Многубројните вредности на Питомиот Костен – Едукативна брошура (2024)

Многубројните вредности на Питомиот Костен – Едукативна брошура (2024)

Многубројните вредности на Питомиот Костен - Едукативна брошура (2024)

Многубројните вредности на Питомиот Костен - Едукативна брошура (2024)

Автор: проф. д-р Кирил Сотировски и доц. д-р Михајло Ристески

Опис: Eдукативна Брошура за значењето на питомиот костен и неговите еколошки и економски придобивки за локалната заедница.
Брошурата е изработена како дел од проектот „Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански извори“ спроведуван од Еко-свест, финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.

Истражување на здравствената состојба на питомиот костен во Споменикот на природа Вевчански извори (2024)

Истражување на здравствената состојба на питомиот костен во Споменикот на природа Вевчански извори (2024)

Истражување на здравствената состојба на питомиот костен во Споменикот на природа Вевчански извори (2024)

Истражување на здравствената состојба на питомиот костен во Споменикот на природа Вевчански извори (2024)

Автор: проф. д-р Кирил Сотировски и доц. д-р Михајло Ристески

Опис: Извештај од спроведено Истражувањето на здравствената состојба на питомиот костен во Споменикот на природа Вевчански Извори, со фокус на последиците од болеста „рак по костенот“ предизвикана од габичката Cryphonectria parasitica. Во извештајот се вклучени детални согледувања од теренските и лабораториските истражувања, како и предлог-мерки за подобрување на состојбата.
Истражувањето на здравствената состојба на питомиот костен во Споменикот на природа Вевчански Извори е дел од проектот „Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански извори“ спроведуван од Еко-свест, финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.

Извештај во сенка за Поглавјето 27 за 2023 година (2024)

Извештај во сенка за Поглавјето 27 за 2023 година (2024)

Автори

Филип Стојановски, м-р Бојана Станојевска Пецуровска, д-р Даниела Младеновска, Александра Каракашова Сачкарска, д-р Петра Поп Ристова, м-р Робертина Брајаноска, Елена Николовска

Опис

Извештајот е подготовен врз основа на претходно развиена методологија со која четири организации (Центар за климатски промени, „Еко-свест“, „Милиеуконтакт“ Македонија и Македонско еколошко друштво) работат на мониторинг на усогласувањето на националното законодавство со европското, но и на спроведувањето на законодавството на национално и локално ниво, го анализираат напредокот и ги сумираат главните наоди во еден извештај, кој носи наслов Извештај во сенка за Поглавје 27.

Овој извештај ги опфаќа само потпоглавјата „Хоризонтално законодавство“, „Квалитет на води“, „Управување со отпад“, „Квалитет на амбиентен воздух“, „Индустриско загадување и управување со ризик“, „Заштита на природата“ и „Климатски промени“, односно секторите каде што има напредок и кои опфаќаат повеќе директиви. Во Извештајот во сенка за Поглавје 27 за 2023 година е анализиран напредокот во последната година, односно во периодот од декември 2022 година до декември 2023 година, а подготовката ја овозможи проектот „Граѓанските организации во акција за климатски промени“ спроведуван од „Еко-свест“ во партнерство со МЗМП и ЦНВП, а финансиран од Владата на Шведска.

Целта на овој Извештај е да даде детален преглед на напредокот во усогласувањето на националното законодавство со европското за овие сектори, кои се дел од Поглавјето 27 – Животна средина и климатски промени, но и да го анализира спроведувањето на национално и локално ниво. Извештајот ги утврдува недостатоците во овие процеси, укажува на нив, а исто така ги анализира спроведувањето на препораките и начините за нивно надминување. Истовремено, овој Извештај треба да го подобри дијалогот помеѓу релевантните институции, граѓанскиот сектор, стручната јавност, меѓународната заедница и сите чинители во процесот на усогласување на законодавството и неговото спроведување, но и да осигури континуитет во соработката помеѓу релевантните чинители.

(Линкови до македонски, англиски и албански документ)

Споменик на Природа Вевчански Извори – Природата во очите на децата (2024)

Споменик на Природа Вевчански Извори – Природата во очите на децата (2024)

Споменик на Природа Вевчански Извори - Природата во очите на децата

Споменик на Природа Вевчански Извори - Природата во очите на децата

Автор: Алис Тиншмит, Соња Баѓура

Опис: Практичен прирачник за воспитувачи во градинки за активности во природа
Прирачникот е изработен како дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на Природа Вевчански Извори” спроведуван од Еко-свест,а финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.

Споменик на Природа Вевчански Извори – Игралиште за млади истражувачи (2024)

Споменик на Природа Вевчански Извори – Игралиште за млади истражувачи (2024)

Споменик на Природа Вевчански Извори - Игралиште за млади истражувачи (2024)

Споменик на Природа Вевчански Извори - Игралиште за млади истражувачи (2024)

Автор: Алис Тиншмит, Соња Баѓура

Опис: Практичен водич за наставници од пониски одделенија за спроведување активности во природа
Прирачникот е изработен како дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на Природа Вевчански Извори” спроведуван од Еко-свест,а финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.