Eko-svest is launching a call for expression of interest for companies and consultants to perform an analysis of the communication strategy for climate action and deliver recommendations and 2 trainings on communicating climate change to relevant national stakeholders.
The call is open from 18.11.2024 until 27.11.2024. Interested consultants and companies can send their expression of interest to provide an offer no later than 27.11.2024 at 17:00 CET.
Consultants and companies who have expressed interest shall be invited to a consultative session and requested to submit an offer for carrying out the activity.
Expression of interest should be submitted in electronic form to [email protected]Subject title Expression of interest for communicating climate.
The expression of interest package includes: – Expression of interest letter – Proposed timeline of activity – Statement on exclusion criteria (Annex 2) submitted in English OR Macedonian
Criteria for companies and consultants for this call: – Minimum of 5 years experience in media and communication – Experience in delivering trainings on communication – Experience in environment and climate change topics – Knowledge in Western Balkan/North Macedonia context on environment and climate
The Terms of Reference of the assignment can be found as Annex 1 to this call.
For any questions, please contact Elena Nikolovska at [email protected]
Eko-svest is launching a call for expression of interest for companies and consultants to develop three courses on climate change and related topics.
The call is open from 18.11.2024 until 27.11.2024. Interested consultants and companies can send their expression of interest to provide an offer no later than 27.11.2024 at 17:00 CET.
Consultants and companies who have expressed interest shall be invited to a consultative session and requested to submit an offer for carrying out the activity.
Expression of interest should be submitted in electronic form to [email protected]. Subject title Expression of interest for development of online courses.
The expression of interest package includes:
Expression of interest letter
Proposed timeline of activity
Statement on exclusion criteria (Annex 2) submitted in English OR Macedonian
Criteria for companies and consultants for this call:
Experience in developing curricula and learning methodology on climate change and related topics
Experience in environment and climate change topics
Knowledge in online courses
Knowledge in moodle learning platform
The Terms of Reference of the assignment can be found as Annex 1 to this call.
For any questions, please contact Elena Nikolovska at [email protected].
Еко-свест во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање го започна процесот за изработка на Студија за валоризација на природните вредности на Демир Капија, како прв чекор кон прогласувањето на заштитено подрачје во Демир Капија.
Иницијативата за прогласување на заштитено подрачје во Демир Капија започна преку соработката на Еко-свест со меѓународната организација The nature conservancy во рамки на програмата „Заедно за реките“, која има за цел воспоставување нови заштитени подрачја покрај реките, со намера да ги зачуваат нивните природни, општествени и културни вредности. Активностите во рамките на оваа иницијатива во нашата земја се насочени кон заштита на дел од демиркаписката клисура и долното течение на реката Вардар со нејзините притоки Бошава, Дошница, Иберлиска река, Клисурска реки и Копришничка река.
Во рамките на оваа иницијатива Општина Демир Капија потпиша Меморандум за соработка со Еко-свест и The Nature Conservancy, со цел постигнување дологорочна заштита на реките на територијата на општината, преку воспоставување заштитено подрачје и негово управување во соработка со локалните организации и населението. Министерството за животна средина и просторно планирање ја препозна и ја поддржа оваа иницијатива, и прогласувањето на заштитено подрачје во Демир Капија го стави во својата програма за 2024 година.
Студијата за валоризација, како прв и неопходен чекор во спроведувањето на процесот на прогласување на заштитено подрачје ќе се одвива во две фази. Во првата фаза започнаа тереските посети и изработката на тематските извештаи за некои таксономски групи (риби, макроинвертебрати, пајаци, водоземци и влекаци), како и за хидрологија на сливните подрачја на реките во Демир Капија. Во втората фаза, која ќе започне на почетокот на 2025 година ќе бидат изработени извештаите за останатите таксономски групи (цицачи, птици, лилјаци итн.), како и за геоморфолошките особености на подрачјето.
Студијата за валоризација треба да биде финализирана до крајот на 2025 година.
Практична обука за вработените во НП Маврово и НП Шар Планина
Еко-свест спроведе практична обука за зголемување на капацитетите на НП Маврово и НП Шар Планина за мониторинг на протокот на реките.
Обуката се спроведе на реката Бистрица во НП Шар Планина и Тресонечка река во НП Маврово. На обуката ренџерите, експертите и претставниците на Државен инспекторат за животна средина имаа можност да се запознаат со методологијата за мерење на проток на вода, при што беа извршени контролни мерења на протокот на вода од малите хидроцентрали.
Опремата за мерење на проток како донација ќе остане во сопственост на парковите, при што во иднина ренџерите ќе можат да вршат редовни мерења на протокот на реките и мониторинг на работата на малите хидроцентрали.
Работилница за управување со еколошки проток на реките
Еко-свест одржа работилницата за процедурите за утврдување и управување со еколошкиот проток на реките, на која присуствуваа претставници на националните паркови, Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина и други релевантни институции. На работилницата, присутните имаа можност да се запознаат со актуелните европски и балкански практики за имплементирање на Рамковната директива за води, како и детално да се запознаат со критериуми за делинеација реките на водни тела и параметрите за постигнување на добра еколошка состојба на водните тела.
Во рамки на работилницата беа одржани и две практични вежби; првата, за квантификација на притисоците и нивното влијание врз статусот на водните тела, според препораките на Рамковната директива за води, а втората, за поврзување на хидроморфолошките влијанија со статусот на водното тело, преку квантифицирање на хидролошкиот ефект врз водните тела како резултат на економско искористување на водите.
