Менување на Законот за шумите и Законот за минерални суровини во скратена постапка е штетно за заштитата на животната средина
Коалицијата за клима, надоврзувајќи се на реакцијата на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, бара изменувањето на законите кои ги засегаат прашањата од областа на животната средина и климатските промени да се носат во редовна постапка преку овозможување јавни и стручни расправи на кои ќе се анализираат сите влијанија од предложените законски изменувања.
Според Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија предлог на закон може да се предложи да се донесе во скратена постапка само кога: 1) не е во прашање сложен и обемен закон; 2) [се работи за] престанок на важноста на некој закон или одделни одредби од некој закон или 3) не се во прашање сложени и обемни усогласувања на законот со правото на Европската унија. Толкувањето дали одреден закон е сложен и обемен во никој случај не би требало да се толкува формалистички единствено преку критериумот колку членови се изменуваат и/или се додаваат или бришат.
Предложените измени на законите зафаќаат аспекти од одредени права заштитени со Уставот и предвидуваат исклучоци од веќе воспоставените правила. Законите не би требало да се изменуваат заради конкретен проект, туку треба да воспостават систем во кој заштитата на животната средина и природата би биле приоритет. Изменувањата на законите кои допираат определени прашања од областа на животната средина и природата би требало целосно, професионално и стручно да се анализираат од аспект на сите влијанија кои може да ги предизвикаат.
Според Методологијата за проценка на влијанието на регулативата и Упатство за начинот на постапување во работата на министерствата во процесот на спроведување на проценка на влијанието на регулативата учеството на јавноста во изготвувањето на законите и нивните измени и дополнувања е предвидено во скоро сите фази и предвидуваат различни начини на вклучување на јавноста и нивните мислења, ставови и забелешки по предложените одредби.
Дополнително како граѓански организации со долгогодишно искуство во секторот животна средина и клима сметаме дека нетранспарентен процес во носењето и менувањето на закони од значење за животната средина предизвикув недоверба во власта и институциите и понатаму отпор кон проекти кои можеби и се добри за заштитата на животната средина и од значење за унапредување на животната средина и заштита на климата.
Поради сите горенаведени причини, Коалицијата за клима бара од пратениците да ги повлечат предложените измени на законите во скратена постапка и да спроведат процес на консултација со граѓаните и граѓанските организации во формулирање на било какви законски текстови и истите да ги предложат да бидат усвоени во редовна постапка.
Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени’’ финансиран од владата на Шведска преку Swedish International Development Cooperation Agency (SIDA), а спроведуван од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје, Македонското здружение на млади правници и ЦНВП-Македонија има потреба од ангажирање на обучувач за антикорупциски мерки и политики.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на активноста е да се спроведе обука од два дела за антикорупциски мерки и политики.
ЗАДАЧИ НА ОБУЧУВАЧОТ
Избраниот кандидат треба:
Да подготви методологија, презентација и вежби за антикорупциски мерки и политики.
Да достави план за спроведување на обуката.
Во првиот дел да спроведе двочасовна обука на онлајн платформа за 35 учесници, а во вториот дел да спроведе тричасовна обука со физичко присуство за 15 учесници.
Да подготви извештај за спроведената обука и препораки за спроведување.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Биографија (CV) со детален опис за нивното поле на експертиза.
Список на теми кои би се опфатиле со обуката и предлог агенда на обуката.
Цена на чинење на услугата во МКД (бруто износ со вклучен персонален данок).
КРИТЕРИУМИ ЗА КАНДИДАТИТЕ
Најмалку 5 години професионално работно искуство во релевантна област.
Најмалку 3 (три) претходно спроведени обуки за антикорупциски мерки и политики.
Одлични комуникациски/презентациски вештини.
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ЛОКАЦИЈА
Обуката во двата дела треба да биде спроведена во месец мај 2023 година во простории на Еко-свест и онлајн.
ОЦЕНКА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе го извести само оној кандидат чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
Претходно искуство во спроведувањето на слични активности и предложена методологија- 70 бодови
Понудена цена за активноста- 30 бодови
Вкупно 100 бодови.
