Повик за доставување понуди за набавка на 3Д печатари
Опис на услугата
Задачата во рамки на повикот е набавка и достава на два 3Д печатари (FDM
технологија) кои што може да печатат со ПЕТ пластика.
Основни информации
Центарот за истражување и информирање на животната средина Еко-свест преку локалната канцеларија во Вевчани во партнерство со Јавното претпријатие за комунални дејности и облагодарување на природните ресурси Еремја – Вевчани го спроведува проектот „Собери, рециклирај, креирај – Од рециклирана пластика до иновација“ со цел унапредување на управувањето со отпадот во општина Вевчани.
Повеќе информации на www.ekosvest.com.mk
Цел на услугата
Главна цел на оваа задача е воведување на 3Д печатањето како начин на рециклирање и реупотреба на отпадот од пластика. Еко-свест, како дел од проектот ќе донира два 3Д печатари во локалните основни училишта. Младите ќе имаат можност да се запознаат со иновативен третман на отпадот од пластика и да научат како да ракуваат со 3Д печатар.
Обем и детален опис на услугата
Избраниот понудувач ќе биде задолжен за:
- Набавка на два 3Д печатари;
· 3Д печатарите треба да работат на методот Fused Deposition Modelling (FDM);
· 3Д печатарите треба да имаат можност да печатат со ПЕТ пластика, односно
на температура од 220-260⁰C
· 3Д печатарите да можат да се испорачаат 10 дена од склучувањето на
договорот. - Достава на 3Д печатарите до локалната канцеларија во Вевчани
Временска рамка
Задачата за набавка на два 3Д печатари ќе биде финализирана 15 дена од склучување на договорот, но не покасно од 10.06.2024 година.
Буџет
Вредноста на договорот не може да надмине 2150 САД$, односно 122.700 денари, според курсот на проектот „Собери, рециклирај, креирај – Од рециклирана пластика до иновација“.
Потребна документација за аплицирање
· Краток опис на компанијата (портфолио);
· Тековна состојба не постара од 6 месеци;
· Финансиска понуда;
· Техничка спецификација за уредот и информација за гарантни услови;
· Пополнета и потпишана изјава дека понудувачот не запаѓа во ситуација која е
основа за исклучување од учество во набавката (Анекс 1).
Компанијата која аплицира мора да ги исполнува следниве критериуми:
· Активна компанија која е формирана со согласно Законите во Република С.Македонија, и постои најмалку 2 години.
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во
електронска форма.
Во понудата задолжително:
· Да се наведе единечната цена за производот без ДДВ;
· Временски рок за извршување на набавката;
· Начин на плаќање.
Од избраниот понудувач, освен горенаведените податоци, ќе се побара да достави дополнителна документација која вклучува тековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; завршна сметка за 2023 (за правни лица); потврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица; уверение за платени даноци и придонеси;
изјави за доверливост и непостоење на конфликт на интереси, изјава за неосудуваност од страна на избраниот кандидат (физичко лице) или изјава дека ги исполнува критериумите за учество (правно лице); биографии (CV) на консултантите; листа на референци/портфолио.
Евалуација на кандидатите
Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
· Краток опис на компанијата (портфолио): 20 бодови;
· Време потребно за достава на 3Д печатарите: 20 бодови;
· Техничка спецификација и гаранција: 20 бодови;
· Понудена цена за 3Д печатарите: 40 бодови.
Евалуационата комисија ќе ја извести само онаа компанија чија понуда ќе биде избрана.
Договор ќе биде склучен само со онаа компанија чија понуда ќе биде оценета како најповолна, однодно освоила најголем број бодови во сооднос квалитет на понуда и цена.
Услови за поднесување
Комплетната понуда апликантите треба да ја испратат на email:
[email protected] , со назнака „Понуда за набавка на 3Д печатари“.
Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб страницата на Еко-свест под објавата за повикот.
Краен рок за достава на понуди е 27/05/2024 година.
Некомплетни понуди нема да бидат земени предвид.
Надзор на проектот
Еко-свест ќе биде одговорен за надзорот на спроведувањето на активноста и
почитување на договорите и договорните задачи.
Контакт лице Леонора Велкоска, [email protected]
Контакт лице
За повеќе информации, ве молам контактисрајте со Леонора Велкоска,
[email protected] или на +389 78 300 219
Анекс 1: Изјава од понудувач
ИЗЈАВА
Јас, долупотпишаниот ____________________________________(име и презиме) во функција на овластен застапник на__________________________(име на правното лице) со целосна морална и материјална одговорност изјавувам дека правното лице кое го застапувам нема ограничувања да биде понудувач во овој повик и дека поконкретно
→ Правното лице не се наоѓа во стечајна постапка, банкрот или судски спор, правното лице нема склучено договор со доверители без можност да ги сервисира обврските кон кредиторите, и истото нема суспендирање на деловните активности на правниот субјект, односно активностите на правното лице не се предмет на постапка во врска со овие прашања или не се во било каква аналогна ситуација што произлегува од слична постапка предвидена во националното законодавство и регулативи;
→ Правното лице и овластениот застапник не се осудени за прекршок по основ на непрофесионално однесување, со пресуда која има сила на res judicata;
→ Правното или физичко лице застапник не е обвинето за тежок прекршок и/или недолично професионално однесување, по било кој основ докажано како праведно обвинето;
→ Правното или физичкото лице застапоник не се утврдени за виновни со правосилна пресуда или со правосилна административна одлука за тешко недолично професионално однесување прекршувајќи ги важечките закони и прописи или етичките стандарди апликативни за професионалната област во рамки на која субјектот делува, или соучествувајќи во било какво несоодветно однесување кое има влијание врз неговиот професионален кредибилитет и кога таквото однесување укажува на погрешна намера или груба небрежност, вклучително и особено кое било од следното: измама или небрежно погрешно прикажување на информации потребни за проверка на отсуството на основи за исклучување или исполнување на критериумите за избор или спроведување на договорот, вршење притисок или влијание при процесот на донесување одлука, или обид да се добијат доверливи информации за предности во постапката на набавка;
→ Правното лице ги исполнува обврските за плаќање на придонеси за социјално осигурување на вработените или плаќање даноци согласно законските одредби на земјата во која правниот субјект е основан или со одредбите важечки за земјата каде треба да се спроведе договорот;
→ Правното лице не е предмет на пресуда која има сила на res judicata за измама, корупција, инволвираност во криминални дејствија или која било друга незаконска активност штетна за финансиските интереси на организацијата и донаторите.
На ден________________година Име и презиме на застапникот
Потпис и печат

Најнови коментари