Со граѓанска наука до подобар мониторинг на реките
Преку користење на апликацијата CrowdWater, сите граѓани ќе имаат можност за активна улога во зачувувањето на реките и екосистемите во националните паркови Маврово и Шар Планина.
CrowdWater е едноставна апликација која ви овозможува да ги евидентирате промените во нивото на вода во реките, брзината на протокот, квалитетот на водата и условите на околниот екосистем – сето тоа со вашиот паметен телефон! Со едноставно фотографирање и внесување на основни информации, ќе учествувате во креирањето на база на податоци преку која активно ќе се следат состојбите и навремено ќе се делува. Учеството е лесно и не бара претходно искуство – само желба да се направи разлика. Секое набљудување што го фотографирате дава непроценливи податоци, помагајќи да се заштитат нашите реки за генерациите што доаѓаат. Без разлика дали пешачите покрај брегот на реката, ловите риба, истражувате поток или едноставно ги набљудувате промените на годишните времиња, можете да придонесете за заштита на реките. Заедно, да го обезбедиме здравјето на нашите реки и богатството на нашите екосистеми.
Преземете ја CrowdWater апликацијата, придружете се на движењето и направете трајно влијание денес! Апликацијата е достапна на Македонски и Албански јазик, што ја прави едноставна и лесна за користење.
Овие активности се спроведуваат во рамки на проектот „ Заштита на реките преку воспоставување на мониторинг и практики за обновување на речните живеалишта во заштитени подрачја “, кој е финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT а се спроведува од страна на Еко-свест во соработка со НП Маврово и НП Шар Планина.
Потребно е да се усвојат сите закони и навремено да се транспонираат ЕУ регулативите, што е особено значајно за Поглавјето 27 со цел подобрување на состојбите во животната средина и климата. Неопходно е да продолжиме да работиме на капацитетите на граѓанските организации со цел нивно соодветно учество во процесите на подготовка, коментирање но и понатамошна комуникација на законите и подзаконските акти од Поглавјето 27. Напредокот во усогласувањето на националното законодавство со европското сеуште се одвива бавно а во последната година скоро и да нема напредок во усвојување на нови законски прописи кои произлегуваат од поглавјето за животна средина и климатски промени.
Ова беа главните забелешки од граѓанските организации членки на националната коалиција за клима кои во рамки на Платформа 27 ги презентираа како дел од напредокот во реализација на Поглавје 27 кој се одржа вчера во Europe House во Скопје. Настанот се одржува како дел од проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ поддржан од Владата на Шведска.
Заменичката амбасадор на Шведска, НЕ г-а Елисабет Далберг Фриск ја поздрави оваа корисна и конструктивна оцена и критика во полето на животната средина и климата и порача дека истата може на носителите на одлуки да им помогне да ги фокусираат и насочат своите напори, а воедно и да ги информира партнерите како ЕУ, Шведска и меѓународните финансиски институции за тоа каде има потреба од дополнителна поддршка. На крај, извештајот може да служи како алатка за самоорганизирање и изнаоѓање на информирани решенија од страна на самиот невладин сектор.
Извештајот во сенка за поглавјето 27 се подготвува трета година по ред, а препораките во многу од под- поглавјата институциите го гледаат како корисно согледување на она што треба да се подобри. Во најновиот извештај беше истакнато дека оценките за влијание врз животната средина мора целосно да се усогласат со директивите на ЕУ и да има навремено и видливо објавување на сите информации поврзани со овие документи. Мора да се обезбеди ефикасно и ефективно учество на јавноста во донесувањето на одлуки од значење за животната средина и климатските промени.
„Граѓанските организации се очите и ушите на терен, тие се оние кои забележуваат несоодветна имплементација, кога и дали нешто функционира во пракса или не, а институциите можат да добијат многу корисни информации од граѓанскиот сектор за тоа дали и колку законите се имплементиираат и кои се проблемите со кои се соочуваат граѓаните. Кога се слуша овој глас, штетите можат да се избегнат или корегираат на време и да се поправи состојбата пред да предизвика поголема штета. Главната причина зошто го работиме ова е да го заштитиме интересот на граѓаните, да го заштитиме чистиот воздух, вода и почва.“ – Ана Чоловиќ Лешоска, Еко-свест
Во законот за климатска акција како сектор кој навлегува во многу сектори кои се и надвор од животната средина и климата, мора да постојат одредби за оценка на спроведување на законот и подзаконските акти и тоа да се прави на одреден временски период за да се обезбеди соодветна имплементација но и усогласување на климатските политики со акциските планови и програми во релевантните сектори.
„Целта на изработката на овој извештај во сенка за Поглавјето 27 беше граѓанските организации да бидат силен партнер на институциите во подобрување на состојбата во ова поглавје. Работевме многу на подобрување на нашите капацитети и проширување на мрежата, а во иднина планираме и соработка со локалните организации од кои треба да црпиме информации за локално ниво се со последниот извештај во сенка ќе биде многу подетален и поопширен. – Бојана Станојевска Пецуровска, Центар за климатски промени
Имплементацијата на законите кои веќе се донесени може да се олесни со искористување на постоечките капацитети и ресурси со кои располага граѓанскиот сектор, а институциите да извлечат бројни придобивки од соработката, беше заклучено на денешниот настан, одржан во Скопје.
Најнови коментари