Во продолжение се коментарите кои Еко-свест ги достави до Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство во однос на финалната верзија на Стратегија за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини.
На поканата да доставиме забелешки по последната верзија на Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини на Република Северна Македонија, Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест направи анализа на претходно доставените коментари наспроти новопредложениот текст на документот. Следствено, со овој допис ќе дадеме дополнителни забелешки во однос на неколку приоритетни области кои според нас треба да се доработат и прошират. Предлагаме повторно да бидат разгледани нашите коментари доставени на 25.09.2023 година, поради нивната опсежност и детален пристап.
Финалната верзија од Стратегијата посветува повеќе внимание на заштитата на животната средина, определувајќи ги ризиците по истата и воведувајќи неколку механизми на заштита. Сепак, сметаме дека одредени делови треба да се ажурираат и дополнат. Поконкретно:
Во Табела 8 и 9 каде се наведуваат ризиците по животната средина, не е дефиниран ризик по здравјето на луѓето и потребно е да се додаде.
Во Табела 8 изоставено е да се обележи ризикот од хаварија кај поголемиот дел од наведените рудници. Фактот што пред неколку месеци бевме сведоци на хаварија од рудникот Тораница е евидентен пример дека хаварија може да се случи во секој рудник наде нема соодветна контрола и инспекција, што е во голем дел случај со сите рудници.
Во Табела 9 треба да се додаде и рудникот Забрдо, со влијание врз археолошки локалитет.
Во истата табела, сите рудници кои користат вода имаат ризик од неправилно управување со отпадните води.
Во двете табели потребно е да се специфицира влијанието врз биодиверзитетот, не е доволно само да се наведе дека има влијание врз пејзажот. Предлагаме тука да се наведе информација за заштитените подрачја кои се во конфликт со рудникот (доколку постојат) и клучни хабитати и видови кои се под ризик.
Во табелите е потребно да се наведе и ризикот од загадување на почвите и негативно влијание врз производство на храна.
Потребно е во табелите да се преформулираат ризиците од „Влијание врз“ во „Загадување на…“, „Емисии на…“, „Уништување на…“.
Во однос на нашиот коментар во врска со воведувањето на зони забранети за рударство поради заштита на природното наследство, сметаме дека во финалната верзија на Стратегијата, тоа не е направено. Предлагаме од принципиелен аспект и во согласност со национаното и меѓународното законодавство, Стратегијата да воведе забранети зони за искористување на минерални суровини. Тие би ги претставувале сите заштитени подрачја согласно националното законодавство и сите идни Натура 2000 подрачја, согласно Европското законодавство. Стратегијата мора да предвиди принцип на превенција на штета, а не само на намалување на ефектите од рударството.
Стратегијата мора да посвети повеќе внимание на циркуларната економија и да воведе хиерархија на искористување на материјалите. Во оваа насока, не е доволно што Стратегијата ја споменува циркуларната економија, потребно е во стратегијата да се дадат конкретни предлози за реупотреба и рециклирање на ресурсите и суровините кои се сметаат за приоритетни во контекст на енергетската транзиција и климатска заштита. Стратегијата треба да ги идентификува токму овие суровини.
Потребно да се развијат критериуми и принципи кои ќе помогнат во приоретизација и планирање на активностите како и зоните за заштита, односно забранетите зони за рударство. Во оваа насока би предложиле да се преземат дел од принципите и методологијата користена за Паметно енергетско планирање (TNC, MANU, Eko-svest).
Во однос на вклучувањето на јавноста, во делот 6.2. каде Стратегијата говори за просторните планови на локално ниво и изготвување на рударско-геолошки студии од страна на Општините, потребно е да се обезбеди дека јавноста ќе има учество во овие процеси преку имплементацијата на Архуската Конвенција, односно во постапката за Стратешка оцена на влијание врз животната средина на овие студии. Предлагаме овој дел од Стратегијата да се дополни со референца кон постапките за ОВЖС и СОВЖ, и да се повика на Архуската Конвенција.
