by Elena Nikolovska | Apr 13, 2021 | Клима, Повици
Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Промовирање на енергетска транзиција во С. Македонија има потреба од ангажирање на компанија/здружение или независен експерт кои би изготвиле и спровеле 1 онлајн фокус група и 20 длабински интервјуа на таргетирана група на засегнати страни.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на активноста е мапирање на сите релевантни чинители во земјата, особено локалното население кое живее во регионите зависни од јаглен, со цел да се обезбеди соодветно учество на сите засегнати во процесот на планирање на праведна енергетска транзиција.
ЗАДАЧИ
Апликантот треба:
1.Во консултација со Еко-свест да изготви листа на учесници за фокус групата и истите да ги покани, да ги изготви и прибере материјалите кои ќе се разгледуваат на фокус групата и истите навремено да ги достави до селектираните лица за учество во фокус групата, да подготви агенда или клучни точки за разгледување за фокус групата.
- Да организира и фасилитира 1 онлајн фокус група.
- Да спроведе длабински интервјуа на 20 релевантни чинители.
- Да изготви сумарна анализа на дискусијата и презентирање на резултатите од фокус групата. Исто така може да се произведат прашалници или графикони кои произлегуваат од резултатите или препораките.
- Редовно да комуницираат со лицето за контакт дадено од страна на Еко-свест
- Да направи мапа на релевантни чинители и анализа на моќ и да ја достави до Еко-свест. ВРЕМЕНСКА РАМКА
Периодот за реализација на оваа активност изнесува 1 месец од потпишување на договорот.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
При аплицирањето, апликантите треба да достават:
- Краток опис на компанијата/здружение или биографија доколку апликантот е експерт
- Портфолио од претходно искуство
- Финансиска понуда.
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ
Претходно споведување на фокус групи и длабински интервјуа на релевантни чинители.
ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Претходно искуство во спроведувањето на слични активности 70 бодови
- Понудена цена за активноста 30 бодови
Вкупно 100 бодови.
Договор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број бодови.
Понудата не смее да надмине 184.800 ден.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 19 април 2021 г., 16:00 часот со назнака ,,Апликација за мапирање на релевантни чинители за праведна транзиција’’
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Повеќе информации можете да добиете на [email protected].
by Elena Nikolovska | Apr 13, 2021 | Клима, Повици
Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Промовирање на енергетска транзиција во С. Македонија има потреба од ангажирање на координатор на работна група за праведна транзиција.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на активноста е обезбедување учество на сите засегнати чинители во процесот на праведна транзиција во земјата преку формирање на платформа за праведна транзиција во рамки на работните групи на националната коалиција за клима.
ЗАДАЧИ
Апликантот треба:
- Во консултација со Еко-свест да изработи 9 месечен план за работа,
- Да организира и модерира најмалку една онлајн работна група за праведна транзиција во рамки на националната коалиција за клима секој месец,
- Во консултација со Еко-свест редовно да ги известува и информира членовите на работната група и локалните заедници од Кичево и Битола за вести од интерес за процесот на праведна транзиција,
- Да изготви записници и сумарна анализа од работната група и сите дискусии
- Редовно да комуницираат со лицето за контакт дадено од страна на Еко-свест
- Да ја модерира и редовно ажурира фејсбук групата за праведна транзиција
ВРЕМЕНСКА РАМКА
Периодот за реализација на оваа активност изнесува 9 месеци од потпишување на договорот.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
При аплицирањето, апликантите треба да достават:
- Биографија (CV)
- Писмо за интерес
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ
- Завршено високо образование (правен факултет, завршени студии по животна средина со акцент на правна рамка, технолошко металуршки факултет со акцент на правна рамка, или друго образование соодветно на повикот)
- Докажано искуство во работа со граѓански организации
- Докажано искуство во работа со локални заедници
- Одлични комуникациски/презентациски вештини (на македонски јазик)
ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Претходно искуство во спроведувањето на слични активности 60 бодови
- Искуство во работа со ГО и локални заедници 40 бодови
Вкупно 100 бодови.
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најголем број бодови.
Понудата не смее да надмине 61.600 ден.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 19 април 2021 г., 16:00 часот со назнака ,,Апликација за координатор за работна група за праведна транзиција“
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Повеќе информации можете да добиете на [email protected].
by Elena Nikolovska | Apr 13, 2021 | Повици
Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Заедници за праведна транзиција’’ има потреба од ангажирање на тренер за учество во креирање јавни политики.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на активноста е обезбедување учество на сите засегнати чинители во процесот на праведна транзиција во земјата преку подигнување на капацитетите на локалните заедници.
ЗАДАЧИ
Апликантот треба:
- Да подготви агенда за тренинг во времетраење од два дена
- Да спроведе тренинг во времетраење од два дена со физичко присуство во Кичевски регион
- Да подготви извештај за спроведениот тренинг
ТЕМИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ОПФАТИ ТРЕНИНГОТ
- Јавни политики од интерес за животна средина, клима и енергија на локално ниво
- Начини на учество во креирање јавни политики на локално ниво
ВРЕМЕНСКА РАМКА
Периодот за реализација на оваа активност изнесува 2 месеци од потпишување на договорот.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
При аплицирањето, апликантите треба да достават:
- Биографија (CV)
- Писмо за интерес
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ
- Завршено високо образование (правен факултет, завршени студии по животна средина со акцент на правна рамка или друго образование соодветно на повикот)
- Докажано искуство во спроведување тренинзи
- Докажано искуство во работа со граѓански организации
- Докажано искуство во работа со локални заедници
- Одлични комуникациски/презентациски вештини (на македонски јазик)
ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Претходно искуство во спроведувањето на слични активности 60 бодови
- Искуство во работа со ГО и локални заедници 40 бодови
Вкупно 100 бодови.
