Декарбонизација на секторите енергетика, транспорт и земјоделство во Република Македонија (2018)

Декарбонизација на секторите енергетика, транспорт и земјоделство во Република Македонија (2018)

Декарбонизација на секторите енергетика, транспорт и земјоделство во Република Македонија (2018)

Декарбонизација на секторите енергетика, транспорт и земјоделство во Република Македонија (2018)

Автор: Jaсмина Саид

Опис: Анализите во оваа студија се однесуваат на три сектори: енергетика, транспорт и земјоделство. Методологијата на студијата е заснована на преглед на три национални стратегии со кои се предвидува развојот во истите сектори: Нацрт-стратегијата за развој на енергетиката во Република Македонија до 2035 година, Националната транспортна стратегијата на Република Македонија (2007-2017) и Националната стратегија за земјоделството и руралниот развој на Република Македонија за периодот 2014-2020 година.

Небезбедна енергетска иднина (2015)

Небезбедна енергетска иднина (2015)

Небезбедна енергетска иднина

Небезбедна енергетска иднина

Автор: Еко-свест, Иван Трпески

Опис: Намерата на анализата е, врз основа на расположливата документација да се согледа моменталната состојба на експлоатација на фосилните горива за производство на електрична енергија во РМ со акцент врз лигнитот, кој е единствено гориво на територијата на РМ присутно во доволни количини за индустриска употреба – производство на електрична енергија. Со досега истражените резерви на лигнит, квалитетот, можностите за експлоатација и подготвеноста на постојните капацитети за долгорочно функционирање во услови на контролирани емисии, се поставува прашањето дали лигнитот е вистинска опција за долгорочно снабдување со енергија на РМ. Токму тоа е целта на анализава, да ги отвори можните перспективи и да покаже дали и можна и реална употребата на лигнитот како примарно гориво на подолг рок. 

Колку чини животот? (2015)

Колку чини животот? (2015)

Колку чини животот?

Колку чини животот?

Автор: Еко-свест во соработка со Неда Коруновска и Мајк Холанд

Опис: Научните истражувања веќе имаат докажано дека емисиите од електраните на јаглен во Европа имаат разрушувачки ефект врз животната средина и здравјето на човекот. Последните истражувања проценуваат дека негативните ефекти се причина за повеќе од 23 000 предвремени смртни случаи во Европа. Во Европа трошоците кои произлегуваат од загадувањето (болнички трошоци за заболените, главно од респираторни и кардиоваскуларни болести) се проценува дека се 42,8 милијарди евра на годишно ниво. Помеѓу 4% и 10% од населението во Европа е дијагностицирано со хронични белодробни проблеми, додека 30 милиони имаат астма како резултат од загадувањето кое го предизвикуваат електраните на јаглен.

Energy possibilities for Macedonia (2014)

Energy possibilities for Macedonia (2014)

Energy possibilities for Macedonia (2014)

Energy possibilities for Macedonia (2014)

Authors: Eko-svest, Professor Stefan Bouzarovski, Dr Stephen Glynn

Description: This study explores the present and future alternatives for moving towards lowcarbon electricity production in the Republic of Macedonia. In a broader sense, we aim to assist the deepening of local and international NGO capacity for addressing energy system issues, while creating the space for a public debate about future energy development in the country that takes into account latest technical and policy innovations in the domains of low carbon electricity generation and energy efficiency improvements.

Енергетските можности на Македонија (2014)

Енергетските можности на Македонија (2014)

 Енергетските можности на Македонија (2014)

Енергетските можности на Македонија (2014)

Автор: Еко-свест, Проф. д-р Стефан Бужаровски, д-р Стивен Глин

Опис: 

Оваа студија ги испитува сегашните и идни алтернативи за придвижувањето кон производство на електрична енергија со што е можно помало користење на јаглен во Република Македонија. Во поширок смисол, оваа студија се обидува да помогне во продлабочувањето на локалните и меѓународните капацитети на граѓанските организации за дискусија за проблемите од областа на енергетиката, истовремено создавајќи простор за отворање на јавна дебата за идниот развој на енергетиката во која би се земале предвид последните технолошки достигнувања од областа на производство на електрична енергија и енергетска ефикасност.

Оваа студија е мотивирана од неодамнешните демографски и економски трендови во земјата кои наведуваат на тоа дека постои потреба од фундаментално преосмислување на некои од стратешките документи и политики кои биле одговорни за досегашната трансформација на енергетскиот сектор во Македонија.