Како дел од нашите активности од проектот „Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански Извори “ финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, го поддржавме овој уникатен производ со маркетинг и дизајн, со цел да го претставиме неговиот автентичен квалитет и да го промовираме како локален производ од природата кој ги спојува традицијата и природата.
Слаткото од костен е природно задоволство што го комбинира богатиот, земјен вкус на костени со сладоста на внимателно изработен сируп. Овој производ е повеќе од само вкусно уживање – тој претставува поддршка за зачувување на животната средина и зајакнување на локалната заедницата. Костените се собираат и обработуваат со грижа и љубов, и со посебно внимание. Castanea WS се потпира на традицијата и прави производи кои целосно ја одразуваат истата, без компромиси. Производите не содржат никакви козерванси, адитиви, засилувачи на вкус, бои и се апсолутно природни и вкусни, со локално потекло. Секој производствен циклус се занимава со мали количини и се фокусира на селекција, висок квалитет и рачна изработка, што резултира со уникатни специјалитети.
Целта на оваа активност е промовирање на Споменикот на Природата Вевчански Извори, брендинг и промовирање на производи кои потекнуваат од шумските плодови на планината Јабланица, со цел создавање препознатливост и одржливост на производите.
Производот може да се набави во Вест Сајт Мезе Бар во Вевчани.
Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ во рамки на проектот „ПРОСУМЕРИ МК’’ има потреба да ангажира соработник за развој на Платформа за застапување која ќе се фокусира на унапредување на законодавството во областа на енергетските заедници и потрошувачи-производители (соларни просумери – домаќинства) во Македонија.
Цел на активноста
Идентификување на празнини и пречки во сегашното законодавство, со цел предлагање на неопходни измени и дополнувања кои ќе овозможат зголемена имплементација на енергетските заедници и соларните просумери во Македонија.
Активностите кои ќе бидат предмет на договорот треба да бидат заедничка рерализација од страна на Еко-свест и ангажираната страна.
Еко-свест нема да разгледува понуди и предлози во кои активностите не се фокусирани на развој на Платформата за застапување во процесот на унапредување на законодавството во областа на енергетските заедници и соларните просумери. Понудите треба да бидат насочени кон идентификување на празнините и пречките во актуелното законодавство и предлагање решенија за негово подобрување, со цел да се обезбеди поддршка за развојот на овие концепти.
Работни задачи и одговорности на понудувачот
Активностите ќе бидат реализирани како копродукција помеѓу Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ и ангажираната страна. Клучните области на фокус ќе бидат следниве:
Анализа на постојното законодавство:
Преглед на актуелните закони и регулативи во областа на енергетиката, со посебен фокус на енергетските заедници и соларните просумери.
Идентификување на празнини, нејаснотии и пречки кои го ограничуваат развојот на овие концепти.
Развој на предлози за законски измени и дополнувања:
Подготовка на конкретни предлози за измени и дополнувања на законите кои ќе го олеснат и стимулираат формирањето и функционирањето на енергетските заедници и соларните просумери.
Консултации со стручни лица, институции и други засегнати страни за добивање повратни информации и усогласување на предлозите.
Обврски согласно Националниот план за апроксимација со ЕУ законодавството и во рамки на Енергетската Заедница:
Aнализa на обврските на Македонија согласно Националниот план за апроксимација со ЕУ законодавството и во рамки на Енергетската Заедница.
Идентификација на степенот на усогласеност на постојното законодавство со овие обврски.
Препораки за потребни измени и дополнувања во законодавството за целосна усогласеност со ЕУ законодавството и обврските во рамки на Енергетската Заедница.
Изработка на финален документ:
Подготовка на финален документ кој ќе ги вклучува анализите, предлози, заклучоци и препораки.
Детален преглед со опис на работната задача се наоѓа во Анекс 1 од Повикот.