Индикаторите за успешно спроведување на Стратегијата сѐ уште се во голем дел несоодветни и немерливи, треба да се дополнат и јасно да се поврзат со Акцискиот план. Економските индикатори треба да го вклучуваат бројот на нови работни места, движењето на платите во секторот, извезена количина, количина употребена за домашно производство, собрани концесиски надоместоци, количина на рециклиран наспроти експлоатиран материјал за да се следи движењето кон одржливо искористување на суровините. Во делот животна средина, индикаторите треба да овозможуваат следење на состојбата на медиумите и како се движи нивното загадување, да се следи загуба на биодиверзитетот, да се мери површина загубен геодиверзитет и живеалишта. Индикаторот „Број на остварени средби со локалното население“ нема да овозможи следење на социо-економските влијанија. Наспроти тоа, потребно е да се воведат индикатори со кои можат да се следат параметри за подобрен квалитет на живот, создадени нови локални економски активности, задржани традиционални начини на производство, број на развиени екосистемски услуги и сл.
Во делот 11.4. каде се споменува единствен инспекторат, потребно е да се дадат повеќе информации за начинот на формирање на овој инспекторат, бројот на инспектори и подрачни единици и надлежности, доколку станува збор за друга структура од постојниот Државен инспекторат за техничка инспекција.
На 9-ти и 10-ти април во Скопје се одржува третата меѓународна конференција за заштита на реките на Југоисточна Европа. Конференцијата е во организација на меѓународната организација The Nature Conservancy и Еко-свест, во рамките на регионалната иницијатива „Заедно за реките“.
На конференцијата ќе присуствуваат стотина претставници на граѓански организации, локални заедници, институции и академски заедници од целиот регион за да разговараат за клучните прашања за заштита на реките, да разменат различни искуства и да презентираат успешни примери од нивната работа.
ЗА ИЗРАБОТКА НА ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА OTСТРАНУВАЊЕ НА ПРЕПРЕКА ВО РЕКАТА ПЧИЊА
Основни информации
Еко-свест започна нов проект со поддршка на Европската програма за отворени реки – организација за доделување грантови посветена на обновување на реките. Проектот има за цел да развие национална применлива методологија и база на податоци со симулатор за идентификување на приоритетните бариери за отстранување со користење на сливот на реката Пчиња како студија на случај.
Овој проект е прв проект поврзан со реставрација на реките преку отстранување на бариерите во државата. Тоа ќе даде можност да се воведе отстранувањето на браната како важен механизам за обновување на реките. Исто така, ќе ги идентификува клучните експерти и засегнати страни за други слични иницијативи посветени на обновувањето на реките“.
Eко-свест објавува повик до компании за доставување понуда за изработка на техничка документација за отстранување на препрека на Пчиња.
Цел и задачи на активностите
Ангажираната компанија ќе биде одговорнa за:
I. Изработка на техничка документација за отстранување на бетонски објект на река Пчиња, место Шупљи Камен и заштита на речното корито пред и по објектот од 50 годишна вода.
1. Геодетски елаборат за посебни намени за ажурирана геодетска подлога кој ќе содржи: снимање на попоречни профили на речното корито на водотекот со должина од околу 700м (350м возводно од објектот и 350м низводно), на меѓусебно растојание од 10 до 15м со не помалку од 10 точки по профил.
2. Основен проект за отстранување на разрушен бетонски објект на река Пчиња, место Шупљи камен и заштита на речното корито пред и по објектот СО ВКЛУЧЕНА РЕВИЗИЈА.
