ОТВОРЕН ПОВИК за Превод на стрипови

ОТВОРЕН ПОВИК за Превод на стрипови

Центарот за истражување и информирање за животна средина Eко-свест од Скопје во рамки на проектот „Подигнување на свесноста за праведна транзиција и обновливи извори на енергија како решенија за напуштање на јагленот“ има потреба од ангажирање на преведувач/и за превод на стриповите од едицијата Тим Еко.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Цел на активноста е превод на стриповите од серијата Тим Еко од македонски јазик на албански, англиски, бошњачки, српски и црногорски јазик.

ЗАДАЧИ

Преведувачот или преведувачкото биро треба да даде финален производ – превод на текстот на двата стрипови од серијата Тим Еко на 5 (пет) јазици и тоа:

  • Албански јазик;
  • Англиски јазик;
  • Бошњачки јазик;
  • Српски јазик;
  • Црногорски јазик.

Стриповите кои треба да се преведат се наоѓаат на долунаведените врски:

Тим Еко Епизода 1: Tim_EKO_strip_web.pdf (ekosvest.com.mk)

Тим Еко Епизода 2: https://ekosvest.com.mk/wp-content/uploads/2021/12/Tim_EKO_strip2.pdf

ВРЕМЕНСКА РАМКА

Периодот за реализација на оваа активност изнесува 1 месец од потпишување на договорот, а не подоцна од 31.01.2022 година.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, апликантите треба да достават:

  1. Понуда со финансиска понуда
  2. Референтна листа на релевантни преводи (искуство со преводи на стрипови и поезија ќе се смета за предност, да се испрати и кус извадок од превод)
  3. Биографија (CV)

На повикот можат да аплицираат индивидуални преведувачи или преведувачки бироа.

Во зависност од капацитетите и искуството, апликантите можат да се пријават за изработка на превод само на еден, на неколку или на сите наведени јазици, но во апликацијата треба јасно да биде наведено за кои од бараните јазици се аплицира, а во финансиската понуда да биде специфицирана цената по јазик со вклучен ДДВ (доколку аплицира фирма) или со вклучен персонален данок (доколку аплицира физичко лице).

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

Еко-свест го задржува правото да ги задржи документите на апликантите во базата на потенцијални соработници за користење во иднина.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

  1. Докажано искуство во писмено преведување (се докажува со биографија и референтна листа)
  2. Познавање на стрип културата и/или претходно искуство во превод на стрипови ќе се смета за предност (се докажува со извадок од направен превод, доколку постои и со соодветна референца во наративниот дел на понудата)

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Еко-свест ќе ги извести само оние кандидати чии понуди ќе бидат селектирани. Доколку проектниот тим смета дека е потребно, Еко-свест пред избирањето на успешните кандидати може да ги повика истите на разговор.

Договор ќе биде склучен со кандидатите кои ќе бидат проценети од проектниот тим како најсоодветни за превод на ваков тип на материја.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Комплетната понуда апликантите треба да ја испратат по електронска пошта на [email protected] најдоцна до 27 декември 2021 година во 16:00 часот со назнака „Апликација за превод на стрип“.

Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.

Дополнителни информации или појаснувања можете да добиете на [email protected] најдоцна до 24.12.2021 година во 16 часот. Пораките за барање информации треба да ја содржат назнаката „барање информации за повик за превод на стрипови“.

ПРЕС СООПШТЕНИЕ   Бернската Конвенција со нова препорака за Северна Македонија – откажување на сите одобрени и планирани хидроцентрали во заштитените подрачја

ПРЕС СООПШТЕНИЕ   Бернската Конвенција со нова препорака за Северна Македонија – откажување на сите одобрени и планирани хидроцентрали во заштитените подрачја

Скопје, 03 декември 2021 година  – Комитетот на Бернската Конвенција, на овогодишното собрание, усвои нови препораки кои се однесуваат за Националниот парк Маврово, мрежата на Емералд подрачја, Охридското Езеро и Националниот парк Галичица, а се препорачува откажување на сите одобрени и планирани хидроцентрали во заштитените подрачја во Република Северна Македонија.

Изградбата на хидроцентрали во Маврово е предмет на вниманието на Бернската Конвенција за заштита на дивиот свет и живеалишта од европско значење од 2013 година кога Еко-свест поднесе жалба, стравувајќи дека изградбата на овие хидро-проекти ќе го уништи паркот.

