by Elena Nikolovska | Aug 13, 2021 | Повици
Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Граѓански организации во акција за климата’’ финансиран од Swedish International Development Cooperation Agency (SIDA), а спроведуван од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје, Македонското здружение на млади правници и CNVP има потреба од ангажирање на обучувач за антикорупциски мерки и политики.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на активноста е спроведување на обука за антикорупциски мерки и политики за 20 лица.
ЗАДАЧИ
Обучувачот треба:
- Да подготви методологија и вежби за спроведување на обуката во согласност со препораките и мерките за COVID-19
- Да достави план за спроведување на обуката
- Да спроведе обука за 20 лица
- Да подготви извештај за спроведената обука
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Периодот за реализација на оваа активност изнесува 2 месеци од потпишување на договорот. Вредноста на договорот не може да надмине 2000 евра во денарска противредност во бруто износ (со вклучен персонален данок).
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
При аплицирањето, кандидатите треба да достават:
- Биографија (CV) со детален опис за нивното поле на експертиза
- Список на теми кои би се опфатиле со обуката и предлог времетраење на обуката
- Цена на чинење на услугата во МКД (бруто износ со вклучен персонален)
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ
- Најмалку 5 години професионално работно искуство во релевантна област
- Најмалку 3 (три) претходно спроведени обуки за антикорупциски мерки и политики
- Одлични комуникациски/презентациски вештини
ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Претходно искуство во спроведувањето на слични активности и предложена методологија- 70 бодови
- Понудена цена за активноста- 30 бодови
Вкупно 100 бодови.
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 13 септември 2021 г., 16:00 часот со назнака ,,Апликација за обучувач за антикорупциски мерки и политики“.
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Повеќе информации можете да добиете на [email protected].
by Elena Nikolovska | Aug 13, 2021 | Повици
Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје отвара повик за ангажирање на грантов координатор.
Задолженијата на грантовиот координатор ќе бидат објаснети подолу во овој повик.
Повикот е отворен од 03.09.2021 година за сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат барањата од повикот и ќе ги поднесат следните документи:
• Биографија (CV)
• Контакт информации до три референци
• Мотивациско писмо
Се бара 1 лице кое ќе ги задоволи барањата од повикот. Позицијата е на полно работно време.
Прашања во врска со повикот
Сите прашања во врска со повикот слободно може да се постават на следната електронска адреса: [email protected].
Учество на повикот
Сите кандидати треба подготвената документација да ја пратат на следната електронска адреса: [email protected]. Повикот е отворен се додека не се пополни позицијата.
Повеќе информации на следниот линк.
by Elena Nikolovska | Jul 15, 2021 | Активно граѓанство, Клима, Соопштенија
Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје започнува имплементација на проектот „Граѓански организации во акција за климата’’ финансиран од Swedish International Development Cooperation Agency (SIDA). Проектот ќе се спроведува во наредните три години и има за цел да создаде силно и енергично граѓанско општество кое ќе игра значајна улога во процесите на декарбонизација и трансформација и обнова на општеството, што ќе резултира со чиста животна средина, зелена економија и здрави граѓани во Северна Македонија.
Специфични цели на проектот се зајакнување и подигнување на капацитетите на граѓанското општество да учествува во донесувањето одлуки поврзани со климатските промени и да превземе локални активности преку подобрување на нивните капацитети, знаења и вештини и обезбедување на потребните ресурси за оваа работа како и зголемување на јавната свест за можностите за економии со низок јаглерод и зелена трансформација и зголемување на јавниот притисок врз институциите да ги обезбедат овие случувања преку промени во политиките и мерките.