Основниот проект ќе содржи:
– Хидролошки анализи за река Пчиња за повратен период од 50 години
– Хидрауличка анализа на речното корито на потег од 700м, 350м возводно од бетонскиот објект и 350м низводно за постоечка состојба и проектирана состојба со која ќе се врати речното корито во негова природна состојба по отстранување на разручениот бетонски објект
– Хидрауличка анализа на речното корито на потег од 700м, 350м возводно од бетонскиот објект и 350м низводно за проектирана состојба со која ќе се обезбеди враќање на речното корито во негова природна состојба по отстранување на разрушениот бетонски објект
– Определување на конструктивни карактеристики на објектите за заштита
Анализа на квалитет на водата со сите потребни параметри и загадувачки материи, направена во акредитирана лабораторија, и
Анализа на квалитетот и составот на седиментот, направена во акредитирана лабораторија со посебен фокус на постоење на токсични материи и тешки метали.
Во Анекс 2 се содржат дополнителните информации за конкретната препрека за отстранување.
Временска рамка за доставување на понуда
Периодот за доставување понуди е 10 дена од објавување на отворениот повик односно до 17 април 2025 година.
По истекот на овие 10 дена Еко-свест ќе оформи комисија која ќе биде задолжена за избор на најдобра понуда. Еко-свест е должен по изминати 7 дена, од завршувањето на Повикот, да ги извести понудувачите за резултатот од работата на Комисијата.
Неизбраните понудувачи имаат можност за жалба во рок од 5 дена по добиеното известување.
Прашања за повикот може да се достават најдоцна до 14.04.2025 година. Сите одговори на прашањата пристигнати во рокот ќе бидат објавени на веб страницата на Еко-свест под објавениот повик.
Временска рамка за спроведување на активноста
Заинтересираниот понудувач е потребно во својата понуда да предвиди временска рамка за изработка на активноста. Ќе бидат преферирани понуди со разумни и ефикасни рокови.
Потребна документација за пријавување
Заинтересираните понудувачи треба да достават:
Технничка понуда со временска рамка, детални активности и анализи за сите горенаведени документи,
Финансиска понуда за изработка на техничката документација и сите анализи со детален приказ на трошоците (изразени со вклучен ДДВ)
Потпишана изјава (види Анекс 1)
Кратко портфолио на компанијата
Тековна состојба не постара од 6 месеци
*Од избраниот понудувач, освен горенаведените податоци, ќе се побара да достави дополнителна документација која вклучува тековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; завршна сметка за 2024 (за правни лица); потврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица; уверение за платени даноци и придонеси; декларации за доверливост и непостоење на конфликт на интереси за сите физички лица кои би биле ангажирани од страна на организацијата; биографии (CV) на консултантите/физичките лица кои би биле ангажирани; листа на референци/портфолио за истите.
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
Критериуми за понудувачите
Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република Северна Македонија, и постои најмалку 5 години.
На повикот може да се пријават правни лица кои ги исполнуваат наведените правни и технички услови.
Доверливост
Сите информации кои се поврзани со оценка на понудите нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во процесот на селекција, дури и по завршување на процесот на избор. Сите податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат, прибираат, споделуваат за други цели надвор од овој повик и целта на истиот.
Пријавување и контакт информации
Понудите треба да се испратат на email: [email protected] најдоцна до 17.04.2025 година до 16:00 часот, со назнака Доставување на понуда.
Евентуални прашања за повикот можат да се достават до [email protected] најдоцна до 14.04.2025 година.
Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина.
Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со организации и институции.
Посебни цели и задачи на „Еко-свест“ се:
– Информирање за потенцијалните негативни влијанија врз животната средина и луѓето;
– Промовирање на решенија за здрави и одржливи пракси и политики во областа на заштита на животната средина и застапување на истите во процесите на креирање политики;
– Истражувања и анализи во област на заштитата на животната средина и човековото здравје;
– Промовирање и застапување за учество на јавноста во процесите на донесување одлуки во област на животната средина и поддршка на заедниците за остварување на ова право;
– Информирање и едуцирање на јавноста за можните негативни влијанија и начините за спречување и избегнување на истите врз животната средина и човековото здравје особено кај жените, децата и старите лица;
– Формирање и водење на коалиции и други тела составени од организации, експерти и институции со цел заедничко застапување за заштита на животната средина;
– Активно учество во постапките на измена и донесување на законски акти во област на заштита на животната средина;
– Спроведување на посебни активности во областите на:
заштита на климата
заштита на природата
заштита на медиумите на животната средина (воздух, води, почва)
одржлив развој на локалните заедници
одржлив транспорт
одржливи и паметни решенија за енергетскиот систем
одржливо управување со отпадот
иновации во заштитата на животната средина
паметно просторно планирање
поддршка на заедниците и активно граѓанство.