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Кандидатот треба да ја испрати комплетната понуда на еmail: [email protected]најдоцна до 25 април 2023 г.,со назнака „Пријава за обучувач – антикорупција“. Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Повеќе информации можете да добиете на тел. 02 3217 247.
Еко-свест и партнерските организации од регионот во соработка со The Nature Conservancy официјално ја започнува кампањата Заедно за реките насочена кон заштита на слатководните богатства на регионот. Обединети за реките, работиме со локалните заедници и владите за да осигураме дека луѓето и природата во регионот напредуваат. Заедно, можеме да се погрижиме нашите реки да продолжат слободно да течат и за идните генерации.
Следете ја Facebook страната на иницијативата United for Rivers за да дознаете како можете да се вклучите.
Како резултат на човековата активност, односно изградбата на препреки, брани и други инфраструктурни градби, реките во Македонија страдаат од фрагментација која што има негативно влијание врз хидрологијата на реките, морфологијата, екосистемите, вклучително и рибите и останатите водните видови како и нивните живеалишта. Целта на овој проект е да се развие методологија за идентификување на најсоодветните препреки за отстранување, со цел повторно да се поврзат речните системи и да се подобри нивниот еколошки статус. Проектот ќе се фокусира на сливот на реката Пчиња и ќе вклучува мултидисциплинарен тим на експерти.
Проектот ќе се реализира во три фази. Во првата фаза ќе биде подготвена методологија за идентификација и приоретизација на бариерите за отстранување. Во следната фаза, експертите ќе направат теренска работа во областа на истражувањето со цел да се процени влијанието на бариерите врз животната средина, биолошката разновидност, социо-економската важност и нивниот правен статус. Во последната фаза на проектот, експертите ќе обезбедат систематска класификација на влијанието на бариерите и приоритетите за отстранување.
Прелиминарно истражување за сливот на реката Пчиња е веќе беше завршено од страна на партнерот на проектот Геобалканика. Истражувањето вклучува хидролошки податоци за сите реки и потоци на сливот, преглед на препреките и бариерите како и други статистички податоци. Ова прелиминарно истражување ќе биде достапно за експертите како појдовна основа за нивното понатамошно истражување. Секундарните податоци за сливот на реката Пчиња достапни од Управа за хидрометеоролошки работи, дозволите за риболов и другите достапни документи исто така ќе се користат за целите на проектот.
Целите на овој проект се:
Да се процени хидрологијата на сливот на реката Пчиња;
Да се идентификуваат локациите и статусот на препреките (слаповите и другите бариери) кои го фрагментираат речниот тек;
Да се процени влијанието на препреките врз водните видови и нивните живеалишта;
Да се развие методологија за избор на препреки за отстранување со цел да се подобри поврзаноста на реката и еколошкото здравје;
Да се создаде база на податоци на препреки заснована врз развиената методологија;
Да се дадат препораки за приоритетни бариери за отстранување.
Цели и обем на работа
Експертот ќе биде одговорен да ја спроведе задачата „Правна анализа за статусот на препреки, брани и други инфраструктурни градби во сливното подрачје на реката Пчиња“. Анализата треба да даде краток преглед на националното законодавство за изградба и користење на инфраструктурни објекти покрај добра од општ интерес- како што се реките, потоците, езерата. Со анализата треба да се изврши правна проценка на објектите кои се изградени долж сливното подрачје на реката Пчиња, за што постојат впишани податоци во Катастарот на Република Северна Македонија. Анализата треба да го прикаже правниот статус на објектите преку утврдување на сопственоста, староста, степенот на употреба или неупотреба со што ќе се идентификуваат правните можности, обврски и ограничувања за нивно отстранување. За основата на анализата, експертот треба да изработи методологија со клучни параметри за проценка на правниот статус на објектите и истата да ја примени на секоја од идентификуваните препреки. Правната анализа преку едноставна скала на бодување треба да понуди листа на бариерите кои можат и треба да бидат отстранети. Од содржината на анализата треба да произлезат препораки за препреки, бариери, рибница и други инфраструктурни градби кои би можеле да се отстранат од аспект на нивниот правен статус. Закони кои треба да бидат референцирани се Закон за заштита на животната средина, Закон за водите, Закон за заштита на природата, Закон за сопственост и други стварни права, Закон за јавни дејности, Закон за концесии и јавно приватно партнерство, Закон за локалната самоуправа и други релевантни закони кои можат да бидат во функција на оваа анализа.
