветерот и геотермалната енергија се иднината и земјата не може да си дозволи да биде застранета од лажни решенија.
Зошто зголемувањето на потрошувачката на фосилен гас е лоша идеја?
Заврши ерата на евтин гас. Една од причините зошто рускиот гас толку широко се користи е поради тоа што беше релативно евтин. Плановите за проширување на гасот во Македонија беа направени пред инвазијата на Русија врз Украина и нема јавен доказ за да се докаже дека тие сè уште се реални и остварливи.
Главните потенцијални алтернативни извори на гас за Македонија се Азербејџан или течен гас (LNG). Но, ветувањето на Азербејџан дека ќе го удвои протокот на гас за ЕУ до 2027 година ќе биде ограничено од инфраструктурниот капацитет и зголемената домашна потрошувачка, со што ќе ги зголеми цените. LNG е поскап од гас воден преку гасоводи бидејќи треба да се втечни, транспортира и регасифицира. Тоа исто така прдизвикува силни флуктуации на цените бидејќи се тргува на глобално ниво.
Македонија мора итно да ги преиспита своите планови за гас имајќи ја предвид оваа нова реалност.
Ќе се зголеми зависноста од увоз на енергија. Македонија е единствената земја во регионот со поголема зависност од увезена енергија од просекот на ЕУ. Тоа е затоа што го увезува целиот свој гас и нафта, како и дел од електричната енергија, а во последниве години дури и јаглен. Нејзината вкупна зависност од гас е сè уште ниска во споредба со ЕУ, и таа треба да се труди колку што е можно да ја задржи на ниско ниво, а истовремено да го намали увозот на електрична енергија со зголемување на искористувањето на ветер и сончева енергија.
Зависност од увоз на енергија, 2021 (во проценти)
Зависност од увоз на енергија
2021
Европска Унија
56
Босна и Херцеговина
27
Црна Гора
31
Македонија
68
Албанија
24
Србија
35
Косово
33
Извор: Еуростат
Гасот е фосилно гориво што штети на климата. Како јагленот и нафтата, гасот е необновливо фосилно гориво кое испушта стакленички гасови кога се согорува, предизвикувајќи зголемен климатски хаос што го видовме во последниве години. Индустријата за гас го претстави ова гориво како чиста алтернатива на јагленот, означувајќи го како „природен гас“ за да звучи здраво и привлечно. Сепак, ова е далеку од вистината.
Фосилниот гас претежно се состои од метан, моќен стакленички гас до 84 пати помоќен од јаглерод диоксидот. Поради истекување на метан за време на производството и транспортот, гасот често е лош за климата исто како и јагленот. Како што неодамна изјави претставник на Европската инвестициска банка:
„Знаеме како да произведуваме електрична енергија на начин со ниски емисии. Ни треба повеќе складирање, ни требаат повеќе преносни мрежи, но знаеме како да го направиме тоа. Треба само да вложиме многу повеќе напор во тоа и треба да ги затвориме електраните на јаглен. Но, немаме простор во атмосферата кој би го полнеле со уште емисиите од согорувањето на гас“.
Гасот е ќорсокак, а не „преодно гориво“. Премногу често, претставниците на владата и ЕУ го нарекуваат гасот како „преодно гориво“, што значи дека за да се премине кон систем заснован на обновливи извори на енергија, земјите од Западен Балкан прво треба да инвестираат во гас. Ова не е вистина.
За да преминат кон систем заснован на обновлива енергија, земјите треба да инвестираат во обновливи извори на енергија – како и во енергетската ефикасност и подобрување на мрежата. Технологиите како што се фотоволтаици, топлински пумпи и складирање со батерии се многу поевтини и пошироко достапни отколку пред неколку години и ќе ја олеснат транзицијата.
Доцна е за средни чекори пред декарбонизацијата, која треба да се постигне најдоцна до 2050 година. Секоја инфраструктура за фосилни горива изградена сега ќе трае најмалку четири децении – и многу подоцна од 2050 година. Или нема да се користи, а вложените средства ќе се залудно потрошени, или ќе ги заробат средствата во употребата на фосилни горива и ќе се попречи транзицијата.
Како што нагласија и Меѓународната агенција за енергија и Меѓувладиниот панел за климатски промени, нема повеќе простор за изградба на нова инфраструктура за фосилни горива доколку сакаме да спречиме уште посериозен климатски хаос.