Работни задачи и одговорности:
Ангажираниот Координатор за финансии и администрација ќе ги има следните работни должности и одговорности:
Тековно и ажурно евидентирање на трошоците и распределба на трошоците по проекти;
Девизно, денарско, благајничко работење;
Подготовка и архивирање на излезни фактури, други финансиски документи и договори;
Администрација поврзана со човечки ресурси;
Набавка на основни средства и материјали за канцелариско работење, и следење на инвентарот на основни средства;
Логистичка поддршка на проектните координатори за организирање на настани и проектни активности;
Други задолженија кои произлегуваат од финансиско работење.
Учествува во подготовка на годишен буџет ;
Учествува во подготовка на завршната сметка и годишниот завршен финансиски извештај на организацијата;
Ги спроеведува насоките и приоритетите на организацијата – Ги следи и евидентира работните часови и одморите на вработените, ги подготвува платите и друга документација поврзана со вработените
Дава информации за подготовка на договорите ;
Дава поддршка во подготовката на проектни буџети и финансиски и наративни извештаи кон донаторите
Ја евидентира состојбата со наплата и прием на средства, работи со конверзија на странски валути;
Подготвува интерни налози за исплата, ги евидентира трошоците во интерниот систем и евидентира изводи, изготвува налози за електронско банкарство Подготвува и евидентира излезни фактури и архивира финансиска документација;
Редовно ги пополнува и ажурира Регистарот на исплати на Еко-свест, Регистарот на барања, Регистарот на фактури, Регистарот на плати, Регистарот на проекти, Регистарот на сметки, Регистарот на режиски трошоци и Регистарот на добавувачи
Комуницира со надворешниот овластен сметководител на организацијата
Ги проверува проектните картици/извештаи изработени од надворешниот овластен сметководител ;
Спроведува постапки за набавки и подготвува повици
Управува со готовината во организацијата
Распределува режиски трошоци по проекти и го ажурира инвентарот на основни средства
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите, како и следните посебни услови:
Комплетирано соодветно формално и неформално образование;
Работно искуство со административно и канцелариско работење;
Докажана способност да работи со компјутери, пред сè напредно познавање на програмите од пакетот на Microsoft Оffice;
Искуство со работа на проекти и буџети на граѓански организации вo Македонија или во странство, основно познавање од раководење на проектен циклус и познавање процедури за спроведување на проекти на странски донатори, ќе се смета за предност;
Одлично познавање на англиски јазик
Желба и мотив за работа во граѓанска организација која третира прашања и политики од животната средина и граѓанскиот активизам;
Желба за континуирано учење и надоградување.
Кандидатите треба да ги поседуваат следните вештини и способности:
отворена комуникација (усна и писмена) и презентација;
брзо прифаќање и прилагодување кон нови задачи;
тимска работа во мултикултурно опкружување;
извршување повеќе задачи истовремено;
уредност и организираност.
Работни услови:
Неделното работно време е 40 часа. Локација на вршење на работните обврски е во Скопје. Со избраниот/ата кандидат/ка ќе биде потпишан договор за вработување на определено време, со пробен период од 1 (еден) месец кој може да се продолжи врз основа на покажаните квалитети и перформанси. Минимална месечна нето плата изнесува 40 000 ден, а точниот износ за вработениот ќе се утврди согласно искуството и вештините на кандидатот. Конкретната плата на избраниот кандидат/ка ќе биде утврдена пред потпишувањето на договорот за вработување.