Експертот треба да ги спроведе следните активности:
Да изработи анализа за правниот статус на препреки, бариери, рибници и други инфраструктурни градби на сливот на реката Пчиња која ќе биде помеѓу 20-30 страни на македонски јазик.
Да го користи прелиминарното истражување за сливот на реката Пчиња изработено од партнерот на проектот Геобалканика, како и секундарните податоци достапни од Управа за хидрометеоролошки работи, риболовните основи и другите достапни публикувани и официјални податоци и литература.
Да изработи методологија со клучни параметри за проценка на правниот статус на објектите кои се изградени долж сливното подрачје на реката Пчиња и скала со бодови. Целта на методологијата ќе биде да го помогне процесот за идентификување на оние барирети кои според нивниот правен статус треба да бидат отстранети.
Да изврши прибирање на јавно достапни податоци кои се впишани во Катастарот на Република Северна Македонија и доколку има потреба да испрати барање за доставување на информации од јавен карактер од други институции или локална самоуправа.
Да вклучи листа на сите препреки, брани, рибници и други инфраструктурни градби со објаснување и проценка на нивниот правен статус, сопственост, староста, степенот на употреба или неупотреба со што ќе се идентификуваат правните можности, обврски и ограничувања за нивно отстранување.
Да изработи препораки за препреки, бариери, рибници и други инфраструктурни градби кои би можеле да се отстранат од аспект на нивниот правен статус.
Да учествува на заеднички работен состанок со останатите експерти на проектот (хидролог, географ, ГИС, биолози и социо-економски) со цел да се утврдат финалните препораки.
Да поднесе табели за евиденција на работни денови за овој проект до Еко-свест.
Временска рамка
Избраниот експерт ќе има период од 1 месец од времето на потпишување на договорот за изработка на анализата.
Буџет
Максималниот буџетот достапен за извршување на горенаведените задачи изнесува 75.000,00 МКД бруто износ.
Потребни квалификации
Експертот треба да ги исполнува следните квалификации: • Високо образование од областа на правните науки • Работно искуство од најмалку 5 години на правни работи и најмалку 2 години искуство од областа на животната средина; • Развиени истражувачки и аналитички способности; • Искуство во подготовка на анализи, истражувања и слично.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите треба да достават кратка биографија(CV) и финансиска понуда (бруто износ во МКД со вклучен персонален данок на доход), со прилог примерок или референтна листа од најмалку 3 подготвени анализи, истражувања, прирачници, програми и слично. Документите треба да се достават во електронска верзија на е-пошта до [email protected] со назнака – Апликација за анализа за правниот статусот на препреки, брани, рибници и други инфраструктурни градби во сливното подрачје на реката Пчиња е продолжен до 07.04.2023 година.
Надзор на проектот, контрола на квалитет и детали за контакт
Контакт лице за проектот е Ѓорѓи Митревски, [email protected], 071 232 103.
По повод првиот ден на пролетта Центарот за истражување и заштита на животната средина Еко-свест преку својата локална канцеларија во Вевчани во соработка со Основното училиште Страшо Пинџур од Вевчани организираа заедничка акција за засадување садници. Учениците од основното училиште заедно со тимот на Еко-свест засадија садници во училишниот двор кој во иднина ке служат како сенка во летните денови и ќе не потсетуваат колку ни се потребни зелените површини. По повод денот на пролетта апелирами за поголема свесност и поголема грижа за животната средина.Зеленило има значајна улога во квалитетот на нашето живеење, но и во прочистувањето на воздухот и намалување на аерозагадувањето Обновувањето и зголемувањто на шумските екосистеми е еден од основните предуслови за зачувување на здрава животна средина и опстанок на животот каков што го знаеме. Шумите се климатски стабилизатори со големо влијание врз сите екосистеми. Еко-свест преку локалната канцеларија во Вевчани ке продолжи со процесот на едукација на учениците, локалното население и туристите за значењето на зелените површини и зачувувањето на шумите.
Најнови коментари