Гасот му штети на човековото здравје. Локалното загадување од гас е невидливо, но сепак е смртоносно. Загадувачките материи од гасот вклучуваат фини честички и азотен диоксид, кои го иритираат човечкиот респираторен систем, што доведува до кашлање, отежнато дишење, астма и други респираторни инфекции. Согорувањето на фосилниот гас, исто така, доведува до формирање на озон, што може да предизвика кашлање , иритација и конгестија на грлото и влошување на бронхитисот и астмата.
2021 е последната година за која се достапни податоците на Еуростат, според кои целиот Западен Балкан користеше помалку од еден процент од фосилниот гас што го користи ЕУ, што поволно делува за избегнување на заробување на средства во користење досилни горива.
Иако Македонија има краткорочни потешкотии во снабдувањето со енергија поради долгогодишното недоволно инвестирање во обновливите извори на енергија, ниската зависност од гас на регионот е предност што треба да се искористи, а не проблем што треба да се реши. Владата мора итно да ги ревидира своите неусогласени планови за гас и наместо тоа да ги зголеми инвестициите во соларна енергија, ветер, геотермална енергија, топлински пумпи и дистрибутивни мрежи.
Опис на услугата Задачата во рамки на повикот е набавка на канти за селектирање отпад од пластични шишиња и достава до локалната канцеларија на Еко-свест во Вевчани.
Основни информации Центарот за истражување и информирање на животната средина Еко-свест преку локалната канцеларија во Вевчани во партнерство со Јавното претпријатие за комунални дејности и облагодарување на природните ресурси Еремја – Вевчани го спроведува проектот „Собери, рециклирај, креирај – Од селектирана пластика до иновација“ со цел унапредување на управувањето со отпадот во општина Вевчани. Повеќе информации на www.ekosvest.com.mk
Цел на услугата Главна цел на оваа задача е подобрување на инфраструктурата за соодветно одлагање на отпадот од пластични шишиња, со што ќе се унапреди процесот на селекција на пластиката и нејзино рециклирање.
Обем и детален опис на услугата Избраниот понудувач ќе биде задолжен за:
1. Набавка на 50 канти за селекција на отпад од пластични шишиња Кантите треба да да бидат изработени:
со волумен од најмалку 240 литри;
во жолта боја;
од тврда пластика;
подвижни.
2. Достава на кантите до локалната канцеларија во Вевчани
Временска рамка Задачата за набавка на канти за селектирање на отпад од пластични шишиња ќе биде финализирана 45 дена од склучување на договорот, но не покасно од 15.01.2024 година Предложената временска рамка за ангажманот е следна:
Резултат
Краен рок
Избор на канти за селектирање на отпад од пластични шишиња
13/12/2023
Достава на канти
15/01/2024
Буџет Вредноста на договорот не може да надмине 2750 САД$, односно 157.300 денари, според курсот на проектот „Собери, рециклирај, креирај – Од селектирана пластика до иновација“.
Потребна документација за аплицирање ● Краток опис на компанијата (портфолио); ● Тековна состојба не постара од 6 месеци; ● Финансиска понуда; ● Пополнета и потпишана изјава дека понудувачот не запаѓа во ситуација која е основа за исклучување од учество во набавката (Анекс 1).
Компанијата која аплицира мора да ги исполнува следниве критериуми: ● Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република С. Македонија, и постои најмалку 2 години.
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
Во понудата задолжително: ● Да се наведе единечната цена за производот без ДДВ ● Временски рок на извршување на набавката ● Начин на плаќање
Евалуација на кандидатите Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана.
Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми: ● Краток опис на компанијата (портфолио): 30 бодови. ● Време потребно за достава на кантите: 30 бодови. ● Понудена цена за кантите: 40 бодови
Договор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број бодови во сооднос квалитет на понуда и цена.
Евалуационата комисија ќе ја извести само онаа компанија чија понуда ќе биде избрана. Договор ќе биде склучен само со онаа компанија чија понуда ќе биде оценета како најповолна.
Услови на поднесување Комплетната понуда апликантите треба да ја испратат на email: [email protected], со назнака “Понуда за набавка на канти”.
