Зелен телефон – Пријави еколошки проблем (2025)

Зелен телефон - Пријави еколошки проблем (2025)
Автор: Еко-свест
Опис:

Автор: Еко-свест
Опис:

Автор: Фросина Антоновска
Опис: Овој документ претставува платформа за застапување за унапредување на законодавството поврзано со енергетските заедници и потрошувачите-производители (просумери) во Република Северна Македонија. Во него се анализира актуелната состојба, се нагласува потребата од регулаторни и институционални реформи за децентрализирана енергија во процесот на енергетска транзиција и активно вклучување на граѓаните во производството и користењето обновлива енергија. Документот дава препораки за усогласување со ЕУ-директивите, креирање поволна регулаторна рамка, финансиски стимули, техничка поддршка, како и транспарентност и вклучување на општините и заедниците во енергетскиот систем.

Автор: Здравко Гиров, Давор Драмиќанин
Опис: Еко-свест ви ја претставува третата епизода од стрипот Тим Еко, кој е посветен на темите од енергетската транзиција, одржливиот развој и заштитата на животната средина.
Целта на стрипот е на разбирлив и креативен начин да ги доближи овие важни концепти до пошироката јавност. Приказните и ликовите се измислени и служат како симболична претстава на предизвиците и можностите во процесот на зелена трансформација.
За да успееме дел од оваа порака да пренесеме на младите – оние кои ќе бидат донесувачи на одлуки на утрешницата – со помош на Макстрипови ги создадовме суперхероите познати како Тим Еко.
Третата епизода од серијата Тим Еко е издадена во рамки на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“, спроведен од Еко-свест и финансиран од Шведска.

Автор: Марија Мерковска Крушаревска
Опис: Публикацијата „Нова енергетска визија за Битола“ ги претставува резултатите од Саемот за технички изработки, одржан на 10.6.2024 година во Europe House Bitola, фокусирајќи се на улогата на младите во еколошкиот активизам и едукацијата. Оваа публикација ја истакнува важноста на обновливите извори на енергија и решенијата за намалување на негативните ефекти од конвенционалните термоелектрани, придружувајќи се на напорите за одржлива енергетска иднина на Битола.
Автори: Марија Штерјова, Жарко Конески, Елена Николовска, Емилија Сарафска
Опис: „Визија за развој на Битола“ е резултат на истражувања, состаноци, консултации и информирање со засегнатите страни, и анализа на националните документи и планови за одржлив развој во Република С. Македонија, со фокус на Битолскиот Регион кој е зависен од јаглен. Документот предлага план за трансформација на Битола во регион со одржлив енергетски развој и заштита на животната средина, усогласен со меѓународните договори и националните документи за одржлив развој. Внимателното планирање и иновативните решенија ќе донесат долгорочни придобивки за регионот и сите засегнати страни – социјална стабилност, намалување на загадувањето и отворање нови економски можности во процесот на праведен премин кон обновливите извори на енергија.
Документот на следниот линк.
Најнови коментари