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најголем број бодови.
Понудата не смее да надмине 24.600 мкд.
Логистичките трошоци за тренингот се покриени од проектот.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 19 април 2021 г., 16:00 часот со назнака ,,Апликација за тренер за учество во креирање јавни политики“
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Повеќе информации можете да добиете на [email protected].
by Elena Nikolovska | Apr 13, 2021 | Енергија, Повици
Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Заедници за праведна транзиција’’ има потреба од ангажирање на тренер за енергетски кооперативи.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на активноста е обезбедување учество на сите засегнати чинители во процесот на праведна транзиција во земјата преку подигнување на капацитетите на локалните заедници.
ЗАДАЧИ
Апликантот треба:
- Да подготви агенда за тренинг во времетраење од два дена,
- Да спроведе тренинг во времетраење од два дена со физичко присуство во Кичевски регион
- Да подготви извештај за спроведениот тренинг
ТЕМИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ОПФАТИ ТРЕНИНГОТ
- Процес на основање на енергетски кооперативи
- Модалитети за функционирање и работа на енергетски кооперативи
- Обезбедување финансиска одржливост на енергетски кооперативи
ВРЕМЕНСКА РАМКА
Периодот за реализација на оваа активност изнесува 2 месеци од потпишување на договорот.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
При аплицирањето, апликантите треба да достават:
- Биографија (CV)
- Писмо за интерес
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ
- Завршено високо образование (правен факултет, завршени студии по животна средина со акцент на правна рамка, електро машински факултет, или друго образование соодветно на повикот)
- Докажано искуство во спроведување тренинзи
- Докажано искуство во работа со граѓански организации
- Докажано искуство во работа со локални заедници
- Одлични комуникациски/презентациски вештини (на македонски јазик)
ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Претходно искуство во спроведувањето на слични активности 60 бодови
- Искуство во работа со ГО и локални заедници 40 бодови
Вкупно 100 бодови.
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најголем број бодови.
Понудата не смее да надмине 24.600 мкд.
Логистичките трошоци за тренингот се покриени од проектот.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 19 април 2021 г., 16:00 часот со назнака ,,Апликација за на тренер за енергетски кооперативи“
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Повеќе информации можете да добиете на [email protected]
by Elena Nikolovska | Mar 29, 2021 | Активно граѓанство, Клима, Соопштенија
Како да ги ублажиме последиците од климатските промени и колку е важно тие да бидат дел од политиките и активностите во сите сектори – ова се најважните прашања на кои ќе биде фокусирана Националната конференција за клима, што ќе се одржи онлајн од 29 март до 9 април. Конференцијата е завршна активност на тригодишниот проект „Да зборуваме за климатските промени“ што го реализираат Еко-свест, CNVP (Connecting Natural Values for People) и Друштвото на еколози на Македонија.
„Проектот „Да зборуваме за климатските промени“ се стреми да ги мобилизира граѓаните, заедниците во земјата преку нивна едукација за она што значат климатските промени, нивните последици, меѓутоа и како секој од нас влијае врз климатските промени, што може секој од нас да направи за да ги ублажи нивните последици и како да ги пренесеме овие информации во нашите заедници со цел да предизвикаме промена“ – вели Ана Чоловиќ Лешоска, извршна директорка на Еко-свест
Конференцијата ќе биде отворена в понеделник (29 март) во 11 часот на платформата „зум“. Ќе се обратат Штефен Худолин од ЕУ Делегацијата, Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање, Арјанит Хоџа, министер за земјоделие, шумарство и водостопанство, Ана Чоловиќ-Лешоска, извршна директорка на Еко-свест и Нехат Рамадани, директор на CNVP за Македонија. Ќе бидат промовирани успешни приказни од локалните заедници.
„Во рамките на програмата на конференцијата ќе биде промовирана еколошката алатка екомапа.мк, ќе се зборува за визиите и целите за справување со промените во климата, за изработка на закон и стратегија за климатска акција и презентација на анализа за правни инструменти за климатска акција. Ќе се одржат и работилници за климатска акција, ќе се зборува и на темата за можностие за попаметно греење, како и за намалувањето на загадувањето на воздухот, водата и почвите. На 7 април ќе се одржи тркалезна маса на тема „Патот кон праведна транзиција“, а ќе се дискутира и на темата како да се прилагодиме кон климатските промени?“- изјави Нехат Рамадани, CNVP директор за С. Македонија.
Како дел од проектот „Да зборуваме за климатските промени“ беа спроведени обуки наменети за граѓанските организации од земјата активни во секторите животна средина, рурален развој, шумарство. Целта на обуките беше подигнување на капацитетите на граѓанските организации за поуспешно и поефикасно работење на организациите, меѓутоа и подигнување на капацитетите на ГО за разбирање на климатските промени и комуницирање на оваа проблематика со пошироката јавност.
Главната цел на проектот „Да зборуваме за климатските промени“ е да создаде национална коалиција за клима чии членки ќе бидат силни и добро информирани граѓански организации способни да ги пренесат пораките од своите заедници до политичките лидери. Повеќе информации и ажурирана дневна програма може да најдете тука.
Проектот „Да зборуваме за климатските промени“ е финансиран од Европската Унија.
Најнови коментари