Краен рок за достава на понуди е 6/12/2023 година. Некомплетни понуди нема да бидат земени предвид.
Надзор на проектот Еко-свест ќе биде одговорен за надзорот на спроведувањето на активноста и почитување на договорите и договорните задачи. Контакт лице Леонора Велкоска, [email protected]
Контакт лице За повеќе информации, ве молам контактирајте со Леонора Велкоска, [email protected] или на +389 78 300 219
Анекс 1: Изјава од понудувач ИЗЈАВА Јас, долупотпишаниот __________________________(име и презиме) во функција на овластен застапник на ____________________________(име на правното лице) со целосна морална и материјална одговорност изјавувам дека правното лице кое го застапувам нема ограничувања да биде понудувач во овој повик и дека поконкретно → Правното лице не се наоѓа во стечајна постапка, банкрот или судски спор, правното лице нема склучено договор со доверители без можност да ги сервисира обврските кон кредиторите, и истото нема суспендирање на деловните активности на правниот субјект, односно активностите на правното лице не се предмет на постапка во врска со овие прашања или не се во било каква аналогна ситуација што произлегува од слична постапка предвидена во националното законодавство и регулативи; → Правното лице и овластениот застапник не се осудени за прекршок по основ на непрофесионално однесување, со пресуда која има сила на res judicata; → Правното или физичко лице застапник не е обвинето за тежок прекршок и/или недолично професионално однесување, по било кој основ докажано како праведно обвинето; → Правното или физичкото лице застапоник не се утврдени за виновни со правосилна пресуда или со правосилна административна одлука за тешко недолично професионално однесување прекршувајќи ги важечките закони и прописи или етичките стандарди апликативни за професионалната област во рамки на која субјектот делува, или соучествувајќи во било какво несоодветно однесување кое има влијание врз неговиот професионален кредибилитет и кога таквото однесување укажува на погрешна намера или груба небрежност, вклучително и особено кое било од следното: измама или небрежно погрешно прикажување на информации потребни за проверка на отсуството на основи за исклучување или исполнување на критериумите за избор или спроведување на договорот, вршење притисок или влијание при процесот на донесување одлука, или обид да се добијат доверливи информации за предности во постапката на набавка; → Правното лице ги исполнува обврските за плаќање на придонеси за социјално осигурување на вработените или плаќање даноци согласно законските одредби на земјата во која правниот субјект е основан или со одредбите важечки за земјата каде треба да се спроведе договорот; → Правното лице не е предмет на пресуда која има сила на res judicata за измама, корупција, инволвираност во криминални дејствија или која било друга незаконска активност штетна за финансиските интереси на организацијата и донаторите.
Основни информации Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест од Скопје, работи на теми тесно поврзани со заштита на животната средина и има потреба од годишна ревизија за 2023 година. Eко-свест објавува повик за изразување интерес од ангажирање на овластени ревизорски компании. Цел и задачи на активностите Цел на активноста е спроведување на ревизија на Еко-свест, подготовка и издавање на ревизорски извештај за организациско и финансиско работење на Еко-свест за периодот од 1 Јануари до 31 Декември 2023 година.
Потребно е да се направи увид и проверка на завршната сметка по нејзиното поднесување и потоа да се изготви ревизорски извештај на македонски и на англиски
Ивештаите од досегашното работење на Еко-свест ке може да се погледнат на следниот линк: Извештаи / Еко-свест (ekosvest.com.mk). Временска рамка за доставување на понуда Периодот за изразување на интерес за учество на повикот е 7 дена од објавување на отворениот повик. Еко-свест ќе го контактира избраниот понудувач, не подоцна од 7 дена од истекот на периодот за доставување на понуда. Временска рамка за спроведување на активноста Периодот за спроведување на оваа активност изнесува најмногу 2 месеци од датумот на потпишување на Договорот, но не подоцна од 30.04.2024. Буџет Заинтересираните треба да достават понуди во македонски денари, со посебно назначен ДДВ и вкупен износ на понудата.
Потребна документација за пријавување При пријавувањето, компаниите треба да достават:
Портфолио на компанијата
Краток опис на кoмпанијата
Финансиска понуда изразена во МКД со вклучен ДДВ.
Тековна состојба не постара од 6 месеци
Пополнета изјава (Анекс 1) Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма. Критериуми за понудувачите
Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република Северна Македонија, и постои најмалку 3 години.