За постигнување на овие цели, проектниот тим ќе ги спроведува следните активности:
- Обуки за граѓански организации на теми поврзани со работењето и транспарентноста како и климатските промени
- Менторство и правна подршка за граѓански организации и иницијативи
- Подгрантова програма за граѓански организации
- Менторство и подршка за подгрантистите
- Мобилизирање на граѓаните преку иновативни алатки
- Прибирање на податоци, мониторинг и анализа на клучните сектори поврзани со климатските промени
- Спроведување на јавни кампањи за подигнување на свеста и информирање за различни проблематики поврзани со климатските промени
- Вклучување на локалните власти во акција за климата
- Учество во работни групи и следење на политиките за клима
- Зајакнување на улогата на националната коалиција за клима
Во работата на овој проект проектниот тим ќе соработува и комуницира со граѓанските организации кои работат или имаат интерес да работат на климатските промени, надлежните институции, медиумите и други релевантни чинители.
За повеќе информации за овој проект може да ја контактирате [email protected].
by Elena Nikolovska | Jun 15, 2021 | Повици
За потребите на грантовиот проект „Програма за истражување на потенцијални енергетски решенија со ниско влијанија на животната средина во С. Македонија’’ кој е спроведуван од Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, а финансиран од “The Nature Conservancy”, го објавуваме овој отворен повик за ангажирање на компанија/ здружение или фондација за изработка на национална анкета за јавно мислење и спроведување на фокус групи за планирање со ниско влијание врз животната средина (low impact planning initiative).
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на активноста е спроведување на анкета за јавно мислење на репрезентативен примерок и спроведување на фокус групи со цел добивање релевантни податоци за познавањата на различни групи на засегнати страни на темата планирање со ниско влијание врз животната средина, а особено за прибирање на информации за најдобри потенцијални локации за искористување на обновливи извори на енергија притоа земајќи ги во предвид влијанието врз животната средина, потенцијалните технички и проблеми од социјална природа.
ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на е-маил: [email protected] најдоцна до 20 јуни 2021 година 23:59 часот, со назнака Апликација за анкета за јавно мислење и спроведување на фокус групи. Во самата апликација наведете го бројот на фокус групи кои можете да го спроведете за сумата која ја предлагате во финансиската понуда.
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.
Повеќе информации можете да добиете на тел. 075 580 480 или е-маил [email protected]. Целиот повик на следниот линк.
by Elena Nikolovska | Jun 9, 2021 | Клима, Повици
Во рамки на проектните активности за декарбонизација на општеството објавуваме повик за изработка на радио реклама и емитување на истиот на радиостаници во Кичевскиот регион.
ЦЕЛ НА КАМПАЊАТА
Целта на кампањата е да се подигне свеста кај локалните заедници во Кичевскиот регион за важноста од активно вклучување на граѓаните во носењето одлуки од значење за правилно започнување и спроведување на процесот на праведна транзиција на регионите со јаглен.
ЗАДАЧИ
Избраната радио компанија треба да:
1.Изработи еден радио реклама на Македонски јазик и истиот да го прилагоди и на албански јазик во времетраење од 1 или 1,5 минута (текстот за радио реклама ќе биде претходно доставен од страна на нарачателот)
- Да го достави до нарачателот за коментари пред да се емитува во етер
- Корекција на рекламниот џингл со вклучени коментари од нарачателот
- Емитување на рекламниот џингл 10 или 5 пати во денот
- По завршување на периодот за емитување, радио компанијата е должна да достави листа со број на слушаност во периодите на емитување на радио реклама според Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Времето на изработка на радио рекламата е една недела по потпишување на договорот.
Време на емитување на радио рекламата еден месец со почеток на 1 јули 2021 година и крај на емитување на 31 јули 2021 година.
Вредноста на договорот не може да надмине 1100 евра во денарска противредност.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
При аплицирањето, кандидатите треба да достават:
- Краток опис на компанијата
- Финансиска понуда (Анекс 1).
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ
Компанијата која аплицира мора да ги исполнува следниве критериуми:
- Активна компанија која е формирана согласно Законите во Северна Македонија, и постои најмалку 3 години.
ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Претходно искуство и квалитет на претходно изработени радио џинглови
- Понудена цена по ставка
Договор ќе биде склучен со онаа радио компанија која освоила најголем број бодови.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 17 јуни 2021 г. 16:00 часот, со назнака Апликација за радио реклама.
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.
Повеќе информации можете да добиете на тел. 071 400 720
Најнови коментари