Случајот за Маврово секоја година е на дневниот ред на Комитетот на конвенцијата почнувајќи од 2014 година кога се усвои и првата препорака за нашата земја-стопирање на сите хидро проекти сѐ додека не се изготви Стратегиска оцена на влијанието на истите со проценка на кумулативното влијание. Од тогаш нашата Влада одлучи да ги суспендира контроверзните проекти Бошков мост и Луково поле, но продолжи со одобрување на концесии за изградба на мали хидроелектрани. Воедно, Националниот парк Маврово спротивно на домашните закони, сѐ уште не е прогласен за национален парк и нема законска рамка во која треба да се управува.

Поради недостиг од суштински прогрес, минатата година Комитетот одлучи да испрати експертска мисија и ги испита состојбите не само со Маврово, туку и со Охрид и Галичица, како и со целата мрежа на заштитени подрачја кои се под закрила на оваа Конвенција.

„Како резултат на експертската мисија и извештај, беа дефинирани серија на препораки кои се однесуваат на многу различни аспекти од областа на заштитата на природата, па така, освен препораката за откажување на сите одобрени и планирани хидроелектрани во државата, препораки има за правилната примена на европската рамковна директива за води, државно финансирање на заштитените подрачја, усвојување на план за заштита на Балканскиот рис, забрзување на постапката за ре-прогласување на Маврово и зајакнување на стандардите во оценката на влијанијата на инфраструктурните проекти врз животната средина. Сите овие препораки се клучни и соодветни, всушност, за овие проблеми многупати сме реагирале и до институциите и во јавноста. Сега, откако се врамени во препорака од Бернската Конвенција сметаме дека Владата ќе мора да ги прифати како приоритети и да го насочи вниманието кон нив“, изјави Ана Чоловиќ Лешоска од Еко-свест, подносител на жалбата за Маврово.      

Новата препораката се однесува на оние проекти, кои добиле концесии но сѐ уште не се изградиле, што значи дека се очекува Владата да ги раскине договорите во тие случаи.                                               

Инаку, препораките од Бернската Конвенција се од политичко значење за државите-потписнички и даваат насоки за делување. Неопходно е државите да одговорат на препораките со промени во своите политики, закони и пракси со цел да ги исполнат истите. Во случајот со Маврово, но и со неконтролирана изградба на мали хидроцентрали на речните текови, оваа препорака дава јасен сигнал дека досегашната пракса на доделување концесии за мали хидроцентрали во заштитени подрачја мора да се напушти.

За дополнителни информации и контакти:                                                                      

Ана Чоловиќ Лешоска, тел: 072-726-104

Отворена програма за поддршка на граѓанските здруженија во рамките на проектот „Заштитени подрачја за природата и луѓето“

Отворена програма за поддршка на граѓанските здруженија во рамките на проектот „Заштитени подрачја за природата и луѓето“

Повикот за аплицирање на проекти е отворен до 21. декември 2021 година до 16.00 часот

Програмата за мали грантови е наменета за локални здруженија и организации коишто придонесуваат за заштита на природата и вклучување на локалните заедници во процесите на донесување одлуки, а се насочени кон подобрување на соработката помеѓу локалните заедници и заштитените подрачја.
 

Кој сé може да аплицира?

За учество во програмата може да аплицираат граѓански здруженија (на пр. еколошки здруженија, младински здруженија, здруженија на жени, планинарски друштва, локални медиуми) кои имаат статус на правно лице, а се подготвени сами да го реализираат проектот и да работат на територијата на Република Северна Македонија.

Какви активности се поддржани?

Предложените проекти може да ги вклучуваат следните активности:

Донесување на одлуки

1. Поддршка за воспоставување на заеднички тела/платформи за донесување на одлуки во заштитените подрачја (на пр. социо-економски форуми, совети на чинители итн.),

2. Да и се олесни на локалната заедница да го разбере процесот на донесување на одлуки, како и правата и обврските на граѓаните во просецот на донесување на одлуки,

3. Поддршка на активности со кои ќе се овозможи процесот на донесување на одлуки којшто ги засега и локалните заедници, а којшто треба да биде транспарентен, партиципативен и да вклучува значителен број на чинители,

4. Подобрување на постоечките и застапување за изработка на нови регулативи/начела/практики коишто се однесуваат на вклученоста на локалната заедница во управување со заштитените подрачја,

Планирање на управувањето

5. Дизајнирање и тестирање на иновативни канали за советување и вклучување на граѓаните во процесот на донесување на одлуки,

6. Изработка на „едноставно“ упатство низ плановите за управување со информации коишто се однесуваат на можноста граѓаните да се вклучат во процесот на одлучување,

Комуникација помеѓу заштитените подрачја и локалната заедница

7. Воспоставување на одржливи канали помеѓу локалната заедница и заштитените подрачја,