Временска рамка за доставување на понуда
Краен рок за пријавување е вторник, 31 март 2025 година, до 16:00 часот на електронската адреса: [email protected], со назнака: Пријава за ангажирање соработник за развој на Платформа за застапување. Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот. Пријавите кои ќе пристигнат по наведениот рок или без целосна документација, нема да бидат разгледувани.
Еко-свест ќе го контактира избраниот понудувач, не подоцна од 7 дена од истекот на периодот за доставување на понуда.
Критериуми за избор на најсоодветна понуда
По истекот на рокот за пријавување, ќе се формира Комисија од 3 члена, која ќе изврши бодување на пристигнатите понуди.
Бодувањето на пристигнатите понуди ќе се изврши на следниот начин:
– Техничка понуда (70 поени)
– Финансиска понуда (30 поени)
Потребна документација за пријавување
За индивидуални лица:
Технички дел:
Предлог активности за изработка на Платформа за застапување која ќе се фокусира на унапредување на законодавството во областа на енергетските заедници и соларните просумери во Македонија.
Портфолио (биографија)
Доказ за претходно исто/слично искуство, заедно со референци од истото.
Финансиски дел:
Финансиска понуда.
Потпишана декларација (види Анекс 2).
Забелешка: Заинтересираните треба да достават понуди во македонски денари, со посебно назначен персонален данок и вкупен износ на понудата. Предложениот буџет треба да биде разложен по клучни ставки од реализацијата. Нема наложен формат за поднесување на буџет и истиот треба да биде предложен од заинтересираните кандидати.
Во предложениот буџет треба да бидат вклучени сите трошоци потребни за целосна реализација, промоција и изведба на активностите, со сите потребни трошоци за сите учесници, без дополнителни трошоци за Еко-свест.
За организации/правни лица*:
Технички дел:
Предлог активности за изработка на Платформа за застапување која ќе се фокусира на унапредување на законодавството во областа на енергетските заедници и соларните просумери во Македонија.
Податоци за ангажираниот соработник кој ќе работи на изработка на Платформата за застапување.
Доказ за претходно исто/слично искуство, заедно со референци од истото.
Податоци за контакт на лицето одговорно за пријавата и комуникацијата со Еко-свест.
Финансиски дел:
Финансиска понуда.
Тековна состојба на правниот субјект кој е носител на понудата, не постара од 6 (шест) месеци.
Пополнета изјава (Анекс 3)
Доставените материјали остануваат во архивата на Еко-свест.
Од избраниот понудувач, освен горенаведените податоци, ќе се побара да достави дополнителна документација која вклучува тековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; завршна сметка за 2024 (за правни лица); pотврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица; уверение за платени даноци и придонеси; изјави за доверливост и непостоење на конфликт на интереси од страна на избраниот кандидат (физичко лице) или изјава дека ги исплонува критериуме за учество (правно лице); биографии (CV) на консултантите; листа на референци/портфолио.
Временска рамка за спроведување на активноста
Периодот на имплементација е помеѓу 01 април и 30 април 2025 година.
Буџет
Максималниот буџет достапен за извршување на горенаведените задачи изнесува 2.500,00 ЕУР (во денарска противвредност според курсот од конверзијата на средствата од примената транша од донаторот) со вклучен персонален данок или ДДВ.
Заинтересираните треба да достават понуди во македонски денари, со посебно назначен ДДВ и вкупен износ на понудата. Предложениот буџет треба да биде разложен по клучни ставки од реализацијата. Нема наложен формат за поднесување на буџет и истиот треба да биде предложен од заинтересираните кандидати.
Во предложениот буџет треба да бидат вклучени сите трошоци потребни за целосна реализација, промоција и изведба на активностите, со сите потребни трошоци за сите учесници, без дополнителни трошоци за Еко-свест.
Повеќе информации за повикот имате на следниот линк:
Еко-свет како дел од проектот „Поддршка на одржливо управување со Споменикот на Природа Вевчански Извори” финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust, во текот на 2024 година спроведе истражување на здравствената состојба на питомиот костен во Споменикот на Природа Вевчански Извори, на планината Јабланица.