Начин на пријавување:
Заинтересираните кандидати/тки при пријавувањето треба да достават:
Mотивациско писмо (максимум од 1 страна);
Професионална биографија;
Професионална препорака/референца е пожелна.
Пријавувањето се врши на електронската адреса: elena.todorovska@ekosvest.com.mk, а пријавата мора да се наслови со: Пријава за координатор за финансии и администрација.
Пријавувањето е тековно и трае до пополнување на работната позиција.
Еко-свест ќе ги контактира само оние лица кои ќе бидат селектирани за тестирање и интервју. Нецелосните и неправилните пријави нема да бидат разгледани. Изборот на кандидатите/ките ќе се изврши врз основа на Законот за работни односи. Еко-свест е рамноправен работодавач.
Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“има потреба од ангажирање на правно лице за подготовка на дизајн, припрема и печатење на материјали со различни содржини и намени.
Цел и задачи на активностите
Избраната компанија треба да обезбеди услуги за дизајн, припреми за печатење и печатење на следните видови материјали, по барање и насоки од Нарачателот:
Публикации А4 формат во електронска и печатена верзија
Публикации А5 формат во електронска и печатена верзија
Материјали на А0 формат во електронска и печатена верзија
Инфографикони во различен формат
Електронски содржини за постови за социјални медиуми- визуели (Instagram I Facebook)
Промоција на социјални медиуми (boost)
Други материјали за промоција (рол ап банери, визит картички, промотивни материјали од еко состав и сл)
Други материјали и сулуго кои може да ги понуди добавувачот во насока на исполнување на целите на Еко-свест.
Содржините, возиелниот идентитет и другите потребни параметри за дизајн, подготовка и печатење на материјалите ќе биде обезбедена од страна на Еко-свест, заедно со сите потребни насоки за тираж, квалитет и намена на материјалите.
Временска рамка за доставување на понуда
Периодот за доставување на Понуда е до 11.04.2025 година.
Временска рамка за спроведување на активноста
Со избраниот понудувач ќе биде склучен рамковен договор со трајност од 2 години со можност за негово продолжување.
Потребна документација за пријавување
Краток опис на компанијата (портфолио);
Најмалку три референтни проекти слични на бараната услуга;
Список на клиенти;
Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 месеци;
Биографија од најмалку едно лице со искуство во дизајнирање кое би било ангажирано за активноста;
Финансиска понуда во која ќе биде наведена цена за секоја од наведените точки, во завосност од квалитетот и тиражот посебно, како и финална цена за целата услуга со вклучен ДДВ;
Пополнета изјава (анекс 1).
Компанијата мора да ги исполнува следниве критериуми:
Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република С. Македонија, и постои најмалку 5 години.
Понудите треба да се достават по електронски пат на македонски јазик.
Доставените материјали остануваат во архивата на Еко-свест.
*Од избраниот понудувач, освен горенаведените податоци, ќе се побара да достави дополнителна документација која вклучува тековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; завршна сметка за 2023/2024 (за правни лица); pотврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица; уверение за платени даноци и придонеси; изјави за доверливост и непостоење на конфликт на интереси од страна на избраниот кандидат (физичко лице) или изјава дека ги исплонува критериуме за учество (правно лице); биографии (CV) на консултантите; листа на референци/портфолио.
Пријавување
Комплетната понуда кандидатите треба да ја испратат на email: [email protected] најдоцна до 11.04.2025 година до 16:00 часот, со назнака Доставување понуда за дизајн и печатење.
Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот. Пријавите кои ќе пристигнат по наведениот рок или без целосна документација, нема да бидат разгледувани.
Критериум за избор на најсоодветна понуда
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
Портфолио и референтни проекти – 40 бодови
Биографија на лицето задолжено за дизајн – 20 бодови
Понудена цена – 40 бодови
Вкупно 100 бодови
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најголем број бодови.
Најнови коментари