8. Воспоставување на мобилна единица за доближување на информациите до локалните заедници коишто се наоѓаат во оддалечените и непристапни подрачја, како и до повозрасните категории на луѓе и лица со попреченост,

9. Развој на нови технологии и дигитализација која ги подобрува и олеснува комуникацијата и информациите,

10. Создавање на механизми за решавање и спречување на недоразбирања (решавање на конфликти) помеѓу заштитените подрачја и членовите и/или групите на локалната заедница,

Образование

11. Поддршка за изработка на програми за волонтирање и стажирање во и околу заштитените подрачја,

12. Кампови за волонтирање/активности со цел да се олесни вклучувањето на заедницата и да се покрене свеста кај луѓето (особено оние активности кои вклучуваат ранливи групи во подрачјето),

Економски развој

13. Изработка на програми со чија помош ќе се вклучат членовите на заедницата како толкувачи на природното и културното наследство,

14. Мапирање и поддршка за брендирање на домашни производи во и околу заштитените подрачја,

Еднакви можности

15. Обезбедување на едукација и обука за вработените во заштитените подрачја и членовите на локалната заедница во врска со транспарентноста, недискриминацијата и еднаквите можности,

16. Соработка со организации и институции коишто работат со ранливи социјални групи.

Списокот на овие активности не е конечен, други активности кои придонесуваат за целите на проектот PA4NP II и кои се базираат на принципите за заштита на природата се исто така прифатливи.

Буџет на програмата

Расположливиот фонд за финансиска поддршка на проекти во Северна Македонија изнесува вкупно 6.000 евра, со којшто ќе се поддржат 2 организации во износ од 3.000 евра по организација.
 

Како да учествувате во програмата?
 
1.      Запознајте се подетално со програмата и пријавете се!
 
Дополнителни информации можетe да најдeте во проектната документација, која може да се преземе овде ⬇️
      

Документација за проектни апликации од Северна Македонија


Пополнетата проектна документација испратете ја на е-пошта:

[email protected]

 
2.  Решете ги сите ваши сомнежи во врска со повикот

 
Сите прашања поврзани со повиците може да ги поставите преку е-пошта на:

[email protected]

 
Апликациите се поднесуваат на локалниот јазик.


Приемот на вашата проектна документација ќе биде потврден од WWF Adria / Dinarica преку е-пошта. По селекција на проектите, СИТЕ апликанти ќе бидат за резултатите.
 
Временски рокови

Повикот за аплицирање на проекти е отворен од 30. ноември до 21. декември 2021 година, до 16.00 часот.

Времетраењето на проектите може да биде до 6 месеци, а истите мора да завршуваат до 15. август 2022 година.
 
ГИ ОЧЕКУВАМЕ ВАШИТЕ АПЛИКАЦИИ!
 

Проектот „Заштитени подрачја за природата и луѓето“ го спроведуваат WWF Adria, Dinarica, Ekopana и Екосвест со финансиска поддршка од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Сида).
 

*WWF ги задржува сите права да го откаже или одложи овој повик во секое време до 21. декември 2021 година

Отворен повик за агажирање на компанија за спроведување кампања

Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје има потреба
од ангажирање на компанија коja би изработила и спровела :

Медиумска кампања за потребите од воспоставување на Фонд за животна средина

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на активноста е информирање и едукација на граѓаните во земјата за потребите од формирање
на Национален фонд за животна средина како и поставување на јавен притисок врз централната
власт и надлежните за потребите од ваков Фонд. Кампањата треба да биде насочена кон општата
јавност, но со посебно насочени пораки кон различни целни групи, како што се надлежни и
релеватни чинители и институции. Особено внимание треба да е посветено и на ангажирање на
младата популација како двигател на промените во општеството. Еко-свест во текот на кампањата
ќе произлезе со своја стручна анализа за која ќе биде потребна посебна медиумска покриеност и
во голема мера содржината од анализата ќе треба да биде искористена во оваа кампања. Во
кампањата треба да бидат вклучени социјалните мрежи (Инстаграм, Фејсбук, Твитер) но и
конвенционалните медиуми.

ЗАДАЧИ НА КОМПАНИЈАТА

Да изработи маркетинг план (за дигитални и традиционални медиуми) и визуелен идентитет на
кампањата во согласност со насоките од нарачателот и да направи концепт на активности. Во
договор со Нарачателот.

Да го презентира маркетинг планот и визуелен идентитет на кампањата пред нарачателот и да го
модифицира во согласност со дадените насоки од нарачателот.