Истражувањето кое опфати теренски и лабараториски активности, беше спроведено од страна на проф. д-р Кирил Сотировски и доц. д-р Михајло Ристески од Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем” во Скопје.
Клучна цел на активноста беше за цел да се процени здравствената состојба на питомиот костен во Споменикот на природа Вевчански извори, со посебен осврт на последиците предизвикани од болеста „рак по костенот“, односно од габичката Cryphonectria parasitica, и во зависност од состојбата да се предложат соодветни мерки за подобрување на состојбата. Подетално, во рамките на истражувањето се спроведени следните активности:
Идентификација, оценка и детален опис на моменталната здравствена состојба на питом костеновите сте
Собрани се примероци кора од активни и пасивни рак-рани заради изолација на габата и за лабораториски истражувања;
Одреден в-к тип на добиените изолати in vitro;
Одредено присуство на хиповирулентност, и степен/процент на присуство на хиповирулентни изолати;
Изготвена интерактивна карта (мапа) со локација на одделни стебла, и претставување на важни податоци за секое стебло (опис, димензии, мерки и други забелешки), заради идни апликативни и научно-истражувачки активности;
Изработен Извештај за активноста и насоки за подобрување на здравствената состојба на костените.
Повикот е дел од проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ предводен од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест, а финансиран од Шведска.
Поради зголемен интерес повикот е продолжен до 24.11.2024 година до 12:00 часот!
Проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ предводен од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест, а финансиран од Шведска, објавува ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ГРАНТОВИ.
Цел на повикот:
Програмата за доделување на грантови е една од главните елементи на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ чија општа цел е силно и живо граѓанско општество што ќе има значајна улога во процесот на декарбонизација, трансформација и обнова на општеството, што би резултирало со чиста животна средина, зелени економии и здрави граѓани во Македонија.
Со овој повик ќе им се обезбеди на граѓански организации да преземат директни акции во ублажување на последиците од климатските промени на локално или национално ниво и да поттикне синергија и партнерство со локалната власт и бизнис заедницата.
Право на учество:
На повикот може да се пријават граѓански организации регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (Сл. Весник 52/10), кои се регистрирани најмалку 2 (две) години пред објавувањето на повикот. Граѓанските организации особено се стимулираат да изградат локални партнерства за спроведување на грантовите.
ГО кои веќе биле корисници на грант во склоп на оваа програма не можат да добијат втор грант.
Времетраење на грантовите:
Грантовите за Локални климатски акции треба да се спроведат во временски период не подолг од 5 месеци и да завршат најдоцна до 30 април 2025 година.
Вредност на грантот:
Ќе бидат доделени до 2 грантови. Вредноста на одбрен грант не смее да надмине 900.000,00 денари.
Начин на поднесување на пријави:
Пријавите се поднесуваат исклучиво по електронски пат (online) преку електронската платформа за грантови и повици достапна на веб страницата на Еко-свест https://ekosvest.com.mk
Заинтересираните организации потребно е доколку немаат, да креираат кориснички налози (профили) на електронската платформа. За полесно користење на електронската платформа достапно е упатство за користење на самата платформа на веб-страницата на Еко-свест.
Рок за доставување на пријавите:
Рокот за поднесување на пријавите преку електронската платформа е до 19.11.2024 година до 12:00 часот.
Пријавите кои нема да бидат комплетирани во овој термин нема да бидат земени предвид.
Дополнителни информации за специфичните услови кои се однесуваат на овој повик:
1.4 Програмата преку овој повик ќе обезбеди до два грантови за локална климатска акција за проекти со локално влијание до 5 месеци (но со краен рок на завршување не подоцна од 30 април 2025 година. Краен рок за доставување на финален и ревизорски извештај не подоцна од 9.05.2025 година.