Најмалку 3 ( три) години професионално работно искуство во спроведување ревизии на граѓански организации, странски фондации, програми и проекти имплементирани од граѓански организации и странски фондации.
На повикот може да се пријават компании кои ги исполнуваат наведените правни и технички услови.
Договор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број на бодови во сооднос на наведените критериуми.
Комисијата за евалуација на понудите го задржува правото да го информира само понудувачот чија понуда била избрана како најсоодветна за овој повик Оценка на понудите За оценка на понудите ќе се формира комисија која ќе ги разгледа и оцени понудите. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми: портфолио на компанијата, капацитет за спроведување на ревизијата (број на лиценцирани вработени ревизори), временска рамка на спроведувањето и завршувањето на активноста, како и на финансиска понуда, Договор ќе биде склучен со оној понудувач кој ќе биде оценет како најповолен. Еко-свест има право да го одобри или оспори изборот на ревизорот, во зависност од исполнувањето на условите. Критериуми за избор на најсоодветна понуда По истекот на рокот за пријавување, ќе се креира Комисија од 3 члена, која ќе изврши бодување на пристигнатите понуди. Бодувањето на пристигнатите понуди ќе се изврши на следниот начин:
Портфолио на компанијата (50 поени)
Капацитет за спроведување на ревизијата (број на лиценцирани вработени ревизори),( 20 поени)
Финансиска понуда (30 поени)
Пријавување Комплетната понуда, изјавување интерес и изјава, понудувачите треба да ја испратат на еmail: [email protected], најдоцна до 29 Декември 2023 година до 16:00 часот со назнака. Ревизија: (име на понудувачот). Некомплетни понуди и понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид. Повеќе информации или прашања можете да поставите на [email protected] Доверливост Сите информации кои се поврзани со оценка на понудите нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во процесот на селекција, дури и по завршување на процесот на избор. Сите податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат, прибираат, споделуваат за други цели надвор од овој повик и целта на истиот.
Анекс 1. Изјава од понудувач
ИЗЈАВА Јас, долупотпишаниот ________________ (име и презиме) во дункција на овластен застапник на ________________(име на компанија) со целосна морална и материјална одговорност изјавувам дека правното лице кое го застапувам нема ограничувања да биде понудувач во овој повик и дека поконкретно → Правното лице не се наоѓа во стечајна постапка, банкрот или судски спор, правното лице нема склучено договор со доверители без можност да ги сервисира обврските кон кредиторите, и истото нема суспендирање на деловните активности на правниот субјект, односно активностите на правното лице не се предмет на постапка во врска со овие прашања илине се во каква било аналогна ситуација што произлегува од слична постапка предвидена во националното законодавство и регулативи; → Правното лице и овластениот застапник не се осудени за прекршок по основ на непрофесионално однесување, со пресуда која има сила на res judicata; → Правното или физичко лице застапник не е обвинето за тежок прекршок и/или недолично професионално однесување, по било кој основ докажано како праведно обвинето; → Правното или физичкото лице застапоник не се утврдени за виновни со правосилна пресуда или со правосилна административна одлука за тешко недолично професионално однесување прекршувајќи ги важечките закони и прописи или етичките стандарди апликативни за професионалната област во рамки на која субјектот делува, или соучествувајќи во било какво несоодветно однесување кое има влијание врз неговиот професионален кредибилитет и кога таквото однесување укажува на погрешна намера или груба небрежност, вклучително и особено кое било од следното: измама или небрежно погрешно прикажување на информации потребни за проверка на отсуството на основи за исклучување или исполнување на критериумите за избор или спроведување на договорот, вршење притисок или влијание при процесот на донесување одлука, или обид да се добијат доверливи информации за предности во постапката на набавка; → Правното лице ги исполнува обврските за плаќање на придонеси за социјално осигурување на вработените или плаќање даноци согласно законските одредби на земјата во која правниот субјект е основан или со одредбите важечки за земјата каде треба да се спроведе договорот; → Правното лице не е предмет на пресуда која има сила на res judicata за измама, корупција, инволвираност во криминални дејствија или која било друга незаконска активност штетна за финансиските интереси на организацијата и донаторите.
На ден __година Име и презиме на застапникот Потпис и печат
Најнови коментари