Да спроведе медиумска кампања согласно темата и договорот во времетраење од 5 месеци.

Да соработува и да ги следи насоките за изработка и спроведување на кампањата од лицето
назначено за комуникација од Еко-свест.

Да изработи детален извештај за постигнатите резултати и да го достави на нарачателот.

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Компанијата ќе има период на реализација на активноста од 5 месеци од денот на склучениот
договор.
Вредноста на договорот не може да надмине 237.400,00 денари. Проектот е ослободен од ДДВ.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
При аплицирањето, заинтересираните компании треба да достават:

Краток опис на компанијата

Портфолио со сработени медиумски кампањи

Биографија на членови на тимот со искуство во изработка и спроведување на кампањи, односи
со јавност, маркетинг и работа на социјални медиуми, кои би биле ангжирани на активноста

Тековна состојба не постара од 6 месеци

Финансиска понуда

Предлог маркетинг нацрт план.
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

  • Предлог нацрт план – иновативност на пристапот- 50 бодови
  • Портфолио и искуство на предложените членови на тим- 30 бодови
  • Финансиска понуда – 20 бодови
    Вкупно 100 бодови.
    Договор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број бодови.
    Компанијата која аплицира мора да биде а ктивна компанија која е формирана согласно Законите
    во Република С. Македонија, и постои најмалку 3 години.
  • ПРИЈАВУВАЊЕ
    Комплетната понуда апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до
    25.11. 2021 г., со назнака Апликација за кампања.
    Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
    Повеќе информации можете да добиете на тел. 02 3217 247 или на 078380298
Отворена програма за поддршка на граѓанските здруженија во рамките на проектот „Заштитени подрачја за природата и луѓето“

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА И МОДЕРИРАЊЕ НА НАСТАНИ

Во рамки на проектот ,,Заштитени подрачја за луѓето и природата II”, спроведуван од Еко-свест во партнерство со WWF Adria, објавуваме повик за правни и физички лица за техничка поддршка и модерирање на настани.

АКТИВНОСТИ

  1. Активност 1 – Соработка со институции- онлајн настан на тема финансирање на заштитени подрачја;
  2. Активност 2 – Структурен дијалог со релевантни чинители, институции и НВО за изработка на заеднички ставови- онлајн настан за иднината на заштитените подрачја и начинот на нивното управување.

ЗАДАЧИ

Избраното физичко или правно лице треба:

• Да соработува и да ги следи насоките за спроведување на онлајн настаните од лицето назначено за комуникација од Еко-свест;

• Да ги спроведе сите подготвителни активности пред организирање на онлајн настаните што се однесуваат на организирање на настаните, да ги исконтактира релевантните институции, организации, компании и други засегнати страни кои имаат активности на темите со цел нивно учество во онлајн настаните;

• Да ги организира и модерира онлајн настаните преку Zoom платформата (линкот ќе биде обезбеден од страна на Еко-свест), како и да обезбеди логистичка и техничка поддршка за време на настаните;

• Да изготви краток извештај) од онлајн настаните кои ќе вклучуваат податоци за бројот на учесници, слики од настанот (screenshot) и дневниот ред на настанот.

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ

Периодот за реализација на овие активности е 30.09.2021 година.

Вредноста на договорот не може да надмине 30 180,00 денари (490 евра во денарска противвредност) со вклучен ДДВ износ за правните лица, односно персонален данок за физичките лица.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, заинтересираните правни лица треба да достават:

  1. Краток опис на компанијата;
  2. Тековна состојба, не постара од 6 месеци.

Заинтересираните физички лица треба да достават:

  1. Лична биографија (CV).

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

Правните лица кои аплицираат мора да ги исполнуваат следниве критериуми:

1. Активна компанија, здружение или фондација формирано/а согласно Законите во Северна Македонија, и постои најмалку 3 години;

2. Најмалку 5 (претходно) организирани/ модерирани онлајн настани преку Zoom платформата.

Физичките лица кои аплицираат мора да ги исполнуваат следниве критериуми:

  1. Најмалку 5 (претходно) организирани/ модерирани онлајн настани преку Zoom платформата.

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Евалуационата комисија го задржува правото да го извести само оној понудувач чија понуда ќе биде избрана. Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

– Претходно искуство во спроведување на слични активности 80 бодови

– Профил/ биографија 20 бодови

Вкупно 100 бодови.

Договор ќе биде склучен со она правно или физичко лице кое освоило најголем број бодови.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 8 септември 2021 г. 00:00 часот, со назнака Апликација за техничка поддршка и модерирање на настани.

Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.