1.5 За грантовите за локална климатска акција, организациите се охрабруваат да користат креативен пристап со практичен дел и да ги вклучат следниве приоритетни теми поврзани со климатските промени:
Зелена инфраструктура во урбани средини и нејзината поврзаност со климатски промени и биодиверзитетот;
Локално земјоделство и негова поврзаност со климатски промени и биодиверзитет;
Отпорност на климатски промени;
Природа и урбан биодиверзитет;
За прецизно дефинирање на активности поврзани со горе наведените теми и континуитет со сите досегашни активности се препорачува користење на податоците од следните стратешки и планирачки документи:
Создавање партнерства за соработка со државни и други институции и општини кои ќе го забрзаат решавањето на локалните предизвици поврзани со климатските промени (со вклучување, но не и ограничување, на практични активности, како што се промовирање и охрабрување конкретни акции на локално ниво поврзани со климатските промени.)
Создавање партнерства помеѓу ГО, државните институции, општини, бизнисите, и други засегнати страни/чинители за преземање специфични активности во насока на ублажување и прилагодување на климатските промени.
Инсталација на зелена инфраструктура осмислена да прикаже отпорност на климатските промени (зелени ѕидови, пошумување на речните корита, урбани паркови со функционални зелени површини, садење отпорни видови во градовите).
Активности насочени кон иновативни идеи за производство на храна во урбани средини
Едукативни активности за урбан биодиверзитет и климатска отпорност
Истражувачки активности за поддршка на урбаниот биодиверзитет и климатска отпорност на градовите
Листата е ориентациона и не е целосен список на активностите што треба да ги содржи предлог-проектот.
1.9 Грантови за локални климатски акции
До 30% од вкупниот буџет може да биде наменет за човечки ресурси
(персонал, експерти, хонорари).
60% од буџетот треба да се употребат за набавка на материјали (садници, системи за наводнување, итн).
До 10% од буџетот може да се користи за логистика и трошоци. Во овој дел е вклучена и задолжителната ревизија на проектот.
Доколку во проектот се предвидува партнерска соработка со друга граѓанска организација, институција или правен субјект истата треба да биде обезбедена како дел од предлог документацијата.
Доколку во проектот се предвидени активности за кои е потребна некаква дозвола од институција или правен субјект истата треба да биде обезбедена како дел од документацијата на предлог проектот.
Во склоп на овој повик не се бара да се обезбеди контрибуција за проектите. Доколку поради природата на проектот или желба на самата ГО да го зголеми ефектот од истиот сака да прикаже контрибуција, истото може да го направи.
Буџетот мора да е издржан добро испланиран со реални трошоци и целосно разложен, а во времетраењето на проектот се дозволува само една пренамена на средства.
3.5 Грантистите за проекти треба да достават два (2) периодични (наративен и финансиски) и еден (1) финален (наративен и финансиски) извештај. Дополнителни извештаи можат да бидат побарани по потреба од страна на донаторот.
3.6 Во рамки на Програмата за грантови ќе се организира една (1) онлајн информативна сесија на која ќе може да се добијат дополнителни информации и да се поставуваат прашања. Точниот датум, време и линк за пристап ќе бидат објавени на веб страницата на Еко-свест и на дигиталните канали на организацијата.
Прашања и информации:
Сите останати општи информации поврзани со овој повик кои се надвор од погоре споменатите специфични услови, може да се добијат преку Водичот заПрограмата за грантови.
Сите прашања и информации може да се упатат преку веб страната на Еко-свест т.е. коментари на Објавата на самиот повик. Одговорите на сите прашања ќе бидат јавно достапни за сите како одговор на поставените коментари и прашања под самиот повик на веб страницата на Еко-свест https://ekosvest.com.mk.
Дополнителни информации и одговори на прашања ќе може да се добијат и преку онлајн информативната сесија од точка 3.6.
Најнови коментари